Симеон I

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Симеон Велики
Симеон I Велики, цар на Бугарија, 893-927 г., Современа слика, Д. Ѓуџенов
Владеење 893 – 27 мај 927
Роден(а) 864/865
Починал(а) 27 мај 927
Место на смрт Преслав, Бугарија
Претходник Владимир
Наследник Петар I
Деца Михаил
Петар
Иван
Бенџамин
Татко Борис I
Мајка Марија

Цар Симеон I Велики — (864 - 27 мај 927) — бугарски владетел на Првото Бугарско царство од Крумовата династија во периодот од 893 до 927 година[1]. Успешните војни на Симеон против Византија и Србија довеле до привремено проширување на Бугарија врз поголемиот дел од Балканскиот Полуостров,[2] и доминација во Југоисточна Европа[3]. Во неговото управување Бугарија излегувала на три мориња - Егејско, Јадранско и Црно Море[4][5], а некои современици го споредуваат главниот град Преслав со Константинопол[5][6].

Неговото владеење е наречено Златен век на бугарската култура[7]. Создадената во 870 година Бугарска православна црква станала првата нова патријаршија надвор од пентархијата[8], а бугарските глаголски преводи на христијански текстови се шириле низ целиот словенски свет. Самиот бугарски владетел се произнесувал со титулата цар[9], додека пред оваа ја користел титулата кнез[10].

Рани години[уреди | уреди извор]

Бугарија во времето на Симеон I

Кнезот Симеон I бил роден во периодот помеѓу 863-865 година, според две писма на цариградскиот патријарх Николај Мистик кој напишал дека кон 923-924 година Симеон бил на околу 60 години. Покрај сето тоа го нарекол "син на мирот", од каде доаѓа мислењето дека Симеон бил роден во годината кога бил склучен бугарско-византискиот мировен договор кој довел до покрстувањето на Бугарите.

Бугарскиот кнез бил третиот син на Борис I[10] и Марија од Крумовата династија[11]. Бидејќи Борис бил владетел и го прифатил официјално христијанството во 865 година, Симеон бил христијанин во текот на целиот свој живот[10][12]. Бидејќи се очекувало најголемиот син Владимир да го наследи бугарскиот трон, намерата на Борис била Симеон да стане висок свештеник[13], можеби дури бугарски архиепископ. Најверојатно поради ооваа причина во околу 878 година Борис го испратил во Магнаурската школа во Цариград[12] каде што требало да се здобие со богословско образование. Тој пристапил како послушник во цариградскиот манастир[12] и прифатил името Симеон[14].

Симеон поминал околу една деценија (878-888) во главниот град на Византиската империја, каде добил големо образование и ја изучувал реториката на Демостен и Аристотел[15]. Тој го зборувал грчкиот јазик до таков степен што бил нарекуван во византиските хроники полугрк[16]. Според некои толкувања Симеон бил обучуван од патријархот Фотиј[17], но за оваа хипотеза нема конкретни извори[12].

Во околу 888 година Симеон се вратил во Бугарија и се населил во новосоздадениот манастир во Преслав[18], каде под водство на Наум започнал со преведување на религиозни текстови од грчки на старословенски јазик.[12]. Во меѓувреме Владимир го наследил својот татко Борис, кој се повлекол во манастир. Владимир направил обид да го врати паганството во државата и можеби склучил договор против Византија со Арнулф Карантанијски[19], кое го принудило на Борис да се врати повторно на тронот, само за да го тргне и казни Владимир и да го постави Симеон за нов владетел[20][21]. Овој настан се случил на собор во Преслав, каде освен тоа што Симеон бил прогласен за нов цар, бугарскиот јазик бил прогласен за единствен јазик во државата и црквата[22], а главниот град на царството бил преместен од Плиска во Преслав[23]. Денеска не е познато зошто Борис не го ставил на тронот својот втор син Гаврил, туку го претпочитал Симеон[10].

