Михаил II Цариградски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Михаил II ЦариградскиВселенски патријарх [од јули 1143 година се до март 1146 година.

На почетокот на 1143 година патријархот Лав и императорот Јован I починале набрзо еден по друг, што довело до период на турбуленции во црквата.[1] Наследникот на Јован II, синот Мануил I приистигнал во Константинопол на 27 јуни 1143 година, од Киликија кадер починал неговиот татко.[2] За целосно да го осигура местото император, Мануел морал да организира крунисување. Но за да го стори тоа потребно било да постави патријарх. Негов избор бил опатот од манастир на островот Оксија, Михаил Куркуас.[2] Крунисувањето не се случило се до 28 ноември 1143 година, бидејќи Михаил се заканил дека ќе се повлече поради непознати причини.[2]

За време на своето челствување Михаил II морал да се справува со политичкото судење на монахот со име Нифонт.[2]на 22 февруари, 1144 година Михаил го осудил Нифонт за подршка на двајца кападокиски епископи кои биле обвинети за кривоверство и подоцна биле прогласени за виновни за практикување на богомилство.[1][2] Ова спречило православните верници да се поврзуваат со него.[1] Михаил II се повлекол во март 1146 година и се вратил во манастирот на Оксија,[2] најверојатно поради несогласувања со императорот.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Paul Magdalino. (2002). The Empire of Manuel I Komnenos, 1143-1180, Cambridge University Press, pp.276-277
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Angold, Michael. Church and Society in Byzantium under the Comneni, 1081-1261. Cambridge University Press, 1995, p.78-79
Религиозни титули
Претходник
Лав
Цариградски патријарх
1143–1146
Наследник
Козма II