Јован XIV Цариградски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Печат на Јован XIV.

Јован XIV Цариградски (c. 1282–1347) — Вселенски патријарх од 1334 до 1347 година. Тој бил антихесихаст и противник на Григориј Палам. Тој бил активен учесник во граѓанската војна како член на намешништвото на Јован V, против Јован VI.

Живот[уреди | уреди извор]

Јован бол роден во 1282 година во Апрос, Тракија. Откако растел во скромни услови, Јован бил женет и имал син и ќерка.

Кариера[уреди | уреди извор]

Тој бил ракоположен за свештеник. Јован влегол во покровителство под Јован VI, главен министер на Андроник III а подоцна и мегас доместикос, што го донело во контакт со целиот кралски двор. Во 1334 година, против отпорот на патријахалниот Синод Јован Кантакузин, го помогнал изборот на Јован XIV, прво, како митрополит Солунски, а подоцна и како патријарх,мкаде го наследил Исаија.

Околу 1337 година, за време на неговото патријархување, калабриски монах по име Варлам, кој бил опат во Црквата Исус Спасител, и го научил Исихазамот за време на посетата на Света Гора. Варлам, ја изучувал западната схоластика, која била оспорена и се започнала кампања против истата и нејзиниот проповедник Григориј Палам. Спорот се ширел се до 1341 година, кога императорот Андроник III, подржувач на Григориј Палам, го свикал петиот Константинополски собор.Иако го поддржувал Варлам, Јован не се противел на неговото осудување, по што Варлам засекогаш си заминал од Константинопол. Понатамошно, Варламата кауза ја продолжил Григориј Акиндин. Во 1344 година, и во синод свикан од Јован VI, каде отсуствувал патријархот, и на кој Григориј Акиндин бил осуден.

Во 1345 година, кога целосно се посветил на Варламовата мисла, Јован XIV свикал синод кој го екскомуницирал Григориј Палам од црквата и го затворил три години, се до неговата смет во 1347 година. За време на истиот синод бил екскомунициран епископот Монебаски Исидор, ученик на Грегориј.

По смртта на Андроник III во јуни 1341 година, се појавиле две фракции на кралскиот двор загрижени за младенчето совладетел Јован V. Помагнат од интригите на Алексиј Апокавк, двете страни ја започнале граѓанската војна која траела до 1347 година. Со маневрирање една страна се создала околу Јован Кантакузен, кој бил поддржувач на Григориј Палам, и ги вклучувал провинцијалните магнати од Македонија и Тракија. Другата фракција, која ја стекнала империјлната моќ, била водена од Јован XIV и Алексиј Апокавк, и поддржана од страна на вдовицата на Андроник III, Ана Савојска во нејините обиди да го ема совладелството за младиот Јован V. При создавањето на фракцијата, Ана госторила Јован совладетел и го назначила Алексиј Апокавк за епарх.

На почетокот, совладетелите ја имале предноста, но во 1345 Јован Кантакузин, помогнат од страна на Орхан I од отоманскиот емират и убиството на Алексиј Апокавк, им задало удар на совладетелите. Во 1346 година, Јован VI бил крунисан за совладетел во Едрене и влегол во Константинопол на февруари 1347 година. Со ова авршила војната и бил постигнат договор со Кантакузин, кој бил прогласен за совладетел се додека Јован V не бил доволно возрасен да владее сам.

Синодот од 1347 година[уреди | уреди извор]

Синод бил оддржан во февруари 1347 година и го расчинил Јован XIV, протерувајќи го во Дидимотика, и исто така го екскомуницирале Григориј Акиндин. Исидор I, кој бил екскомунициран од синодот во 1344 година бил прогласен за патријарх.[1]

Неколку денови по завршувањето на расправата, Јован VI, победоносно влегол во Константинопол и ги приморал своите противници да го крунисаат за совладетел. Едена од неговите први одлуки била потврдувањето на Јован XIV и да го одобри синодскиот томос кој бил донесен против Јован XIVИси.[1]

Спорот за исихизмот продолжил во наредниот период и синод свикан од страна на поддржувачите на Варлам, кои одбивале да го прифатат Исидор I пред да биде достигната спогодба на шестиот синод во 1351 година за време на начелствувањето на Калист I.

Последни години[уреди | уреди извор]

При крајот на 1347 година, расчинетиот Јован XIV се вратил од прогон во константинопол каде и починал во истата година.

Извори[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Религиозни титули
Претходник
Исаија
Цариградски патријарх
1334–1347
Наследник
Исидор I