Ефтимиј I Цариградски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Устоличувањето на Евтимиј I Цариградски за Вселеснки патријарх. Минијатура од Јован Скилица.

Ефтимиј I Цариградски ( 834 – 5 август 917) — Вселенски патријарх од 907 до 912 година. Монах од својата младост, тој станал духовен татко на идниот цар Лав VI, кој пак за возврат го издигнал до свештенската титула архѓакон. И покрај турбулентниот однос со Лав, во 907 година бил устоличен за патријарх и се задржал на таа позиција сè до неговата смрт во 912 година.

Живот[уреди | уреди извор]

Ефимиј е роден во Силифке во Исаврија околу 834 година, при што станал монах од млади години.[1] Според погребниот говор, напишан од Арет Цезариски, тој бил роднина на чудотворецот Грегориј Декаполит.[2] По непријатностите со монашкото братство на Мал Олимп и манастир во близина на Никомедија, Ефтимиј пристигнал во главниот град, Цариград, и влегол во манастирот Св. Теодор во предградијата на престолнината.[3] Ефтимиј имал контакти со патријархот Игнатиј I, кого тој го нарекува свој господар, и за веме на вториот мандат на Игнатиј како Вселенски патријарх (867–877) тој бил назначен за духовен татко на принцот Лав, најстариот син[4] на царот Василиј I (867–886) и иден цар Лав VI (886–912). Според историчарката Шона Тофер, во својот труд вели дека во период на владеењето на Лав VI, ефтимиј бил духовен татко на сите синови на Василиј.[5] Ефтимиј го поддржал Лав во неговиот судир со татко му околу неговата афера со Зоја Зауцена. Според Ефтимовата хагиографија,Vita Euthymii, му помогнал на Лав да го преживее своето затворање во периодот 883–886, кога принцот од него барал совети, со што ефтимиј бил приморан да биде во Цариград место во својот манастир.[1][2]

Во периодот на смртта на Васил околу 886 година, Ефтимиј бил монах во манастирот Богородица пролетна.[2]Со стапувањето на власт на Лав VI, Ефтимиј wбил награден и назначен за опат во новоизградениот манастир во Саматија населба во Цариград, изграден на земјиштето одземено од протераниот Лав Катакалон. Според Vita Euthymii, тој ова го прифатил откако царот се согласил да го отповика прогонот на Лав Катакалон. Манастирот бил осветен на 6 мај 889 или 890 година во присуство на Лав VI, Стефан I, кој од декември 886 година станал Вселенски патријарх.[1][2] Во истиот период (според П. Карлин-Хајтер при крајот на 888 година или на почетокот на 889 година[6]) тој бил именуван за архѓакон, наследувајќи го Стефан, кој ја држел таа позиција заедно со патрихајната од 886 година.[1][7] Ова била важна позиција во византиската црковна хиерархија, и неколкумина кои ја имале таа позиција биле устоличени за Вселенски патријарси.[8]

И покрај неговаста блискост со новиот цар, Евтимиовиот однос со Лав VI бил бурен, и можеби е објаснување зашто не бил проглсен за Вселеснки патријарх сè до 907 година 907 година.[8] Делото Vita Euthymii голем дел од вината ја наоѓа и во Ефтимовиот проблематичен однос со царот а поврзани со таткото на Зоја Зауцена, Стилијан Зауцена.[2] зауценовото соперништво со Ефтимиј е голема тема во неговата хагиографија, каде зауцена е прикажан како семоќен министер чии амбиции и махинации се виновни за сите грешки и штети во пеиодот на неговото управување, и личноста со која Ефтимиј водел битка за „душата на Лав VI“. Колкава била моќта на Стилијан во реалноста е оспорено од страна на Ш. Тофер, која истакнува дека Лав не ги следел советите на Стилијан, но за да ја задржил контролата над своето владеење.[9] Ефтимиј се јавува и како заштитник на традиционалната аристократија, и негодува поради странското потекло на неговите советници, како на пример со ерменското потекло на Зауцена, арапскиот евнух и домаќин Самона, или пак италијанецот Никола I, кој бил Вселенски патријарх пред Ефтимиј,[1] иако сето ова можно е да е обид Vita да го претстави Ефтимиј како перфектен светец, што довело до тоа своите соперници да ги пртстави во најцрно светло.[2]

