Џамија Махмут Паша (Истанбул)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Џамија Махмут Паша
турски: Mahmutpaşa Camii
Основни податоци
МестоИстанбул, Турција
Припадностислам
Осветен15 век
Духовно-организациски статусактивна
Архитектонски опис
Архитектонски типџамија
Особености
Куполи1
Минариња1
Материјаликамен

Махмут-пашина џамија (турски: Mahmutpaşa Camii) — џамија која се наоѓа во Истанбул, Турција.

Местоположба[уреди | уреди извор]

Џамијата се наоѓа во реонот на Фатих, во населбата Махмутпаша во Истанбул[1].

Историја[уреди | уреди извор]

Џамијата била изградена во 1464 година во времето на Мехмед II од страна на големиот везир Махмуд-паша Ангеловиќ, каде се наѓа и неговиот гроб.

Опис[уреди | уреди извор]

Џамијата има правоаголен облик на олтарот, голем ходник кој во средината е поделена со две арки и со една купола. Џамијата била реновирена во текот на XIX век, каде бил додаден трем. При изградбата бил користен каменот како основен материјал, додека внатрешно говорницата била дрвена, која била уништена од пожарот во XVIII век.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2013-08-07. Посетено на 2016-01-03.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]