Управување[уреди | уреди извор]

894 - 904[уреди | уреди извор]

Битката кај Силистра
Битката кај Бугарофигон
Освојувањето на Адријанопол
Александар соопштува на бугарските пратеници дека нема да го потпише договорот
Константин VII и симеон на трпеза

Во текот на овој период Симеон ја започнал првата војна со Византија, по преместувањето на главниот трговски пазар на Балканскиот полуостров од Константинопол во Солун во 894 година[13]. Византиските летописци го опишуваат почетокот на конфликтот, кој започнал речиси веднаш по крунисувањето на бугарскиот цар (сеуште кнез):

Пристигнала вест дека кнезот на Бугарија Симеон планирал да се упати на поход против Ромеите. Повод за војната било следново, Василеопаторот Зауда имал роб на име Мусик. Тој се спријателил со Ставракиј и Козма, кои потекнувале од Елада, трговци желни за профит и среброљупци. Сакајќи да заработат повеќе, со посредство на Мусик тие го преместиле пазарот на Бугарите од главниот град во Солун и ги оданочувале Бугарите со потешки трговски даноци. Кога Бугарите му го соопштиле ова на Симеон, тој го известил императорот Лав. Заслепен од пристрасноста кон Зауцес, тој оваа работа ја сметал за ситница. Симеон се налутил и го кренал оружјето против Ромеите


Во тоа време на економската политика на Византија и императорот Лав VI Филозоф се сочинувала во засилување на внатрешната и надворешна трговска размена на империјата што довела до поголема улога на големите трговци во византиската политика. Токму поради овие политички ставови бугарскиот пазар бил префрлен од главниот град Константинопол во Солун.

Активностите на Византија ги засегнале како економските интереси на Бугарија, така и нејзиниот меѓународен престиж. Затоа Симеон започнал трговска војна со Византија. Симеон во почетокот се обидел да го реши прашањето на мирен пат испраќајќи пратеници во византиската престолнина[24][25], но откако видел дека тоа нема да се случи, го искористил од истекот на 30-годишниот мировен договор и во 894 година навлегол со војската во Источна Тракија, без да сретне никаков отпор[26] бидејќи византиските сили се наоѓале во Анадолија каде војувале со арапските сили[27].

Императорот Лав VI Филозоф бил повеќе од изненаден. За овој потег на бугарскиот владетел разбрал од стратезите во македонската област[13][28][5], по кое наредил да биде формирена армија, главно од царската гарда. Војската била доверена на стратилат Крин. Во првиот конфликт, бугарската армија доживеала голем успех, но по крајот на битката Симеон дал наредба на војската да се врати назад во Бугарија, бидејќи сметал дека не е подготвен за подолга војна. И покрај победата, Симеон не ја постигнал својата цел, а Лав VI навреден од бугарскиот владетел, во престолнината ги пречекал заробените хазари и војници на императорската гарда кои биле пуштени од бугарските сили со отсечени носеви. Императорот на Византија не сакал траен конфликт со Бугарија, бидејќи имал проблеми и со Арапите. Токму поради оваа причина Лав прибегнал кон она што го правиле речиси сите византиски императори за време на војна - обезбедување на сојузник, кој ќе го преземе поголемиот дел од загубите. Никита Склир (непознат византиец) бил испратен кај лидерите на Унгарците[13], Арпад и Кусан[29], и успеал да им плати доволно за да ја нападнат Бугарија. Византија ветила дека ќе обезбеди флота која ќе ја транспортира унгарската армија до Дунав.[28][30]. Во исто време кон бугарските јужни граници започнала да се движи византиската војска, предводена од војсководецот на Византија од војните со Арапите, Никифор Фока[31].

