Григориј V Цариградски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Григориј V Цариградски
Патријархот Григориј V Цариградски кусо пред да биде погубен, прикажан од Никифор Литрас
Вселенски патријарх, Великомаченик
Роден(а) 1746, Димицана
Починал(а) 22 април 1821, Константинопол
Почитуван(а) во Православие
Главно светилиште Атина
Слава 10 април
Спорови Избран во 1797 година но протеран на Света Гора, Македонија во 1798 година, бил повторно избран во 1806 и протеран на Принцовските острови па повторно во Света Гора во 1810 година за повторно да биде избран во 1818 година

Григориј V ЦариградскиВселенски патријарх во три наврати од 1797 до 1798 година, од 1806 до 1808 и од 1818 до 1821 година. Тој имал голема улога во обновата на црквата „Свети Ѓорѓи“-Истабул, која била оштетена од пожар во 1738 година. Во периодот на избувнувањето на Грчката војна за независност, како етнарх на православниот Милет Григориј V бил обвинет од султанот Махмуд II за неспособност да го сузбие грчкото востание, иако ги осудил грчките востанички дејства за да ги заштити христијаните во Константинопол од репресалиите на турците. Угнетувањата започнале за време на светата недела во 1821 година, откако грчките побуненици постинале успех во борбите со отоманските војски на Пелопонез.

Тој бил изнесен од црквата „Свети Ѓорѓи“-Истабул на 22 април 1821 година, Велигден, веднаш по прославувањето на Велигденската литургија, и обесен (во патријахалната одежда) и висел два дена на портата на патријаршијата по наредба на султанот[1] по што следел масакар на христијанското население во Константинопол.

Во негово сеќавање, портата на Св. Петар, во еден период главна порта на патријаршијата, била заварена во 1821 година и останала заварена до денес.

Смрт[уреди | уреди извор]

Според неколку сведоштва, по смртта на Григориј неговото тело заедно со телата на останатите прелати било предадено на евреите во градот, кои ги влечеле низ улиците и ги фрлиле во морето.[1][2] Сведоштвата се разликуваат во однос на тоа дали евреите кои го сториле ова биле присилени или пак се пријавиле за да го сторат тоа, но приказната се раширила, што довело да се случат неколку крвави одмазнички напади во јужна Грција од страна на грчките востаници кои сметале дека евреите се соработници на турците. Ова пак довело евреите да им се придружат на турците во нападите на христијаните во некои области во северните делови на Грција, што пак довело до нов бран на антиеврејски напади на југот.[2] Во текот на ноќта, телото на патријархот било извлечено од водите од страна на грчки морнари, кои го однеле во Одеса.[1] По погребот, некои од грчките морнари напаѓале еврејски продавници кои работеле за време на погребалната церемонија.[3] Телото на патријархот сепак на кајот завршило во митрополската црква во Атина.

Тој од страна на Грчката православна црква се смета за Великомаченик.

Влијание[уреди | уреди извор]

Бруталното погубување на Григориј V, особено на ден Велигден, ги шокирало и навредило христијаните. Предизвикало и протести ширум Европа и го потпомогнало ширењето на филихеленизмот. Постојат наводи според кои за време на грчката борба за независност, многу востаници го изравирале името на Грегориј на своите мечови како симбол на одмазда.

Дионисиос Соломнос, во својата Ода на слободата, која подоцна станала химна на Грција исто така го спомнува бесењето на патријархот.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Религиозни титули
Претходник
Герасим III
Калиник V
Кирил VI
Цариградски патријарх
1797–1798
1806–1808
1818–1821
Наследник
Неофит VII
Калиник V
Евгениј II