Артавазд Иконољубец
Артавазд | |||||
---|---|---|---|---|---|
Цар на Византија | |||||
Печатот на Артавазд како куропалат | |||||
На престол | јуни 741 – ноември 743 | ||||
Претходник | Константин V | ||||
Наследник | Константин V | ||||
Роден(а) | непозната | ||||
Починал(а) | 743 | ||||
Придружник | Ана | ||||
Деца | Никидор, Никета | ||||
| |||||
Династија | Сириска династија |
Сириска династија | |||
Хронологија | |||
Лав III | 717–741 | ||
со Константин V совладетел, 720–751 | |||
Константин V | 741–775 | ||
со Лав IV совладетел, 751–775 | |||
Артавзад узурпатор | 741–743 | ||
Лав IV | 775–780 | ||
со Константин VI совладетел, 776–780 | |||
Константин VI | 780–797 | ||
Ирина како регент, 780–790, и о нејсе како сорегент, 792–797 | |||
Ирина како царица | 797–802 | ||
Наследување | |||
Претходела Дваесетгодишна анархија |
Следела Арапска династија |
Артавазд — византиски војководач со ерменско потекло кој го узурпирал престолот од јуни 741 година до ноември 743 година. Неговот владеење е одбележано со узурпација на Константин V, кој се стекнал со владение на наколку теми во Мала Азија.
Издигнување на власт
[уреди | уреди извор]Во 713 година, царот Анастасиј II го назначил ерменецот Артавазд за владетел (стратег) на Ерменија, наследник на ерменската армија, која се наоѓала на територијата на Понт, Мала Ерменија, и северна Кападокија, со главен град во Амазија. По падот на Анастасиј, Артавазд направил договор со неговиот соработник Лав III, владетелот на Анадолија, соборувањето на новиот цар Теодосиј III. Овој договор бил запечатен со свршувањето на ќерката на Лав Ана за Артавазд, и бракот се случил откако Лав III седнал на престолот во март 717 година.
Артавазд ја стекнал титулата куропалат и станал водач на Опсикија, но сепак ја задржал и првичната команда. Во јуни 741 или 742 година, по стапувањето на престолот на синот на Лав Константин V, Артавазд ил решен да го зграби престолот и го нападнал својот шура додека истиот патувал низ Мала Азија да се бори со арапите на источната граница. Константин пребегнал во Аморион, Артавазд го заел Цариград сред силна поддршка и бил крунисан за цар.
Владеење и пропаст
[уреди | уреди извор]Артавазд ја укинал верската олитика на неговиот претходник за иконоборство и го воспоставил повторно православието со поддршка и од папата Захариј. Наскоро по неговото стапување на власт, Артавазд ја крунисал сопругата Ана за Августа а неговиот син Никифор за совладетел, додека пак другиот син Никита за водач на ерменската тема. Но додека Артавазд можел да се потпре на поддршката на темите Тракија и Опсикија, Константин за себеси ја обезбедил поддршката на Анадолската и Thracesian themes.
Неизбежниот судир се случил во мај 743 година, кога Артавазд водел напад против Константин но бил поразен. Подоцна истата година Константин го празил Никита, и на 2 ноември 743 година Артаваздовото владеење завршило, кога Константин V влегол во Цариград и го заробил својот непријател. Артавазд и неговите синови биле јавно ослепени и испратени во Хлорскиот манастир во предградијата на Цариград.[1] Датумот на неговата смрт останува непознат.
Семејство
[уреди | уреди извор]Апоред Ана, ќерката на царот Лав III, Артавазд имал 9 деца, меѓу кои се и:
- Никифор, кој бил совладетел од 742 до 743 година.
- Никита, кој бил стратег на Ерменија од 742 до 743 година.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Garland 2006, стр. 9
- Garland, Lynda (2006). Byzantine women: varieties of experience 800–1200 (2006. изд.). Ashgate Publishing. ISBN 0-7546-5737-X. - Total pages: 226
Дополнителна литература
[уреди | уреди извор]- Venetis, Evangelos (31 July 2003). „Artabasdos (Byzantium)“. Encyclopaedia of the Hellenic World, Asia Minor. Посетено на 2010-04-27.
Артавазд Иконољубец Роден(а): непознато Починал(а): 743
| ||
Владејачки титули | ||
---|---|---|
Претходник Константин V |
Византиски цар 741/2–743 |
Наследник Константин V |
|