Планот на Лав за заеднички акции со Унгарците започнал да се остварува некаде околу 894 година (или 895 година). Симеон очекувал напад од југ, затоа главните сили од неговата армија се наоѓале на јужната граница, но битка на југ немало бидејќи самиот Никифор Фока не нападнал[32]. Наместо тоа кај бугарскиот владетел бил испратен пратеник, кој од името на царот Лав понудил мировни преговори, лажејќи за византиската флота која во исто време се движела кон Добруџа, преместувајќи ги Унгарците. Симеон не наседнал на измамата и го фрлил во затвор пратеникот[33]. Но веќе било предоцна бидејќи Унгарците започнале да пустошат по Добруџа[34], пристигнувајќи до Силистра[35][36].

Бугарскиот владетел бил принуден да започне преговори со Византијците, но истите ги одолговлекувал за да обезбеди време за слкучување сојуз со Печенезите и со нивна помош успеал да ги порази Унгарците,[37] , кои дури биле протерани од нивните сегашни територии и се населиле во Панонија.

Во летото на 896 година воените дејствија против Византија продолжле. Во битката кај Бугарофигон[13][38] византиските сили доживеале голем пораз а самиот трговски пазар бил вратен во Константинопол[13][39]. Подоцна бугарскио владетел зазел област со близу 30 тврдини во денешна Албанија. По преговорите дел од овие земји биле вратени на Византија, но без оглед на тоа за прв пат во својата историја Бугарија стигнала на бреговите на Јадранско Море.

Во 904 година, арапската флота и армија, предводена од грчкиот отпадник Лав Триполи извршила инвазија на Солун и одвела многу од неговите жители во заробеништво[40]. Симеон во тоа видел можност да го освои градот и да го насели со Бугари[13][41]. Византијците успеале да го откупат градот, но Симеон добил територијални отстапки во Тракија и Македонија[5][42], при што границата меѓу двете држави била поместена на 20 километри од Солун.[43].

913–927[уреди | уреди извор]

Бугарска победа кај Анхијал.
Текот на битката.

На 11 мај 912 година починал Лав VI Филозоф и за свој наследник го избрал неговиот брат Александар, кој требало да владее заедно со малолетниот Константин VII[44]. Александар одбил да плаќа годишен данок на Бугарија, но починал ненадејно на 6 јуни 913 година. Во јуни 913 година во Константинопол бил извршен државен удар. На чело на државата застанал регентски совет на малолетниот Константин на чело со патријархот Николај Мистик[45].

Во јули-август 913 година бугарските војски навлегле во Византија и Источна Тракија, блокирајќи го Константинопол по копно[46]. Така патријархот Никола I Цариградски направил очајнички обиди да се избегне војната[47], ветувајќи дека новородениот цар Константин Порфирогенит ќе се ожени со една од ќерките на Симеон[13][48]. Со овој чин, Симеон ќе се стекнал со титулата василеопатор (старател на императорот) и законско право да се меша во управувањето на Византија. Во одреден момент, патријархот и Симеон дури и се состанале надвор од ѕидините на Цариград, вршејќи ја церемонијата на крунисувањето[49][50] во палата Влахерна. Потоа, Симеон започнал да ја користи титулата "цар на Бугарите", како и грчката титула Василевс.

Самиот брак бил поништен во 914 година од страна на регентот на империјата и мајка на Константин VII Порфирогенит, Зоја Карбонопсина[51], а било поништена и самата титула на Симеон[52]. Како одговор на тоа, Бугарите започнале напади во Источна Тракија. Адријанопол ги отворил своите порти за Симеон во септември 914 и нејзиното население го признал Симеон како владетел, додека византиската војска била окупирана во источниот дел. Во текот на следната година бугарските армии нападнале области околу Драч и Солун[53].

На 20 август 917 година во битката кај Анхијал[54], Бугарите постигнале голема победа над византиската војска[55]. По победата кај Анхијал, бугарските војски започнале офанзива на југ. Во тоа време Лав Фока, кој ја преживеал битката кај Анхијал, пристигнал во Константинопол по море и ги собирал последните војници за да го попречи патот на Бугарите кон главниот град. Двете армии се сретнале кај Катасиртаи[56]. Борбата се одвила во текот на ноќта и византиската армија повторно била поразена[57].

