Џамија Шеп Сефа хатун
| Џамија Шеп Сефа хатун турски: Şepsefa Hatun Camii | |
|---|---|
| Религија | |
| Припадност | ислам |
| Округ | Фатих |
| Еклизиастичен или организациски статус | активна |
| Година на осветување | 1787 |
| Локација | |
| Локација | Истанбул, Турција |
![]() | |
| Архитектура | |
| Тип | џамија |
| Стил | османлиски барок |
| Спецификации | |
| Капацитет | 800 верници |
| Купола(и) | 1 |
| Минаре(иња) | 1 |
| Материјали | камен црвена тула |
Џамија Шеп Сефа хатун (турски: Şepsefa Hatun Camii) — џамија која се наоѓа во Истанбул, Турција.
Местоположба
[уреди | уреди извор]Историја
[уреди | уреди извор]Оваа мала џамија била изградена во 1787 година со средства на Фатма Шеп Сефа Неврес[1], една од дванаесетте жени на османлискиот султан Абдул Хамид I (1774-1789). Во следните години, покрај џамијата било основано муслиманско основно училиште. Во џамијата се наоѓа и гробот на Шеп Сефа хатун која починала во 1805 година.
Во текот на 1950-тите години, при проширувањето на булеварот Ататурк, дворот на џамијата бил значително намален.
Џамијата е изградена од камен и црвени тули. Куполата е состаена од 16 големи прозорци од бел камен со декоративни решетки. Џамијата има едно минаре, исто така изградено од камен. Над влезот од џамијата се наоѓа калиграфски натпис кој бил изработен од Јахја Тефик Саид Ефенди во 1791 година. Џамијата има капацитет од 800 верници.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2017-03-08. Посетено на 2016-02-18.
