Мелетиј IV Цариградски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Мелетиј IV во 1923 г.

Мелетиј IV Цариградски (21 септември 187128 јули 1935) — александриски патријарх со епископско име Мелетиј II од 1926 до 1935 година.[1]

Тој бил митрополит во Грчката православна црква во Атина (1918–20), по што бил избран за Вселенски патријарх под името Мелетиј IV од 1921 до 1923.[2] Тој служел како алексанрсики патријарх од 1926 до 1935 година.

Тој бил единствениот православен хиерарх во историјата да служи последователно како највисоко црковно лице во три автокефални цркви.

Познат подржувач на грчкиот премиер Елефтериос Венизелос, тој служел како епископ на Кипар, се до моментот кога бил избран за архиепископ атински по повлекувањето од престолот на Константин I Грчки, заменувајќи го архиепископот Теоклет I, познат ројалист. Две години подоцна, Константин се вратил на престолот и архиепископот Мелетиј бил расчинет, а претходниот архиепископ Теоклет I бил повторно поставен за архиепископ. Во 1921 година тој бил избран за Вселенски патријарх. Тој се повлекол по поразот на грчката армија во грчко турски војни.

Неколку години подоцна бил избран за Папа и патријарх на Александрија. Починал во 1935 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Meletios II Metaxakis (1926–1935)“. Official web site of the Greek Orthodox Patriarchate of Alexandria and All Africa. http://www.patriarchateofalexandria.com/index.php?module=content&cid=001003&id=197&lang=en. конс. 7 февруари 2011 г. 
  2. „List of Patriarchs“. Official web site of the Ecumenical Patriarchate of Constantinople. http://www.ec-patr.org/list/index.php?lang=en. конс. 7 февруари 2011 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Религиозни титули
Претходник
Теоклет I
Митрополит атински и цела Грција
како Мелетиј III

1918–1920
Наследник
Теоклет I
Незаземено
Title last held by
Герман V
Вселенски патријарх
како Мелетиј IV

1921–1923
Наследник
Григориј VII
Претходник
Фотиј
Александриски патријарх
како Мелетиј II

1926–1935
Наследник
Никола V