Тимотеј II Цариградски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Тимотеј II
Вселенски патријарх
Црква Цариградска патријаршија
Ракоположен октомври/ноември 1612
Службата завршила 3 септември 1620
Претходник Неофит II
Наследник Кирил I
Лични податоци
Роден ?
Бандрма, Турција
Претх. служба патраски митрополит

Тимотеј II — грчки духовник вселенски патријарх од 1612 до 1620 г.

Содржина

Живот[уреди | уреди извор]

Роден во Бандрма,[1] на јужната страна на Мраморното Море. На 28 февруари 1601 г. станал патраски митрополит и се задржал на службата сè до неговото избирање за вселенски патријарх. Впрочем, по симнувањето на Неофит II во октомври 1612 г., на чело на Цариградската патријаршија привремено застанал александрискиот патријарх Кирил III (Кирил Лукарис) во улога на месточувар. Самиот Кирил дошол блиску да биде избран за патријарх, но не успеал поради противењето на четири митрополити, кои сметале дека треба се избере еден од нив. Тимотеј ја возглавил патријаршијата На крајот од октомври или почетокот на ноември со помош од султанот, под ветувањето дека ќе ја зголеми давачката за Високата порта на 8000 гроша годишно.[2]

Тимотеј останал силен противник на Кирил, кого го протерал на Света Гора. Подоцна издејствувал и негово апсење, но овој успеал да пребегне назад во Александрија.[3] Покрај тоа, Тимотеј јавно го прозвал Кирил под обвинение дека е лутеранец.

Сепак, непријателството кон Кирил не се должело на Тимотеевата здруженост со неговите непријатели, католиците, кои биле противници на Кириловата поддршка за протестантството. Самиот Тимотеј исто така бил антикатолик,[2] иако во 1615 г. му испратил писмо на папата Павле V во кое го признава неговото врховенство, но без официјално да прогласи призвраншитво и потчинетост.[4]

Во 1614 г. Тимотеј ја обновил и проширил малата црква „Свети Ѓорѓи“ во цариградската населба Фенер (Фанар) — седиште на патријаршијата од 1601 г.[5]

Починал на 3 септември 1620,[6] или, според други извори во март 1621 г.[2] Своевремено кружеле гласини дека бил отруен на вечерата приредена од холандскиот амбасадор,[4] кој го поддржувал Кирил, но за ова нема докази.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Τιμόθεος Β´“. Ecumenical Patriarchate. http://www.ec-patr.org/list/index.php?lang=gr&id=203. конс. 7 септември 2011 г. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Moustakas Konstantinos. „Timotheos II of Constantinople“. Encyclopaedia of the Hellenic World, Asia Minor. http://www.ehw.gr/l.aspx?id=9377. конс. 7 септември 2011 г. 
  3. C. Emerau. (1926). „Lucar Cyrille“. Dictionnaire de Theologie Catholique 9. Paris: Letouzey et Ané.
  4. 4,0 4,1 Runciman, Steven (1985). The Great Church in captivity. Cambridge University Press. стр. 232, 269. ISBN 978-0-521-31310-0. 
  5. Varvounis, M. C. (2006). Το Οικουμενικό Πατριαρχείο. Athens: Chelandion. стр. 23. ISBN 960-87087-5-3. 
  6. Kiminas, Demetrius (2009). The Ecumenical Patriarchate. Wildside Press LLC. стр. 38. ISBN 978-1-4344-5876-6. 


Претходник
Неофит II
Цариградски патријарх
1636-1637
Наследник
Кирил I