Јоаникиј III Цариградски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јаоникиј III Цариградски
Цариградски патријарх
ЦркваЦариградска патријаршија
Ракоположен26 март 1761
Службата завршила21 март 1763
ПретходникСерафим II
НаследникСамуил I
Лични податоци
Родено. 1700
Починал1793
Манастирот во Халки
Претх. службаСрпски патријарх 1739–46
Митрополит во Халкедон

Јоаникиј III Цариградскипеќски архиепископ и српски патријарх во периодот од 1739 до 1746 година[1] и вселенски патријарх од 1761 до 1763 година.

Живот[уреди | уреди извор]

Јаоникиј е роден околу 1700 година во влијателно византиско и фанариотско семејство Караџа.[2] Тој станал ѓакон во служба на патријархот Пајсиј II и подоцна бил прогласен за протосинкел.[3]

Со договорот од 1739 година во Белград со кој завршила Австро-Руската–Турска Војна (1735–39), Кралството Србија престанало да постои. Султанот го сменил просрпскиот Печки патријарх Арсениј IV и на негово место го поставил гркот Јоаникиј, кој ја имал титулата Печки архиепископ и српски патријарх. Претходниот патријарх се преселил на север во Хазбуршката монархија заедно со многу Срби, денес познати под името Втора српска преселба. Арсениј IV станал митрополит Карловски, одржувајќи ја врската со Србите кои останале во Отоманското Царство под јурисдикција на Јонаикиј. Јоаникиј бил Печки патријарх сè до 1746 година кога поради големите долгови од неговото луксузно живеење бил приморан да ја продаде титулата за да ги плати кредиторите.[3]

По враќањето во Цариград, во септември 1747 година бил назначен за митрополит во Халкедон. На 26 март 1761 година бил избран за Вселенски патријарх, каде останал сè до 21 мај 1763 година кога бил заменет и прогонет на Света Гора.[4]

Благодарение на поддршката на неговото семејство, Јоаникиј се вратил од прогон и се стекнал со одреден приход од манастирот на островот Халкиво близина на Цариград, wкаде починал во 1793 година.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Народна енциклопедија (1927 г.)
  2. Genealogical Tree of the Caradja Family
  3. 3,0 3,1 3,2 R. Aubert (2000). „Joannikios III“. Dictionnaire d'histoire et de géographie ecclésiastiques. 27. Paris: Letouzey et Ané. 1379-80. ISBN 2-7063-0210-0.
  4. Kiminas, Demetrius (2009). The Ecumenical Patriarchate. Wildside Press LLC. стр. 41. ISBN 978-1-4344-5876-6.