Теофилакт Цариградски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Теофилакт Цариградски
Вселеснки патријарх
Ракоположен69
Службата завршила89
ПретходникТрифун Цариградски
НаследникПолиевкт Цариградски

Теофилакт Цариградски познат и како Теофилакт Никомидијски — епископ на Никомедија и Цариград.

Кога првиот царски советник Тарасиј бил како световник избран за Цариградски патријарх, тогаш со него и од него примиле монашки чин повеќе негови пријатели и почитувачи од световниот сталеж. Меѓу овие бил и овој Теофилакт. Тарасиј го испратил за епископ во Никомидија. Како епископ Теофилакт бил добар пастир на стадото словесно и се покажал необично исполнет со милосрдие кон бедните и сиромасите. По смртта на св. Тарасиј, патријаршискиот престол во Цариград го зазел Никифор I, а малку потоа царскиот престол го зазел Лав V, кој бил иконоборец, и како таков кренал цела бура црквата.

Иако иконоборската ерес била осудена на Седмиот вселенски собор, овој цар, сепак, ја воспоставил и сакал со неа да го замени православието. Свети Теофилакт отворено му се спротивставил на царот, па кога царот не попуштил, му рекол св. Теофилакт: “Ќе дојде, цару, на тебе остра погибел одненадеж и нема да најдеш никој да те избави од неа!” Поради овие зборови св. Теофилакт бил со царска наредба тргнат од својата положба и испратен во заробеништво каде што поминал 30 години. Починал во 845 година[1].

Православната црква неговиот ден го чествува на 8 март.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Охридски пролог“ стр. 97