Теодосиј II Цариградски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Теодосиј II ЦариградскиВселенски патријарх по потекло од Крит кој начелствува во периодот од 1769 до 1773 година.

Биографија[уреди | уреди извор]

Тој бил главен во црквата Св. Ѓеорѓи во Цариград. Подоцна бил избран за епископ во Херсовои Света Гора, а во 1767 година станал еписко во Солун. Бил избран за Вселенски патријарх на 11 април 1769 година, во периодот кога христијаните биле прогонувани пшоради повлекувањето на руските сили кои помогнале по барање на претходниот патријарх Серафим II и останатото свештенство. Теодосиј дејствувал за да ги спаси манастирите во Света Гора од рушење, ги ослободил заробеницците, ги зајакнал училиштата и манастирите и заедно со Ерусалимскиот патријарх, успеале да ја зачуваат православната власт над managed to keep the Светата земја. Конечно се обидел да направи компромис,[1] по однос на прашањето поврзано со коливата на Света Гора.

Бил приморан да се повлече на 16 ноември 1773 година, по дејствата на митрополитот во Бурса Мелетиј. Се повлекол во манастирот Камариотиса во Халки. Во 1776 година откако целосно го изгубил видот се вратил во Цариград каде останал до својата смрт.

Наводи[уреди | уреди извор]

Извори[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]

  • Dennis D. Valais, Thessaloniki Metropolitan Theodosius II (1762-1769), Scientific Annals of the Faculty of Theology, New Series, Department of Theology, Honorary Tribute to Professor Emeritus John Chr. Tarnanidis 17 (2007-8), p. 15-46


Претходник
Мелетиј II
Цариградски патријарх
1769-1773
Наследник
Самуил