Арсениј Цариградски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Арсениј Цариградски (ca. 1200 – 1273), Вселенски патријарх, кој живеел во средината на XIII век.[1]

Роден во Константинопол околу 1200 година, Арсениј се образовал во Никеја во манастир во кој подоцна станал опат. Последователно тој се предал на самотнички живот и аскетизам во битиниски манастир.

Од ова свое самотништво бил повикан од императорот Теодор II на позицијата патријарх Никејски во 1255 година. По смртта на императорот Арсениј можно е да го споделеил старателството над неговиот син Јован IV со Георги Музалон: додека подоцнежните историчари Никифор Григора и Макариј Мелисен тврдат дека патријархот бил старател, современите историчари Георги Пахимер и Акроиполит го именуваат само Музалон.[2] Сепак, неколку денови по Теодоровата смрт Георги Музалон е убиен од страна на Михаил VIII, Арсениј претседателувал со советот на аристократијата, и го назначил Михаил VIII за регент на момчето. Арсениј исто така го извел двојното крунисување на Михаил VIII и Јован IV во јануаи 1259 година.[3]

Во периодотмеѓу смртта на Музалон и двојното крунисување, Арсениј работел на заштита на правата на младиот император Јован IV, во еден момент инсистирал Јован IV и Михаил VIII да разменат меѓусебни заклетви за лојалност. Тој исто така инсистирал на двојното крунисување Јован IV да биде крунисан прв, нешто што Михаил VIII го гледал како сериозна пречка за неговата узурпација на престолот. Бил вршен притисок врз патријархот да дозволи Палеолог да биде крунисан самостојно, дури и младиот император бил под дејство на закани. Патријархот не наишол на подршка од собраните епископи, освен од два прелати, сите мислеле дека Палеолог требало да биде крунисан прв. Арсениј на крајот се сложил да ги круниса Михаил и неговата сопруга прво, додека Јован примил само специјална круна.[4]

По завршувањето на церемонијата, Арсениј се засолнил во Пасхазијскиот манастир, откажувајќи се од титулата но не се откажал од должностите. Никифор II бил востоличен на негово место. Михаил VIII, го ослободил Константинопол од Латинското царство, што го натерало Арсениј да ја правземе повторно титулата Вселенски патријарх, но наскоро го навлекол гневот на Арсениј бидејќи наредил младиот принц Jovan IV да биде ослепен. Арсениј отишол до таму што го екскумуницирал императорот Михаил VIII, откако се обидел да го заплаши патријархот да ја повлече екскумуникацијата со закана дека ќе се жали кај папата, Михаил свикал синод, и го расчинил Арсениј, и кон крајот на мај 1265 година го испратил во прогон.[5] Таму тој починал неколку години подоцна (според фабрициј во 1264 година а според други во 1273 година).

Во периодот на овие одини Арсениј одбивал да ја отстрани екскумуникацијата на императорот Михаил VIII по неговата смрт, кога новиот патријарх Јосиф I ја отстранил екскумуникацијата, настанал спорот меѓу „арсенитите“ и „јосифистите.“ „Арсеновата шизма“ траела се до 1315 година, кога било прогласено помирување од страна на патријархот Нифонт I. Се вели дека Арсениј ги подготвил одлуките на соборите и делата на отците, збирка на свети закони со наслов Synopsis Canonum. Некои велат дека Synopsis Canonum било дело на некој друг Арсениј, монах од Света Гора, се зависи од фактот дали патријархот Арсениј бил или не бил монах во Света Гора.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Arsenius Autoreianus - Catholic Encyclopedia article
  2. Deno John Geanakoplos, Emperor Michael Palaeologus and the West, 1258–1282: A Study in Byzantine-Latin Relations, (Cambridge: Harvard, 1959), p 33n
  3. Geanakoplos, Emperor Michael, pp. 41-46
  4. Michael Angold, A Byzantine Government in Exile: Government and Society Under the Laskarids of Nicaea (1204-1261) (Oxford: University Press, 1975), pp. 89f
  5. Donald Nicol, The Last Centuries of Byzantium, 1261–1453, second edition (Cambridge: University Press, 1993), p. 45

Дополнителна литература[уреди | уреди извор]

Религиозни титули
Претходник
Мануил II
Никифор II
Цариградски патријарх
Прогонет во Никеја
1255–1260
Повратник во Константинопол
1261–1267
Наследник
Никифор II
Герман III