Епифаниј Цариградски
Епифаниј Цариградски (починал на 5 јуни 535) — Вселенски патријарх од 25 февруари 520 до 5 јуни 535 година, наследувајќи го Јован II Цариградски.
Животопис
[уреди | уреди извор]Византија во овој период започнала да ја повратува својата моќ и раскош преку победите на генералите, Велизар и Нарзес. Идолопоклонство било целосно потиснато, паганските книги биле запалени и сите слики биле уништени, и проповедниците на старото верување биле затворени или пак протерани. Во Цариград решителноста на Јустинијан I за црковна легислатива се засилила за време на патријахувањето на Епифаниј (на пример во 528 и 529) со која треба да се регулира изборот на епископите. Овие барања и пасивноста на Епифаниј и неговото свештенство ја покажала неподготвеноста на свештенството да воведе легислатива во духовноста.[1]
Првата јавна служба на Епифаниј била надлежноста врз новопокрстените во Цариград. Во 519 година, годината пред неговиот избор, тој бил испратен со Јован II и грофот Ликиниј во Македонија да ги соберат „ливелосите“ или потписите од оние кои сакале обединување со Католичката црква, по барење на Доротеј, епископот Солунски.[1]
На 25 февруари 520 година бил избран за епископ од страна на византискиот цар Јустин I, со согласност од епископите, монасите и луѓето. Тој бил опишан во писмото на синодот во Цариград до Папата Хормизд како „почитувач на вистинската вера, и човек кој има татковска грижа за сирачињата“.[2]
Тој ги прифатил условите за мир меѓу истокот и западот од неговиот претходник, Јован II со Хормизд, и потврдувајќи го пред соборот во Цариград, каде биле прифатени и указите од Халкедон. Диоскориј, пратеник на Хормизд во Цариград, пишува за неговите ветувања, но додава, „Што може да исполни не можеме да знаеме. Сè уште не побарал заедништво“.[3] Четири писма се зачувани од Епифаниј до Хормизд, кажувајќи му за неговиот избор, праќајќи му го неговиот указ, во кој стои дека се проколнати сите оние чие име папата го забранил да се споменува во диптисите.[1]
Епифаниј го прифатил симболот на Никеја, указите од Ефес, Цариград и Халкедон, и во писмата на папата Лав I во одбрана на верата. Неговото второ писмо било придружувано со путир од злато обиколен со скапоцени камења, и патина од злато, изработен од сребро, и два омота свила, што биле предадени на Римската црква. Во обид мирот да стане траен, го советувал папата да не биде премногу строг во отстранувањето на имињата на поранешните епископи од диптисите. Неговото иземање на епископите од Понт, Азија, и истокот е напишано на многу убав јазик. Одговорите на Хормизд се дадени во одлуките на вториот вселенски собор под водство на Мина, во кои пишува за неговата верба во промисленоста и искуството на Епифаниј, и покажува благост кон повратниците, строгост кон тврдоглавите. Епифаниј целосно ќе го спроведе обединувањето.[4]
Строгите мерки кој ги спроведувал Јустин било издигнување на католиците на истокот го вознемирило Теодорих Велики, остроготски и аријански мајстор на Италија, да му возврати на западот. Јован I, наследникот на Хормизд, се вознемирил и во 525 година, по барање на Теодорих, се упатил во Цариград да го отповика указот со кој аријанците ќе си ги повратат парите (Марцелин Комит).[5]
Голема чест му била укажана на папата Јован во источниот главен град. Луѓето излегле седумнаесет километри надвор од градот за да го пречекаат, носејќи церемонијална облека и крстови. Царот Јустин легнал пред него, и побарал да биде крунисан од негова рака. Епифаниј го поканил да ја изведе мисата, но папата, знаејќи за традицијата за посегање, одбивал да го стори тоа сè додека не му било понудено првото место за седење. Со голема сериозност ја кажал службата на латински за Велигден, служејќи со сите епископи од истокот со исклучок на Тимотеј III Александриски, истакнат непријател на Халкедон.[6]
Во 531 година спорот меѓу Рим и Цариград бил заживеан од молбата на Стефан, митрополит Ларишки, до Бонифациј II, против казната на Епифаниј. Стефан бил сменет и не ја проследил својата молба.[1]
Епифаниј умрел по епископување од 14 години и 3 месеци.[7] Се што е познато за него е во негова корист. Покрај неговите писма до Хормизд, зачувана е и казната од неговиот собор против Севир Антиохиски и Петар Пелтекот.[8] 45 канони се посветени токму на него.[9]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Sinclair 1911.
- ↑ Sinclair 1911 cites Patr. Lat. lxiii. 483.
- ↑ Sinclair 1911 cites Patr. Lat. 482.
- ↑ Sinclair 1911 cites Philippe Labbe, Concil. iv. 1534, 1537, 1545, 1546, 1555, ed. 1671; Patr. Lat. lxiii. 497, 507, 523.
- ↑ Sinclair 1911 cites Chron. ann. 525; Labbe, Concil. iv. 1600.
- ↑ Sinclair 1911 cites Baron. 525, 8, 10; Pagi, ix. 349, 351; AA. SS. May 27; Schröckh, xvi. 102, xviii. 214-215; Edward Gibbon, iii. 473; Milman, Lat. Christ. i. 302.
- ↑ Sinclair 1911 cites Theophanes the Confessor anno 529.
- ↑ Sinclair 1911 cites Patrologia Graeca lxxxvi. 783-786.
- ↑ Sinclair 1911 cites Giuseppe Simone Assemani, Bibl. Orient. 619.
- Attribution
- Оваа статија вклучува текст од дело денес во јавна сопственост: Sinclair, W. M. (1911). . Во Wace, Henry; Piercy, William C. (уред.). Dictionary of Christian Biography and Literature to the End of the Sixth Century (third. изд.). London: John Murray.CS1-одржување: ref=harv (link)
Духовни титули | ||
---|---|---|
Претходник Јован II |
Цариградски патријарх 520–535 |
Наследник Антим I |
|