Јосиф I Цариградски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Seal

Јосиф I Цариградски (п. 23 март 1283) — византиски монах кој начествувал двапати како Вселенски патријарх, од 1266 до 1275 година и од 1282 до неговата смрт во 1283 година. Познат е како противник на царот Михаил VIII, кој планирал да ги обедини православната црква и католичката црква, поради што е познат како исповедник во православната црква.

Живот[уреди | уреди извор]

Откако осум години бил во брак тој станал монах. Тој служел како лектор од 1222 до 1254 година, во 1259/60 година станал опат во Лазаровскиот манастир на планината Галесија.[1][2] Јосиф I станал исповедник на имперааторот Михаил VIII (1259–82). Во ова својство, тој бил пратен во 1264 година кај патријархот Арсениј да побара отстранување на изопштувањето од царот поради ослепувањето на младиот Јован IV (1258–61). Арсениј опстојал, сепак, Михаил фо расчинил на 28 декември 1266 го именувал Јосиф I за патријарх. Јосиф наскоро издал помилување за царот, што ги разгневело поддржувачите на неговиот претходиник со што започнала т.н. „Арсенова шизма“.[1][2]

Во 1272 Јосиф го спровел крунисувањето на Андроник II како совладетел, но наскоро се скарал со Михаил VIII поради подоцнежниот предложената унија меѓу православната црква и католичката црква.[1] За Михаил VIII, кој бил под закана на амбициите на Карло I Анжујски, унијата била единствениот инструмент за спречување на целосен напад над неговата империја од страна на западните сили, но византиското свештенство и луѓе едногласно се спротивставиле на барањата на папата за работи поврзани за доктрината и папоцентризмот.[3] Во 1273 година, Јосиф I се заколнал дека нема да ја прифати унијата под условите понудени од папата, и на почетокот на 1274 година, како што се припремала византиската делегација да отпатува за Италија за потврдување на унијата, тој се повлекол од неговите официјални обврски во манастирот Перилепта.[1][2]

Јосиф I се повлекол од позицијата на 9 јануари 1275 година, повлекувајќи се во манастир во Арнавуткој а подоцна и во градот Шиле на брегот на Црното Море, пред да се врати во Цариград во летото 1280 година во манастирот во Ејуп.[2] По смртта на Михаил VIII во 1282, Андроник II ги сменил татковите одлуки поврзани со верата, расчинувајќи го проунистот Јован XI и го повикал Јосиф повторно да го преземе патријархувањето на 31 декември 1282 година. Слабото здравје го приморало Јосиф да се повлече кратко пред неговата смрт на 23 март 1283 година.[1]

Поради издржливиот став против унијатството, тој бил прогласен за исповедник од страна на неговиот наследник Григориј II.[1] Подоцна бил канонизиран за светец, и се чествува на 30 октомври.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Talbot 1991, стр. 1073.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 PLP, 9072. Ἰωσὴφ I..
  3. Geanakoplos 1959, стр. 189–206, 213–245, 258–276.
  4. „Ἰωσὴφ Α´“ (грчки). Ecumenical Patriarchate of Constantinople. Архивирано од изворникот на 2015-09-24. Посетено на 19 October 2014.

Извори[уреди | уреди извор]

  • Geanakoplos, Deno John (1959). Emperor Michael Palaeologus and the West, 1258–1282 - A Study in Byzantine-Latin Relations. Cambridge, Massachusetts: Harvard University Press.
  • Talbot, Alice-Mary (1991). „Joseph I“. Во Kazhdan, Alexander (уред.). The Oxford Dictionary of Byzantium. Oxford and New York: Oxford University Press. стр. 1073. ISBN 978-0-19-504652-6.CS1-одржување: ref=harv (link)
  • Trapp, Erich; Walther, Rainer; Beyer, Hans-Veit; Sturm-Schnabl, Katja (1980). „9072. Ἰωσὴφ I.“. Prosopographisches Lexikon der Palaiologenzeit. 4. Vienna: Verlag der Österreichischen Akademie der Wissenschaften.
Духовни титули
Претходник
Герман III
Цариградски патријарх
1266–1275
Наследник
Јован XI
Претходник
Јован XI
Цариградски патријарх
1282–1283
Наследник
Григориј II