Идолопоклонство

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Обожување на златното теле“ од Николас Пузин

Идолопоклонство — најчесто се дефинира како обожување на каква било слика, идол или предмет, која е спротивна на монотеизмот. Во аврамските религии идолопоклонството е грев, а во религиите каде не се смета за грев, не постои ни изразот „идолопоклонство“.

Потекло на поимот[уреди | уреди извор]

Меѓународниот поим „идолатрија“ доаѓа од грчкиот збор eidololatria, кој е составен од eidolon, „слика“ или „фигура“ и latreia, „обожување“. Денес терминот „идолатрија“ не е ограничен само на религиозните концепти, туку се користи и за опишување на општествените феномени кога нешто се обожува, а се користи и во светот на филмската индустрија.

Наводи[уреди | уреди извор]