Кирил VI Цариградски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кирил VI Цариградски
Ο Άγιος ο ιερομάρτυς Κύριλλος ΣΤ'.JPG
Кирил VI Цариградски
ПретходникЕремија IV
НаследникГригориј V
Редови
ЧинВселенски патријарх
Лични податоци
Роден1769
Починал1821

Кирил VI ЦариградскиВселенски патријарх во периодот од 1813 до 1818 година.

Биографија[уреди | уреди извор]

Роден е во 1769 година во Одрин, каде и се школувал. Бил интелегентен е добар ученик. Под закрила бил на месниот епископ (подоцна патријарх) Калиник V, кој му ја доделил титулата ѓакон во 1791 година и го прогласил за секретар. Во 1801 година, кога неговиот заштитник стана вселенски патријарх, тој бил назначен за патријахатски архиѓакон. Од оваа позиција бил особено заинтересиран за реорганизација на патријахалното училиште.

Во септември 1803 година бил избран за епископ во Конија, каде епископувал о наредните 7 години. Таму тој се занимавал со воспоставување на училишта, изнаоѓање на учебници и описменување на населението. Во 1810 година бил преместен во катедралната црква во Одрин. На 4 март 1813 година по напуштањето на позицијата на Еремија IV бил избран за Вселенски патријарх.

Како Вселенски патријарх, покрај особениот интерес кон образованието тој го финансирал создавањето на музичко училиште, ја реорганизирал патријахалната болница и објавил многу книги од кои повеќето биле религиозни. Го стабилизирал финансирањето на патријархатот и ја отворил повторно патријахатската печатница како и Големото училиште. Сер претпоставува дека султанот Махмуд II го приморал да си поднесе оставка на 13 декември 1818 година.

По оставката се пензионирал во Одрин. Кога започнала војната во 1821 година, неговото име било во султановиот указ за апсење на 30-те свеѓтеници и познати благородници во одринско. Бил погубен од страна на турците кои го обесиле на портите на црквата и го оставиле телото да виси три дена (првиот пат јажето се скинало и турците како страв од празноверие) го фрлиле во реката Марица. Подоцна неговите остнки биле погребани, а неговата гробница може да посети во дворот на една куќа во селото Кулели Бургас,во близина на реката Марица.

Прогласен е за светец во 1993 година од светиот синод на Руската праволавна црква, и се чествува на 18 април или пак една недела по Велигден.

Извори[уреди | уреди извор]

Претходник
Еремија IV
Цариградски патријарх
1813-1818
Наследник
Григориј V