Патот кон главниот град бил отворен, но Симеон се насочил на запад за да се соочи со кнезот на Србите Петар Гојниковиќ, кој водел анти-бугарска политика во сојуз со Византија и на негово место го поставил Павле Бранович.

Конфликт во Србите[уреди | уреди извор]

Сите овие победи го охрабриле Симеон дека може да го освои Константинопол и да стане император на Византијците и Бугарите. Ова се заклучува од титулата со која се именувал - "Василевс на сите Бугари и Грци". Некои истражувачи сметаат дека за да ја легализира својата титула, во 918 година Бугарската архиепископија била подигната во ранг на патријаршија, а новоизбраниот патријарх извршил осветување на титулата на Симеон. За да се покори конечно Византија, во истата година тој навлегол во денешна Грција, зазимајќи ја Теба и стигнал до Дарданелите[13][58]. Во 919 година царицата Зоја била симната од главниот командант на флотата Роман I Лакапин[59][60] which was largely what Simeon had planned to do.[61]. За да се зацврсти на престолот, тој ја омажил својата ќерка Елена Лакапина за Константин Порфирогенит и ја прифатил титулата василеопатор, а една година подоцна и соимператор, идеја која претходно ја посакувал самиот Симеон. Во одговор на тоа, бугарскиот владетел продолжил со своите пустошења во Елада и Тракија, а исто така се обидел и да ги пренесе бугарските војници од Дарданелите во Мала Азија.

Византијците не гледале друг излез од ситуацијата, освен да нападнат од западната граница на Бугарија, преку српските сили. Така, во 921 година кон Рашка бил испратен Захариј Првославлиевиќ за да го отстрани од власт на големиот жупан Павле и да ги нападне Бугарите. Обидот за државен удар бил неуспешен и Захариј бил фатен и фрлен во затвор во Бугарија. Павле Брановиќ сепак се свртел против царот Симеон. При стекнатите состојби од бугарските темници бил ослободен кнезот Захариј и бил испратен со војска кон српските земји, каде со бугарска помош бил соборен од власр Павле Брановиќ[62].

Обид за сојуз со Арапите[уреди | уреди извор]

Преговори со Арапите.

Разбирајќи дека неговиот сон за освојување на Константинопол нема да се оствари, Симеон во исто време разбрал и дека византиската престолнина не може да биде преземена без силна флота. И бидејќи немал изградено флота, тој се обратил за помош кон Арапите. Во 922 година бугарските пратеници биле испратени во Керуан (главниот град на Фатимидите), кои се сретнале со Убајдаллах ал-Махди. Тој се согласил со предлогот за напад по море и копно и заедно со бугарските пратеници испратил во Бугарија и свои претставници, кои требало да ги утврдат деталите околу нападот. Но, на враќање тие биле заробени од Византијците. И покрај овој неуспех, Симеон направил и втор обид да се сојузи со Арапите, но и тој пропаднал[13][63].

Симеон во меѓувреме го икористил затишјето во односите со Византија, за да го нападне Захариј, кој повторно се свртел против Бугарија[64]. Така по еден поход во 924 година Рашка или денешна Западна Србија и Косово биле присоединети кон Бугарија[13][65].

Конфликт со Хрватите и смрт[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Хрватско-бугарски војни.

Потоа, во 926 година, настанал конфликт меѓу Бугарија и Хрватското кралство, поради азилот што хрватскиот владетел го обезбедил на Захариј. Конфликтот бил испровоциран од Византијците. Походот на бугарските војници кон хрватските територии бил неуспешен. Оваа војна била последната која била предводена од Симеон, и прва која тој ја загубил. Посредник меѓу Бугарите и Хрватите бил папа Јован Х, кој се надевал дека ќе ги привлече Бугарите на своја страна. Од своја страна Симеон се надевал дека папата ќе ја признае неговата царска титула. Охрабрен, тој се подготвил за нов поход против Византија, но при неговата подготовка починал на 27 мај 927 година. Можна причина за смртта е срцев удар.

