Герман II Цариградски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Герман II ЦарирадскиВселенски патријарх (во прогон во Никеја) од 1223 сè до неговата смрт во 1240 година.[1]

Тој бил родум од Арнавуткој во втората половина од XII век. За време на Четвртата крстоносна војна во 1204 година, тој служел како ѓакон во Аја Софија, по грабежот на Цариград, се повлекол во манастир во Баликесир.[1]

Во 1223 година, тој бил избран за Вселенски патријарх од царот Јован III, во Никеја каде се префрлила престолнината по падот на Цариград. Герман започнал да начелствува од 4 јануари 1223 година, и брзо се покажал како корисен сојузник на Јован III.[1] За време на неговиот патријархат, Германиј целел повторно да го воспостави својот авторитет како водач на поделениот православен свет, сето воа го правел истовремено поддржувајќи го Јован III во неговата борба за наследство на византискиот престол. Герман се судрил и со прелатите на Епир за нивната поддршка епирските владетели, и особено архиепископот Охридски, Димитар Хоматијан, кој начествувал со крунисувањето на Теодор Комнин Дука како цар на Солун, со што директно се предизвикувало владеењето од Никеја. По поразот на Епир во Клокотница во 1230 година, епирските епископи биле придобиени постепено во 1232 година, расколот бил залечен со Епирската црква која го признала неговиот авторитет, при што следела посета на областа од страна на Герман во 1238 година.[1][2]

За споредба, Герман бил волен даги согледа реалните политички состојби поврзани со Бугарската црква, признавајќи ја како малд патријархат во 1235 година. Делумно ова било резултат на политичка потреба, како услов за сојузот на Јован III и бугарскиот цар Иван Асен II, но и тоа бил потребен чекор за да се ослободи Бугарската црква од нејзината покорност кон Рим. Истите мотиви стојат и зад призанвањето на афтокефалноста на Српската црква.[3]

Иако олем критичар на очигледните грешки на Католичката црква, и автор на многу договори против католиците,[1] тој бил првично волен да направи одредено приближување со Рим. Во 1232 година, тој испратил група на францисканци, со чие држење и желба за помирување тој бил восхитен, како пратерници до папата. Герман предложил спроведување на целосен екуменски собор, со цел на обединување на црквите.[4] Како одговор, делегација на францисканци и доминиканци пристигнале во Никеја во 1234 година, но нивниот ред бил ограничен: не им било дадена согласност да започнат преговори, туку смо да ги слушнат царот и патријархот. Латинската делагација присуствувала на соборот одржан во Ќемалпаша, но истиот завршил со горчина меѓу византијците и латините. Папските пратеници си заминале за Рим, додека Никејското Царство го нападнало Цариград.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Kazhdan (1991), p. 847
  2. Angold (1999), pp. 551–552
  3. Angold (1999), p. 552
  4. Angold (1999), p. 553
  5. Angold (1999), pp. 553–554

Извори[уреди | уреди извор]

  • Angold, Michael (1999), „Byzantium in exile“, Во Abulafia, David (уред.), The New Cambridge Medieval History: Volume V, c. 1198–c. 1300, Cambridge University Press, стр. 543–568, ISBN 0-521-36289-X
  • Kazhdan, Alexander, уред. (1991). Oxford Dictionary of Byzantium. Oxford University Press. ISBN 978-0-19-504652-6.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Духовни титули
Претходник
Мануил I
Цариградски патријарх
Прогонет во Никеја

1223–1240
Наследник
Методиј II