Јован VI Цариградски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Јован VI ЦариградскиВселенски патријарх од 712 до 715 година.

Јован VI бил поставен за патријарх во 712 година од страна на императорот Филипик,како замена за сменетиот патријарх Кир. Јован бил избраник на Филипик, бидејќи и двајцата биле монотелитисти. Верските политики на новиот патријарх и император предизвикале привремен раздор во односите со римската црква. Сепак, во 715 година новиот император Анастасиј II го заменил Јован VI со православниот патријарх Герман I.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Религиозни титули
Претходник
Кир I
Цариградски патријарх
712–715
Наследник
Герман I

Наводи[уреди | уреди извор]

  • The Oxford Dictionary of Byzantium, Oxford University Press, 1991.