По смртта на Симеон власта преминала во рацете на неговиот син Петар I од вториот брак со Маријам. Од непознати причини Симеон на својот првороден син Михаил го лишел од правото да застане на престолот и му наредил да се замонаши. Исто така, посочувајќи го Петар за свој наследник, (Петар тогаш имал околу 18-20 години), Симеон се погрижел да назначи и соуправител во лицето на болјарин Георги Сурсувул кој впрочем бил вујко на Петар.

Семејство[уреди | уреди извор]

Семејно дрво на Симеон I[66]
                       
Борис I
(починал 907, управувал 852—889)
Марија
     
         
             
Владимир Расате
(управувал 889–893)
Гаврил     Јаков Евпраксија Ана
   
  1
непозната сопруга
Симеон I
(роден 864/865, починал 927,
управувал 893–927)
2
ќерка на
Георги Сурсувул
 
   
   1  2  2  2  ?
  Михаил
(починал 931)
Петар I
(роден по 912, починал 970,
управувал 927–969)
Иван Бенџамин ќерки

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Lalkov, Rulers of Bulgaria, pp. 23–25.
  2. (на Bulgarian) Enciklopedija Bǎlgarija. Akademično izdatelstvo "Marin Drinov". 1988. OCLC 75865504. 
  3. The First Bulgarian Empire“.. Encarta(конс. 3 март 2007 г)
  4. Weigand, Gustav (1924). „1 Istoriko-geografski obzor: 4 Srednovekovie“ (на Bulgarian). Etnografija na Makedonija. trans. Elena Pipiševa. Leipzig: Friedrich Brandstetter. http://knigite.abv.bg/gw/gw_1_4.html. 
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 Bakalov, Istorija na Bǎlgarija, "Simeon I Veliki".
  6. „About Bulgaria“ (PDF). U.S. Embassy Sofia, Bulgaria. http://sofia.usembassy.gov/uploads/images/9slwbq67Sfo4dBuR2WMVfg/about_bulgaria1.PDF. конс. 3 март 2007 г. 
  7. Hart, Nancy (PDF). Bulgarian Art and Culture: Historical and Contemporary Perspectives. University of Texas at Austin. стр. 21. http://www.utexas.edu/cola/centers/creees/content/outreach/fulbright/final_projects/hart.pdf. конс. 3 март 2007 г. 
  8. Castellan, Georges (1999) (на Bulgarian). Istorija na Balkanite XIV–XX vek. trans. Liljana Caneva. Plovdiv: Hermes. стр. 37. ISBN 954-459-901-0. 
  9. "Цѣсарь Блъгарѡмъ". Zlatarski, Istorija na Pǎrvoto bǎlgarsko carstvo, p. 367.
  10. 10,0 10,1 10,2 10,3 Zlatarski, Istorija na Pǎrvoto bǎlgarsko carstvo, p. 280.
  11. Dimitrov, Božidar. „Hramǎt "Sveti Četirideset mǎčenici"“ (на bulgarian). National Historical Museum. http://www.historymuseum.org/upload/fck_editor/40%20mazenizi(6).htm?PHPSESSID=c3baefb9cf4c28b27bbb7c03d78cfeec. конс. 7 март 2007 г. 
  12. 12,0 12,1 12,2 12,3 12,4 Fine, The Early Medieval Balkans, p. 132.
  13. 13,00 13,01 13,02 13,03 13,04 13,05 13,06 13,07 13,08 13,09 13,10 Delev, Bǎlgarskata dǎržava pri car Simeon.
  14. "From the Greek form of the Hebrew name שִׁמְעוֹן (Shim'on) which meant "hearkening" or "listening"." Campbell, Mike. „Biblical Names“. Behind the Name. http://www.behindthename.com/nmc/bibl2.php. конс. 4 март 2007 г. 
