Прејди на содржината

Рафаил I Цариградски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Рафаил I
Цариградски патријарх
ЦркваЦариградска патријаршија
Назначенпочетокот на 1475
Службата завршилапочетокот на 1476
ПретходникСимеон I
НаследникМаксим III
Лични податоци
Починал1476

Рафаил I (грчки: Ραφαήλ Α΄) бил Вселенски патријарх од 1475 до 1476. Тој бил Србин и често сметан за натрапник.

Рафаил бил српски монарх. Тој беројатно бил избран и поддржуван како патријарх од страна на Мара Бранковиќ, маќеата на Мехмед II.[1] Рафаил бил успешно прогласен за патријарх во првите месеци на 1475[2] ветувајќи му на султанот годишен надоместок од 2000 златни фиорини (италијански монети) и еднократен подарок од 700 златни фиорини.[3]

Грчката заедница во Цариград не била дел од неговото назначување и жестоко се противела. Митрополитот на Хераклеја, кој традиционално го устоличувал новиот патријарх, одбил да го освети и литургијата била прославена од митрополитот на Ангора.[4] Поради оваа причина тој не бил признат за патријарх од поголемиот дел од грчкото свештенство.

Узворите укажуваат на проширена пристрасност против Рафаил. Тој бил клеветен за несоодветно говорење на грчки јазик и бил симнат од престолот поради неговиот странски акцент, а воедно и поради неговата завист од алкохол. Се зборува дека не умеел да стои за време на церемониите на Велики Петок бидејќи бил пијан.[1]

Рафаил владеел окулу една година, сè до почетокот на 1476: на самиот почеток, кога требал да плати надоместок кој го ветил на султанот, тој се обидел да собере пари од неговите верници, а нивната помош ја негирал.[3] Неспособен да го плати данокот, набрзо бил симнат од престолот и затворен. Кратко подоцна тој починал сè уште додека бил во синџири.[5]

  1. 1,0 1,1 Philippides, Marios (2011). The Siege and the Fall of Constantinople in 1453. Ashgate Pub Co. стр. 84–85. ISBN 978-1-4094-1064-5.
  2. Kiminas, Demetrius (2009). The Ecumenical Patriarchate. Wildside Press LLC. стр. 37. ISBN 978-1-4344-5876-6.
  3. 3,0 3,1 Vitalien, Laurent (1968). „Les premiers patriarches de Constantinople sous la domination turque (1454-1476)“. Revue des études byzantines (26): 229–263(260). doi:10.3406/rebyz.1968.1407.(француски)
  4. Runciman, Steven (1985). The Great Church in captivity. Cambridge University Press. стр. 194. ISBN 978-0-521-31310-0.
  5. „Raphael I“. Ecumenical Patriarchate. Архивирано од изворникот на 2015-09-23. Посетено на 3 August 2011.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]