Пир Цариградски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Пир ЦариградскиВселенски патријарх од 20 декември 638 година до 29 септември 641 година, и повторно од 9 јануари до 1 јуни 654 година.

Тој бил подржувач на монотелитизмот, и христолошката доктрина подржана од императорот Ираклиј I. Во 638 година, со подршка на Ираклиј, бил избран за патријарх. По немирите кои следеле по смртта на Ираклиј, бил обвинет за заговор за убиство на Константин III и императорката Мартина да го подржува Ираклиј II. Војската и народот се покренале на бунт и моќниот Валентиниј го сменил и протерал Пир во Африка. Малку подоцна, Мартина и Ираклиј II исто така биле сменети и протерани, Констанс II, Константиновиот син, бил прогласен за император.

Додека бил во егзил во 645 година се сретнал со Максим Исповедникот и јавно разговарале за верата (Disputatio cum Pyrrho), по што тој го отфрлил монотелетизмот, и го посетил Рим во 647 година. Одтамѕ се упатил кон Равена и се вратил во Константинопол, каде повторно го сменил своето мислење и го прифатил повторно монотелеизмот. Бил екскомунициран од страна на папата Теодор I, но успеал повторно да стане патријарх на почетокот на 654 година, каде останал се до неговата смрт на 1 јуни истата година.

Посмртно бил прогласен за еретик од страна на шестиот вселенски собор во 680/1 година.

Религиозни титули
Претходник
Сергеј I
Цариградски патријарх
638–641
Наследник
Павле II
Претходник
Павле II
Цариградски патријарх
654
Наследник
Петар

Надворешни врски[уреди | уреди извор]