  15. "Hunc etenim Simeonem emiargon, id est semigrecum, esse aiebant, eo quod a puericia Bizantii Demostenis rhetoricam Aristotelisque sillogismos didicerit". Liutprand of Cremona. Antapodosis, cap. 29, p. 66. Cited in Drinov, Marin (1876) (на Russian). Južnye slavjane i Vizantija v X veke. стр. 374. 
  16. Fine, The Early Medieval Balkans, p. 132.
    * Delev, Bǎlgarskata dǎržava pri car Simeon.
    * Zlatarski, Istorija na Pǎrvoto bǎlgarsko carstvo, p. 282.
  17. Zlatarski, Istorija na Pǎrvoto bǎlgarsko carstvo, p. 281.
  18. This is not to be understood literally, as the mouth of the Tiča lies to the east, on the Black Sea coast. Researchers link the word ustie ("river mouth") in the sources to a narrow section of the river or to the Ustie pass near the city. Nikolova, Bistra (2002). „Veliki Preslav“ (на Bulgarian). Pravoslavnite cǎrkvi prez Bǎlgarskoto srednovekovie. Sofia: Bulgarian Academy of Sciences. стр. 88. ISBN 954-430-762-1. 
  19. Annales Fuldenses, p. 408. Cited in Runciman, A history of the First Bulgarian Empire, p. 133.
  20. Zlatarski, Istorija na Pǎrvoto bǎlgarsko carstvo, p. 283.
  21. Todt, Biographisch-Bibliographisches Kirchenlexikon.
  22. Crampton, R.J. (2005). „The Reign of Simeon the Great (893–927)“. A Concise History of Bulgaria. Cambridge University Press. стр. 16–17. ISBN 0-521-85085-1. 
  23. Kalojanov, Ančo (11 мај 2005). „Slavjanskata pravoslavna civilizacija“ (на bulgarian). http://liternet.bg/publish/akaloianov/civilizacia.htm. конс. 12 март 2007 г. 
  24. John Skylitzes. Skylitzes–Kedrenos, II, p. 254.4–16
  25. Runciman, A history of the First Bulgarian Empire, pp. 144–145.
  26. Zlatarski, Istorija na Pǎrvoto bǎlgarsko carstvo, p. 289.
  27. Theophanes Continuatus, p. 312., cited in Vasil'ev, A. (1902) (на Russian). Vizantija i araby, II. стр. 88, p. 104, pp. 108–111. 
  28. 28,0 28,1 Canev, Bǎlgarski hroniki, p. 198.
  29. Zlatarski, Istorija na Pǎrvoto bǎlgarsko carstvo, pp. 294–295.
  30. Runciman, A history of the First Bulgarian Empire, p. 145.
  31. Runciman, A history of the First Bulgarian Empire, p. 146.
  32. Zlatarski, Istorija na Pǎrvoto bǎlgarsko carstvo, p. 295.
  33. Zlatarski, Istorija na Pǎrvoto bǎlgarsko carstvo, pp. 296–297.
  34. Zlatarski, Istorija na Pǎrvoto bǎlgarsko carstvo, p. 297.
  35. Zlatarski, Istorija na Pǎrvoto bǎlgarsko carstvo, pp. 298–299.
  36. Canev, Bǎlgarski hroniki, p. 199.
  37. Zlatarski, Istorija na Pǎrvoto bǎlgarsko carstvo, p. 304.
  38. Zlatarski, Istorija na Pǎrvoto bǎlgarsko carstvo, p. 316.
  39. Zlatarski, Istorija na Pǎrvoto bǎlgarsko carstvo, p. 317.
  40. Zlatarski, Istorija na Pǎrvoto bǎlgarsko carstvo, p. 324.
  41. Runciman, A history of the First Bulgarian Empire, p. 152.
  42. Zlatarski, Istorija na Pǎrvoto bǎlgarsko carstvo, pp. 334–337.
