Исидор I Цариградски
Исидор I Цариградски — Вселенски патријарх од 1347 до 1350 година. Исидор I бил следбеник на Григориј Палам.
Содржина
Младост[уреди | уреди извор]
Малку се знае за неговата младост. Исидор бил роден во Солун кон крајот на 1290-ите каде станал учител и духовен водач.
Кариера[уреди | уреди извор]
Како следбеник на Св. Григориј, бил вовлечен во спорот меѓу следбениците на Григориј Палам и Варлам Калабриски за исахизмот во средината на XIV век.
Синод од 1344 година[уреди | уреди извор]
Во 1345 година,Исидор, кој во тој период бил епископ Монемвашки, и Григориј Палам биле екскомунициран од страна на синод на антиисихистички епископи раководен од Јован XIV Кој и самиот бил противник на Св. Григориј.
Палам и Исидор се повлекле.[1]
Синоди во 1347 година[уреди | уреди извор]
Во февруари 1347 година, за ввреме на синодот свикан од Јован VI, патријархот Јован XIV бил расчинет и Исидор бил повикан од прогон и бил избран за Вселенски патријарх.По станувањето на патријарх, Исидор I го осободил Григориј Палам од затвор и го прогласил за архиепископ Солунски.
Патријархат[уреди | уреди извор]
За време на две и пол годишното патријархување, Исидор I барал целото православие да ги прифати паламистичките догми. Тој избрал епископи кој била паламити. Тој изрекуал тешки казни за оние кои не сакале да се покорат.[2]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Fortescue, Adrian (1910), Hesychasm VII, New York: Robert Appleton Company, конс. 2008-02-03
- ↑ Jugie, Martin. „The Palamite Controversy“. конс. 2010-12-28.
Религиозни титули | ||
---|---|---|
Претходник Јован XIV |
Цариградски патријарх 1347–1350 |
Наследник Калист I |
![]() |
Оваа биографска статија статија за личност од Византија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
![]() |
Оваа статија за поврзана со православен епископ е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |