Нифонт II Цариградски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Нифонт II
Цариградски патријарх
ЦркваЦариградска патријаршија
In officeкрајот на 1486 - почеокот на 1488
летото 1497 - август 1498
пролетта 1502
ПретходникСимеон I
Максим IV
Јоаким I
НаследникДионисиј I
Јоаким I
Пахомиј I
Лични податоци
РоденПелопонез
Починал11 август 1508
Претх. службаМитрополит на Солун
Sainthood
Славаавгуст 11
Почитуван одПравославна црква

Нифонт II, (грчки: Νήφων Β΄), роден како Николај, бил Вселенски патријарх трипати: од 1486 до 1488, од 1497 до 1498 и краток период во 1502 година.[1] Тој се слави како светец во православната црква со празник на 11 август.[2]

Живот[уреди | уреди извор]

Тој се родил на островот Пелопонез во јужна Грција, чии родители имале различно потекло, неговата мајка била благородна грчка дама, додека неговиот татко бил Албанец.[3] Тој бил пострижен како монарх во Епидаур, земајќи го религиозното име „Нифонт“. Тој се занимавал со калиграфија и копирање ракописи. Потоа тој следел монарх по име Захариј и се сместил во манастирот „Богородица“ во Охрид. Кога Захариј бил избран за охридски архиепископ, Нифонт заминал во Света Гора и бил ракоположен како јеромонахот. Во 1482 тој бил избран за митрополит на Солун и при крајот на 1486 тој бил избран за цариградски патријарх,[4] поддржуван од богатите владетели на Влашка, кои на овој начин се запишале во историјата на надворешните влијанија врз процесот на избирање на патријарх.[5]:195

По осумнаесет месеци избувнал скандал, кој предизвикал Нифонт да биде симнат од престолот. Поточно, претходниот патријарх Симеон I починал без да ја искаже својата последна желба. Искендер Беј, еден од синовите на спозорот на Симеон, Џорџ Амируц, се оддал на исламот и во тоа време бил благајник на султанот.[6] Тој побарал целото наследство на Симеон, кое вклучувало црковни предмети, да биде предадено на султановиот благајник. За да го избегне ова, Нифонт глумел дека внук на покојниот патријарх бил легитимен наследник, откривајќи дека три монаси лажно сведочеле. По откривањето на вистината, султанот Бајазит II го конфискувал имотот на Симеон, го казнил свештенството замешано во скандалот и го прогонил Нифонт.[7][3] Нифонт бил протеран на некој остров во Црното Море на Созопол и бил тргнат од престолот во првите месеци од 1488 година. Според научникот Стивен Рансиман, Нифонт бил будалест и незадоволителен патријарх.[5]:198

Летото 1497 Нифонт бил избран по вторпат како наследник на патријаршискиот престол, секогаш со поддржшка од Влашка,[5]:195 но неговото владеење траело до август 1498 кога бил оттргнат од младиот Јоаким I, кој бил поддржуван од Константин II.[5]:198 Нифонт бил осуден на доживотен затвор и бил протеран во Адријанопол.

Угледот на Нифонт бил толку голем што влашкиот војвода Раду IV Велики му се поклонил кога отишол да го посети затворениот патријарх. Набрзо потоа Раду IV добил кауција за Нифонт од отоманскиот султан. Нифонт се преместил во Влашка, каде бил топло пречекан од свештенството и мирјанството и каде истовремено ракоположил двајца епископи. Во 1502 светиот синод го избрал за патријарх на Константинопол по третпат и испратил емисари во Влашка за да го информираат, сепак Нифонт решително го одбил назначувањето и не се вратил во Истанбул.[4]

Помеѓу 1503 и 1505, Нифонт неоспорно ја предводел влашката црква, сè до конфликтот со принцот.[8] Конфликтот избувнал поради непопустливоста на патријархот во одбивањто да го прослави бракот на постарата сестра на Раду, Калпеја со молдавскиот болјарин Богдан Логотет, кој веќе бил оженет. Загрозен од Раду, Нифонт ги собрал луѓето, одржал говор и го екскомуницирал младоженецот. Тој, исто така, му пророчил несреќи, ги оставил патријахалните одежди на алтарот и ја напуштил црквата, заминувајќи во напуштена колиба. Со цел да го избегне негодувањето на луѓето, Раду се обидел да го смири старецот со додворувачки зборови, ветувања и подароци и го молел да му прости на неговиот зет, но Нифонт останал непопустлив и заминал во Македонија, земајќи ги со него неговите два ученика. Во Македонија поминал низ сите градови вршејќи мисионерски проповеди. При неговото враќање во Света Гора, тој не им бил познат на монасите од манастирот „Дионисијат“, кои првично го сметале за обичен говедар.

Нифонт починал во манастирот „Дионисијат“ на планината Света Гора во 1508. Веднаш по неговата смрт тој во многу области бил прогласен за светец и православната црква го признала како светец 9 години подоцна, сместувајќи го неговиот празник на 11 август. Неговите мошти се чуваат во светилиштето во манастирот Дионисијат, каде има капела во негово име.

Забелешки[уреди | уреди извор]

  1. Kiminas, Demetrius (2009). The Ecumenical Patriarchate. Wildside Press LLC. стр. 37. ISBN 978-1-4344-5876-6. 
  2. or August 24 according to the Gregorian Calendar
  3. 3,0 3,1 B.G.Niebuhr, I.Bekker, уред (1849). „Historia Politica et Patriarchica Constantinopoleos“. Corpus scriptorum historiae byzantinae, Volume 49. Bonn. стр. 128–132, 134–5,138. (латински)
  4. 4,0 4,1 „Nifon II“. Ecumenical Patriarchate. конс. 13 August 2011. 
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 Runciman, Steven (1985). The Great Church in captivity. Cambridge University Press. ISBN 978-0-521-31310-0. 
  6. Moustakas Konstantinos. „Symeon I of Constantinople“. Encyclopaedia of the Hellenic World, Asia Minor. конс. 15 August 2011. 
  7. Stavrides, Theoharis (2001). The Sultan of Vezirs: the Life and Times of the Ottoman Grand Vezir Mahmud Pasha Angelovic. Boston: Brill Academic Publishers. стр. 89. ISBN 978-90-04-12106-5. 
  8. Vergatti, Radu-Ştefa. „Le règne de Radu le Grand“. Simpozionul International. Cartea.Romania.Europa 20-23 Sept 2008. стр. 168–169. 

Други извори[уреди | уреди извор]

  • Μωυσέως Μοναχού Αγιορείτου (2008). Οι Άγιοι του Αγίου Όρους. Εκδόσεις Μυγδονία. стр. 369–370. ISBN 978-960-7666-72-7. 
  • Προκοπίου Τσιμάνη, Από υψηλή σκοπιά οι Πατριάρχαι Κωνσταντινουπόλεως, Athens 1981, τόμ. Α΄, σελ. 105-109
  • Sathas, Konstantinos (1868). Νεοελληνική Φιλολογία: Βιογραφία των εν τοις γράμμασι διαλαμψάντων Ελλήνων, από της καταλύσεως της Βυζαντινής Αυτοκρατορίας μέχρι της Ελληνικής εθνεγερσίας (1453-1821). Athens: Τυπογραφείο των τέκνων Ανδρέου Κορομηλά. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]