  43. "In the year 6412 since the creation of the world, indict 7 (904). Border between Byzantines and Bulgarians. In the time of Simeon, by the grace of God Prince of the Bulgarians, under Olgu Tarkan Theodore and under Komit Drista." Border marking inscription from Narǎš (modern Greece). Uspenskij, F.I. (1898). Pograničnyj stolb meždu Vizantiej i Bolgariej pri Simeone (на Russian). „Izvestija russkogo arheologičeskogo instituta v Konstantinopole“: 184–194. 
  44. Todt, Biographisch-Bibliographisches Kirchenlexikon.
    * Runciman, A history of the First Bulgarian Empire, p. 155.
    * Zlatarski, Istorija na Pǎrvoto bǎlgarsko carstvo, p. 352.
    * Bǎlgarite i Bǎlgarija, 1.2.
  45. Todt, Biographisch-Bibliographisches Kirchenlexikon.
    * Runciman, A history of the First Bulgarian Empire, p. 155.
    * Canev, Bǎlgarski hroniki, p. 212.
  46. Zlatarski, Istorija na Pǎrvoto bǎlgarsko carstvo, p. 359.
  47. Runciman, A history of the First Bulgarian Empire, p. 157.
  48. Bǎlgarite i Bǎlgarija, 1.2.
  49. Fine, The Early Medieval Balkans, pp. 144–148.
  50. Ostrogorsky, George (1935). Avtokrator i samodržac (на Serbian). „Glas Srpske kraljevske akademije“ (CLXIV): 95–187. 
  51. Zlatarski, Istorija na Pǎrvoto bǎlgarsko carstvo, pp. 367–368.
  52. Loud, G.A. (1978). A re-examination of the ‘coronation’ of Symeon of Bulgaria in 913. „The Journal of Theological Studies“ (Oxford University Press) том  xxix (XXIX): 109–120. doi:10.1093/jts/XXIX.1.109. 
  53. Runciman, A history of the First Bulgarian Empire, p. 158–159.
  54. Dimitrov, Bulgaria: illustrated history.
  55. Theophanes Continuatus, trans. Paul Stephenson. „Symeon of Bulgaria wins the Battle of Acheloos, 917“. http://homepage.mac.com/paulstephenson/trans/theocont2.html. конс. 10 март 2007 г. 
  56. De Boor, Сarl Gothard (1888). Vita Euthymii. Berlin: Reimer. стр. 214. 
  57. Zlatarski, Istorija na Pǎrvoto bǎlgarsko carstvo, p. 382.
  58. Cawley, Charles (30 January 2011), Bulgaria: Symeon I 893–927, Foundation for Medieval Genealogy, конс. August 2012 , Шаблон:Better source
  59. Alexander Kazhdan, уред (1991). Oxford Dictionary of Byzantium. Oxford University Press. 
  60. Runciman, A history of the First Bulgarian Empire, p. 163.
  61. Canev, Bǎlgarski hroniki, p. 217.
  62. Zlatarski, Istorija na Pǎrvoto bǎlgarsko carstvo, pp. 385–386.
  63. Runciman, A history of the First Bulgarian Empire, pp. 168–169.
  64. Zlatarski, Istorija na Pǎrvoto bǎlgarsko carstvo, pp. 446–447.
  65. Zlatarski, Istorija na Pǎrvoto bǎlgarsko carstvo, p. 459.
  66. Family tree of Simeon I:
    • Cawley 2011
    • Zlatarski, Istorija na Pǎrvoto bǎlgarsko carstvo, p. 280, p. 495.
    • Runciman, A history of the First Bulgarian Empire, p. 133, p. 177.

Литература[уреди | уреди извор]

Бугарски[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]


Владимир Расате >>> Симеон I, цар на Бугарија (893927) >>> Петар I