Гаврил II Цариградски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Гаврил II Цариградски
Цариградски патријарх
Црква Цариградска патријаршија
Назначен 23 априлl 1657
Службата завршила 30 април 1657
Претходник Партениј III
Наследник Партениј IV
Други служби Митрополит во Бурса
Лични податоци
Починал 3 декември 1659
(Бурса)
Претх. служба Митрополит во Ганос и Хора
Sainthood
Слава 3 декември
Почитуван од Православие

Гаврил II ЦариградскиВселенски патријарх во период од една недела во 1657 година.

Во 1659 година тој бил осуден од султанот бидејќи покрстил муслиман, и отакако одбил да се откаже од својата вера бил обесен. Од оваа причина се смета за Ново Великомаченик Гаврил, митрополит Бурски и се слави на 3 декември во павославието.[1]

Живот[уреди | уреди извор]

Гаврил бил избран за митрополит во Ганос и Хора на 23 март 1648 година во прв наврат кој траел до 26 ноември 1651 година, и повторно во 1654 година.[2]:172-3 По погубувањето на Партениј III тој бил назначен за патријарх на 23 април 1657 година[2]:40 со подршка на христијанските благородници. Сепак членовите на Светиот синод го сметале за неподобен за престолот, и го смениле неколку денови подоцна на 30 април 1657 година.[3]

По заменувањето, покрај што му била доделена диоцезата Ганос, тој бил назначен и за управник (проедрос) на празното митрополско место во Бурса. Тука тој бил обвинет од страна на еврејската заедница дека покрстил муслиман,[4] иако покрстеникот бил Евреин.[3] Тој исто така бил обвинет за оддржување на добри односи со русите, кој во тој период биле во војна со османлиите.[3]

Султанот Мехмед IV во тој период бил во Бурса, и неговиот Голем везир Ќопрулу Мехмед-паша го затворил Гаврил, и му ветил слобода доколку се пробрати во ислам. Гаврил одбил и бил измачуван и конечно на 3 декември 1659 година бил обесен.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Γαβριὴλ Β´“. Ecumenical Patriarchate. http://www.ec-patr.org/list/index.php?lang=gr&id=229. посет. 23 јуни 2011 г. (грчки)
  2. 2,0 2,1 Kiminas, Demetrius (2009). The Ecumenical Patriarchate. Wildside Press LLC. стр. 40,47,172–3. ISBN 978-1-4344-5876-6. 
  3. 3,0 3,1 3,2 Moustakas Konstantinos. „Gabriel II of Constantinople“. Encyclopaedia of the Hellenic World, Asia Minor. http://www.ehw.gr/l.aspx?id=7507. посет. 23 јуни 2011 г. 
  4. 4,0 4,1 Vaporis, Nomikos Michael (2000). Witnesses for Christ: Orthodox Christian neomartyrs of the Ottoman period. Crestwood: St. Vladimir's Seminary Press. стр. 117–118. ISBN 0-88141-196-5. http://books.google.com/books?id=wTdz-34tZ4sC&&pg=PA117#v=onepage&q&f=false. 
Претходник
Партениј III
Цариградски патријарх
1657
Наследник
Партениј IV