Бурмали џамија (Истанбул)
Изглед
Бурмали џамија турски: Burmalı Mescid Camii | |
---|---|
Основни податоци | |
Место | Истанбул, Турција |
Припадност | ислам |
Епархија | Фатих |
Осветен | 1550 |
Духовно-организациски статус | активна |
Архитектонски опис | |
Архитект(и) | Емин Нурети ефенди |
Архитектонски тип | џамија |
Особености | |
Минариња | 1 |
Материјали | камен |
Бурмали џамија (турски: Burmalı Mescid Camii) — џамија која се наоѓа во Истанбул, Турција.
Местоположба
[уреди | уреди извор]Џамијата се наоѓа во населбата Фатих во Истанбул.
Историја
[уреди | уреди извор]Џамијата била изградена во 1550 година од страна на Емин Нурети ефенди, кадиаскер на Египет. Името Бурмали (спирала) го добила според спиралното минаре, архитектонски стил кој бил преземан од Селџуците. Џамијата нема купола, туку има терм кој е изграден со четири византиски столбови. Невообичаено, влезот во џамијата не се наоѓа во центарот зад столбовите.
Џамијата долго време се користела како работилница. За верниците била повторно отворена во 1955 година, кога била и реновирена.[1][2].
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Taylor, Jane (2007). Imperial Istanbul: a traveller's guide. Tauris Parke Paperbacks. стр. 158–59. ISBN 978-1-84511-334-6.
- ↑ Freely, John (2000). The companion guide to Istanbul and around the Marmara. Companion Guides. стр. 144–45. ISBN 978-1-900639-31-6.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Бурмали џамија (Истанбул)“ на Ризницата ? |