Козма II Цариградски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Козма II ЦариградскиВселенски патријарх од април 1146 година, до февруари 1147 година. Тој бил роден во Егина, во Грција, и бил ѓакон во Аја Софија пред неговото устоличување, по повлекувањето на Михаил II. Бил силно почитуван поради неговото знаење и весел карактер.[1] Козма начествувал за време на владеењето на императорот Мануил Комнин.[2]

Замена[уреди | уреди извор]

Козма II бил осуден и заменет на 26 февруари 1147 година од страна на синодот одржан во Влахеренската палата поради тоа што го примил во својот дом и го нагостил монахот Нифонт, осуден богомил од 1144 година.[3]

Точните причини за обвинението и смената на Козма II не се утврдени, можно е да бил жртва на политичка интрига.[4] Јасно е дека императорот Мануел I се замешал при составувањето на синодот кој го сменил Козма, и ги интервјуирал оние кои го обвиниле, и го испрашувал Козма II за неговите мислења за кривоверникот Нифонт.[5] Оваа афер е типична за доктринските спорови во периодот на Мануел I, и подготвеноста на императорот да се смеша во истите.[6]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. John Kinnamos. (1976). The Deeds of John and Manuel Comnenus, Columbia University Press, p.56
  2. Κοσμᾶς Β´ ὁ Ἀττικός (Greek). Ecumenical Patriarchate. конс. 2011-12-24. 
  3. Lysimachos Oeconomos La vie religieuse dans l'empire byzantin au temps des Comnènes et des Anges 1918 réédition 1972 p.44-45
  4. Dimtri Obolensky A study in Balkan Neo-Manichaeism « Byzantine Bogomilism » Cambridge University Press 1948 p.221-222
  5. Paul Magdalino. (2002). The Empire of Manuel I Komnenos, 1143-1180, Cambridge University Press, p.277
  6. J.M. Hussey. (1986). The Orthodox Church in the Byzantine Empire, Oxford University Press, p. 151
Религиозни титули
Претходник
Михаил II
Цариградски патријарх
1146–1147
Наследник
Никола IV