Ефтимиј првично влегол во судир со Лав кога ја поддржал неговата прва сопруга, Теофанија, и ја разубедил да бара развод од нејзиниот сопруг поради запоставувањто на брачните обврски и постојаните афери на нејзиниот сопруг со неговата долгогодишна љубовница Зоја Зауцена.[2][10] По смртта на Теофанија, Ефтимиј се противел на неговиот втор брак со Зоја поради нејзината лоша репутација, што му донело двегодишно затворање во манастирот Св. Диомедиј. Не бил пуштен да излезе сè до смртта на Зоја две години подоцна.[2][11] По смртта на Зоја за време на раѓањето на ќерката, Ана, Лав повторно стапил во неканонски трет брак со Евдокија Бајана, во надеж да има машки наследник. Од овој брак го добива Василиј, кој се родил на Велигден 901 година, но Евдокија починала за време на породувањето а подоцна починало и самото бебе.[12] Ова уште еднаш довело до судир царот и Ефтимиј. Во Vita може да се забележи дека по смртта на Зоја и нејзиниот татко и откривањето на заговорот на дел од нејзините родители, Лав се покајал поради својот однос кон Ефтимиј и побарал прошка. Царот постојано се совтувал со него, што честопати го посетувал притаеново неговиот манастир во Саматија. За време на една од посетите, Ефтими ја прорекол смртта на Евдокија, и подоцна одбил да присуствува на нејзиниот погреб, повлекувајќи се со свои шест следбеници во предградието Агато, имот на неговиот манастир.[2]

Решен, царот повторно влегол во врска со љубоница, Зоја Карбонопсина, и во септември 905 година најпосле го прославил раѓањето на идниот цар Константин VII. Фактот што мајката на детето била љубовница предизвикало судири со водечките црковни власти, и Лав бил присилен да се раздели со Зоја како предуслов за крштевањето на новероденчето од страна на патријархот Никола I во црквата Аја Софија. Ефтимиј исто така бил убеден да учествува на церемонијата како кум, настан кој се случил во јануари 906 година.[13] Покрај заветот дека ќе се раздели со Зоја, сепак, Лав се обидел да гио легализира својот син и сопруга со четврт брак, нешто што било целосно забрането со канонските закони и било казнувано со екскумуникација. Патријархот Никола првично го поддржал царот во неговите обиди да осигура стабилна икономија, но дрковното раководство било одлучно против оваа одлука, присилувајќи го Никола да го смени својот став. Како што расправиите продолжувале, во февруари 907 година Никола I бил сменет од страна на царот и на неговото место бил постаен Ефтимија.[1][14] Во делото Vita се објаснува дека ставот на и неговата замешаност во заговорот на генералот Андроник Дука, но другите извори не се споменува позадината на овој заговор.[2]

Царот Алкесандар III го разрешува Ефтимиј, минијатура од Јован Скилица

Покрај големата тврдоглавост на Ефтимиј, што најверојатно довело до Лав да не го постави за патријарх порано, се покажал волен да му даде на царот икономија, поддржан ос останатите патријарси во Пенатархијата. И покрај огромниот напор на Зоја, тој тврдокорно одбивал официјално да го признае нејзиниот брак со им ператорот со што таа би се стекнала со статусот на царица. Лав морал да се покае и да се исповеда за неговиот брак, и да донесе закон со кој се спречува некој друг да стапи во брак по четврти пат. Како резултат на оваа спогодба, на 15 мај 908 година Ефтимиј ко крунисал Константин VII за совладетел.[15] Иако подоцнежните византискли хроники се на страната на Никола I против Лав, тие го прикажуваат Ефтимиј во позитивно светло.[2] Според Vita, неговото патријархување го залечил раздорот во црквата и многу водечки црковни лица поради четвртиот брак на царот. Епископот Гаврил Анкирски се вели дека го испратил омофориумот на Св. Климент како подарок и знак на почитување.[2]

Кратко пред смртта на Лав во мај 912 година, царот се помирил со Никола I Цариградски, кој побарал да биде повторно устоличен за патријарх.[2] Изворите се нејасни, но ратко по смрта на Лав, или кус период пред истата, Ефтимиј бил сменет на собор во Магнаура во корист на Никола I кој ил повикан од прогон. Ефтимиј бил прогонет наАгато, каде починал на 5 август 917 година.[1][2][16]

Хагиографија и пишувања[уреди | уреди извор]

Ефтимиовта хагиографија,Vita Euthymii, или Животот на Ефтимиј, најверојатно е дело напишано во 920/25 година или нешто по 932 година. Авторот е непознат, но, според Ш. Тофер, „авторот имал поглед на работите во дворот за време на владеењето на Лав VI“, и последователно е еден од најбогатите извори за тој период од смртта на Василиј I па до раните години на Константин VII. Сепак, покрај тоа што дава сликовит портрет на Лав и неговиот двор, со сведошни ангдоти кои го прикажуваат карактерот на царот, како извор на имформации е ограничен поради наклоноста кон Ефтимиј, како и поради фактот што неколку делови од текстот недостасуваат.[1][17][18] Единственото цело дело било чувано во Берлин и истото исчезнало за време на Втората светска војна, но делото Vita постои во некоку критички изданија:[19]

  • C. de Boor (1888). Vita Euthymii, Ein Anecdoton zur Geschichte Leos des Weisen (германски). Berlin.
  • P. Karlin-Hayter (1955–57). „Vita St. Euthymii“. Byzantion. 25/27: 1–172, 747–778.
  • P. Karlin-Hayter (1971). Vita Euthymii Patriarchae CP: Text, translation, introduction and commentary. Bibliotheque de Byzantion. 3. Brussels.
  • A. P. Kazhdan (1959). Две византийские хроники X века: Псамафийская хроника — Иоанн Камениата, Взятие Фессалоники (руски). Moscow.
  • A. Alexakis (2006). Γάμοι, κηδεῖες καὶ αὐτοκρατορικὲς μεταμέλειες. Ὁ βίος τοῦ πατριάρχη Εὐθυμίου (грчки). Athens: Kanakis. ISBN 960-7420-91-8.

Пишувањата на самиот Ефтимиј се безначајни, содржински проповеди за зачнувањето на Св. Ана и беседа за Богородица.[1] Неговиот современик Арет Цезариски исто така напишал панегирик во негова чест, но според А. Каждан „станува збор за обичен текст со ограничен број н податоци“.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 Kazhdan 1991, стр. 755–756.
  2. 2,00 2,01 2,02 2,03 2,04 2,05 2,06 2,07 2,08 2,09 2,10 2,11 2,12 2,13 PmbZ, Euthymios (#21913).
  3. Tougher 1997, стр. 50–51.
  4. It is entirely possible that Leo VI was actually the son of Basil's predecessor, Michael III, but he was publicly and legally acknowledged as Basil's son.
  5. Tougher 1997, стр. 51.
  6. Tougher 1997, стр. 102 (note 53).
  7. Tougher 1997, стр. 82, 84.
  8. 8,0 8,1 Tougher 1997, стр. 38–39.
  9. Tougher 1997, стр. 102ff..
  10. Tougher 1997, стр. 139.
  11. Tougher 1997, стр. 104, 141.
  12. Tougher 1997, стр. 146–152.
  13. Tougher 1997, стр. 152–156.
  14. Tougher 1997, стр. 156–161.
  15. Tougher 1997, стр. 161–163.
  16. Εὐθύμιος Α´ (грчки). Ecumenical Patriarchate of Constantinople. Посетено на 24 April 2014.
  17. Tougher 1997, стр. 8–10.
  18. Krönung 2010, стр. 192–194.
  19. Krönung 2010, стр. 194–195.

Извори[уреди | уреди извор]

Дополнителна литература[уреди | уреди извор]

  • Bees, Nikos (1944). „Η βιογραφία του Οικουμενικού Πατριάρχου Ευθυμίου Α' αντιβαλλόμενη προς τον Βερολίνειον κώδικα Graec. fol. 55 [ = 291 ]“. Praktika tes Akademias Athenon (грчки). 19: 105–120.
  • Jugie, Martin (1913). „La vie et les œuvres d'Euthyme, patriarche de Constantinople“. Echos d'Orient (француски). XVI: 385–395 & 481–492.
  • Sophianos, Demetrios Z. (1971). „Ὁ Βίος τοῦ Ἁγίου Εὐθυμίου (Vita Euthymii), πατριάρχου Κωνσταντινουπόλεως († 917) καὶ ὁ χρόνος συγγραφῆς αὐτοῦ“. Epeteris Etaireias Byzantinon Spoudon (грчки). 38: 289–296.
Духовни титули
Претходник
Никола I
Цариградски патријарх
907–912
Наследник
Никола I