Прејди на содржината

Пахомиј I Цариградски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пахомиј I
Цариградски патријарх
ЦркваЦариградска патријаршија
На службапочетокот на 1503 - почетокот на 1504
есента 1504 - почетокот на 1513
ПретходникНифонт II
Јоаким I
НаследникЈоаким I
Теолепт I
Лични податоци
Починал1513
Претх. службаМитрополит на Зихна

Пахомиј I (грчки: Παχώμιος Α΄) бил Вселенски патријарх од 1503 до 1513, а исто така и краток период во 1504 година.[1]

Пред да биде избран за цариградски патријарх, Пахомиј бил митрополит на Зихна. Кога патријархот Јоаким I бил симнат од престолот во 1502, владетелите на Влашка, доста влијателни врз аферите на цариградската патријаршија, го финансирале избирањето на стариот Нифонт II, кој не прифатил. Така тие ја пренасочиле поддршката кон Пахомиј, кој бил избран во почетокот на 1503.[2]:198 Неговото прво владеење траело само една година, бидејќи во почетокот на 1504 Јоаким I се вратил на престолот по исплатата од 3500 златници на отоманскиот султан.[3]

Набрзо пота Јоаким умрел за влеме на патувањето кон Влашка и така есента 1504 Пахомиј, отсекогаш подджуван од влашките владетели, се вратил на престолот.[2] Второто владеење на Пахомиј траело девет години, долг период во споредба со владеењата на патријарсите од 15 век.

Главниот проблем за време на Пахомијската патријаршија бил случајот со критскиот научник Арсениј Апостолиј. Во 1506[4] Римската курија го назначила Арсениј со источен ритуал за епископ на Монемвасија, тоа време дел од колониите на Венецијанската Република. Арсениј се прогласил во причест на двете, цариградски патријарх и со римокатоличката црква.[3] Оваа позиција била неодржлива за цариградската патријаршија и Пахомиј го повикал Арсениј да се откаже од својот престол. Овој проблем продолжил повеќе од две години сè до јуни 1509 кога Пахомиј го екскомуницирал Арсениј, кој се пензионирал во Венеција.[5]

За време на неговата последна година од патријаршијата, Пахомиј ја посетил Влашка и Молдавија. На враќање, веќе во Селимбрија, Пахомиј бил отруен [6] од Теодол, монарх кој му служел.[7] Набрзо Пахомиј умрел, во почетокот на 1513 година.[1]

  1. 1,0 1,1 Kiminas, Demetrius (2009). The Ecumenical Patriarchate. Wildside Press LLC. стр. 37–8. ISBN 978-1-4344-5876-6.
  2. 2,0 2,1 Runciman, Steven (1985). The Great Church in captivity. Cambridge University Press. стр. 198. ISBN 978-0-521-31310-0.
  3. 3,0 3,1 R. Janin (1956). „Costantinople, Patriarcat grec“. Dictionnaire d'histoire et de géographie ecclésiastiques. 13. Paris: Letouzey et Ané. 676.(француски)
  4. Erasmus, Desiderius (1988). Peter G. Bietenholz (уред.). The correspondence of Erasmus: Letters 1122-1251. Vol 8 of The Correspondence of Erasmus. Toronto Buffalo: University of Toronto Press. стр. 239. ISBN 0-8020-2607-9.
  5. Fedalto, Giorgio (2011). Le Chiese d'Oriente, vol 2. Milano: Jaca Book. стр. 46. ISBN 978-88-16-37013-5.(италијански)
  6. „Pachomios I“. Ecumenical Patriarchate. Архивирано од изворникот на 2016-03-03. Посетено на 21 August 2011.
  7. B.G.Niebuhr, I.Bekker, уред. (1849) [1584]. „Historia Politica et Patriarchica Constantinopoleos“. Corpus scriptorum historiae byzantinae, Volume 49. Bonn. стр. 139–150.(латински)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]