Евстахиј Цариградски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Евстахиј ЦариградскиВселенски патријарх од 1019 до 1025 година.

Евстахиј бил протопрезвитер во царската палата и бил устоличен за патријарх од страна на Василиј II. Евстахиј учествувал во напорите на византијците во 1024 година да дојдат до договор со латинското папство поради се поголемите разлики меѓу западната и источната црква, што на крајот ќе доведе до шизмата од 1054 година. Во периодот на Евстахиј, папството ја наметнало својта доминација на целиот христијански свет, но не само првенство, тврдење кое го навредувало Константинопол, во ефективниот духовен свет православната црква ги вклучувала русите, бугарите и србите. Евстахиј му понудил компромис на папата Јован XIX, велјќи дека православниот патријарх ќе биде вселенски во своето владение (in suo orbe) на истокот како што папата ќе биде во своето владение(in universo).[1] Се претпоставува дека ова било обид на Евстахиј да се одржи контролата над јужните италијански цркви.[2] Понудата била одбиена, но од страна на папата Јован било прифатено службата во јужните италијански цркви да се одвива според византиските обреди, доколку се воведе латински обред во црквите во Константинопол.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Previte-Orton, p. 275.
  2. Hussey, p. 122
  3. Runciman, p. 123.

Извори[уреди | уреди извор]

  • Charles William Previté-Orton, ed.. The Shorter Cambridge Medieval History, Vol. 1. Cambridge: University Press, 1979.
  • Steven Runciman. Byzantine Civilisation. London, University Paparback, 1961.
  • JM Hussey. The Orthodox Church in the Byzantine Empire. Oxford: Clarendon Press, 1986.
Религиозни титули
Претходник
Сергеј II
Цариградски патријарх
1019–1025
Наследник
Алексиј I