Ефимиј Цариградски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Ефимиј Цариградски (починал 515) — Вселенски патријарх (490–496). Теофан го нарекува Етимиј.[1][2] Пред неговото назначување, Ефемиј бил презвитер во Константинопол, раководител на болница за сиромашните во Неапол, отсуство на евтихијански склоности и опишуван како образована и многу доблесна личност.[2]

Акацијанската шизма[уреди | уреди извор]

Во 482 година, императорот Зенон објавил указ наречен Хенотикон, кој забранувал во тогашните теолошки расправи да се употребува друг критериуми освен оние донесени од соборите од првиот вселенски собор и вториот вселенски собор (занемарувајќи ги указите на четвртиот вселенски собор), внимателно избегнувајќи го спомнувањето на Христовата двојна природа, и со употреба на недосрочени мисли кои требало да ги задоволат монофизитите. И покрај неговите напори, Хеноктиконот сепак не успеал да ги задоволи спротивставените страни: монофизитите не го сакале подеднакво како и католиците. Сепак, истиот бил потпишан од Акациј во Константинопол, Петар Пелтекот Патријарх Александриски и Петар Валавничарот Патријарх Антиохиски. Папата Феликс III свикал римски синод во 484 година на кој присуствувале 67 епископи кој го осудиле имераторскиот указ, и истовремено ги смениле и исклучиле Акациј, Петар Пелтекот и Петар Валавничарот. Акациј возвратил со отстранување на името на папата од неговите диптиси и ги гонел универзалците во Константинопол. Кога починал, патријархот Фравита, кој бил негов наследник, побарал признавање од страна на Рим, но залудно, бидејќи не сакал да се откаже од заедништвото со Петар Пелтекот.[1]

Ефимиј веднаш го признал четвртиот вселенски сабор, го вратил името на папата во неговите диптиси, и се оддалечил од Петар Пелтекот, кој починал во октомври во годината кога Ефимиј бил прогласен за патријарх (490).[2] Со овие свои постапки, ја покажал желбата да го намали јазот со Рим.[1] Нажалост, сепак одбивал да ги отстрани имињата на неговите двајца претходници (Акациј и Фравита) од диптисите, каде се споменувале како верници.[2] Папата Феликс инсистирал еретиците и подржувачите на еретиците да не бидат јавно споменувани во молитви, Ефимиј повторно се обидел да направи помирување Папата Геласиј I, но проблемот продолжил да опстојува, едноставно Ефимиј не можел да ги отстрани нивните имиња од диптисите без да предизвика посрамување и навредување на сите оние кои биле крстени или пак исповедани од неговите претходници.[1] Геласиј дозволил во други случаи во кои би го објавил својот избор, но забележал дека обичајот постои само меѓу патријарси кои се обединети во заедница, и не би се применувал за оние кои, налик на Ефимиј, претпочитале чудна унија со онаа на Св. Петар. Како израз на добра волја Геласиј одобрил канонско покритие за сите оние кои биле крстени или пак исповедани од страна на Акациј.[2]

Теодорих Велики станал мајстор на господар на Италија, и во 493 година ги испратил Фауст и Иринеј да склучи мир со императорот Анастасиј I. За време на заседанието во Константинопол пратениците добиле жалби од грците за римската црква, кои биле пренесени на папата. Ефимиј тврдел дека осудата на Акациј само од еден прелат била неважечка, за да се екскомуницира жител на Константинопол потребно било да се свика сеопшт собор.[3]

Патријарх и император[уреди | уреди извор]

Пред стапувањето на власт на императорот Анастасиј I, Ефимиј го приморал да потпише вероисповед[4] за да падне во немилост кај императорот. Како што се одвивала Изауријската војна, Ефимиј бил обвинет за предавство поради откривањето на императорските планови на непријателите. Војник, кој или по наредба на императорот или пак за да ја добие неговата склоност, го извлекол својот меч кон Ефимиј на вратата од ризницата, но бил убиен од страна на заштитник. Императорот понатамошно ја посакал назад потпишаната вероисповед, која Ефимиј одбил да ја врати, па Анастасиј ги собрал епископите кои биле присутни во главниот град и изнел обвиненија за нивниот патријарх, кој бил последователно екскумунициран и сменет во (496). Народот одбивал да го предаде, но подлегнал пред силата на императорот.[1][2]

Во меѓувреме Ефимиј, плашејќи се за својот живот, побарал засолниште во крстилницата, и одбивал да излезе се додека Македониј II Цариградски не му ветил дека императорот дал збор дека нема да биде повреден за време на спорведувањето на неговиот прогон. Sinclair 1911 Со соодветно чуство на почит за достоинството на неговиот претходник, Македониј побарал од присуниот ѓакон да ја слече својата новодобиен палиум и се облекол самиот како обичен презвитер, неосмелувајќи се да го носи неговиот знак пред канонскиот сопственик. По кус разговор, Македониј (кого ќе го снајде истата судбина) му предал заем за неговите потреби. Ефимиј бил изгонет во Мала Азија и починал во 515 година во Анкира. До самиот крај бил познат како правичен патријарх од неговите следбеници на истокот меѓу кои бил и Илија Ерусалимски Патријарх Ерусалимски, и патријархот Флавија II Антиохиски.[1][2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Fortescue 1909.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 Sinclair 1911.
  3. Sinclair 1911 cites Vict. Tun. Chron. viii. 16
  4. Fortescue 1909 cites Evagrius Scholasticus, H.E., III, xxxii.
Доделено право
Религиозни титули
Претходник
Фравита
Цариградски патријарси
489–495
Наследник
Македониј II