Григориј III Цариградски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Григориј III ЦариградскиВселенски патријарх за време на периодот од 1443 до 1450 година. Не се знае многу за неговиот живот. Не се знае ни неговото презиме. Во неповерливата Chronicum Majus на Георгиј Сфранцес, забележано е дека потекнува од Крит, и неговото првично име било Мелисен. Во други дела се споменува како Мелисен Стратегопул.

Тој се замонашил во 1420 година и се верува дека бил исповедник на императорот Јован VIII.[1] Тој бил поддржувач на унијата со католиците и учествувал на Фиренскиот собор. Тој бил избран за патријарх по смртта на Митрофан II.

Григориј направил се што можел за да ги помири монасите, и црковната хиерархија, и граѓанството со договорот од Фиренца, но се било залудно. Негов најголем противник бил Генадиј II и Јован Евгеник, кој нашироко пишувал против соборот. Водечкото антиунионистичко свештенство одбило да се моли за својот император. Тензијата во свештенството нараснала до тој степен што Григориј го напуштил своето место, и заминал во прогон во Рим во август 1451 година.[2] Тој бил примен од страна на папата Никола V, кој му помогнал финансиски и му вршел притисок на византискиот император повторно да го стави да начелствува. Навистина, проунионистите во латинско освоените делови на Грција продолжиле да го сметаат за легитимен Цариградски патријарх, занемарувајќи го неговиот наследник, антиунионистот Атанасиј II.

Григориј починал во Рим во 1459 година. Тој бил почитуван како светец и чудотворец од страна на католичката црква. Тој напишал два трактати за confutation за делата на антиунионистичкиот епископ Марко Евгеник, и еден за потеклото на Светиот дух. Некои од неговите писма се зачувани, додека останатите три необјавени теолошки трактати, За неквасениот леб, За првичноста на папата и За небесното Beatitude.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Προκοπίου Τσιμάνη, Από υψηλή σκοπιά οι Πατριάρχαι Κωνσταντινουπόλεως, Αθήνα 1981, τόμ. Α΄, σελ. 55
  2. Donald M. Nicol, The Last Centuries of Byzantium, 1261-1453, second edition (Cambridge: University Press, 1993), pp. 371f

Извори[уреди | уреди извор]

Религиозни титули
Претходник
Митрофан II
Цариградски патријарх
1443–1450
Наследник
Атанасиј II
Религиозни титули
Претходник
Франческо Кондулмер
— ТИТУЛАРНО —
Латински патријарх на Константинопол
1453–1459
Наследник
Исидор Киевски