Прејди на содржината

Елефтериос Венизелос

Од Википедија — слободната енциклопедија
Елефтериос Венизелос
Ελευθέριος Βενιζέλος
Роден 23 август 1864
Знаме на Отоманската Империја (1453-1844) Мурњес, Хања, Крит, Отоманско Царство
Починал 18 март 1936
Знаме на Франција Париз, Франција

Елефтериос Кирјаку Венизелос (грчки: Ελευθέριος Κυριάκου Βενιζέλος) (23 август 1864 во Мурњес, Крит, Отоманско Царство18 март 1936 во Париз, Франција) бил виден грчки револуционор, истакнат и знаменит државник и харизматичен водач во почетокот на XX век.

Биографија

[уреди | уреди извор]

Ран живот и образование

[уреди | уреди извор]

Елефтериос Венизелос е роден на 23 август 1864 година во селото Мурнијес, близу Ханија на островот Крит, кој во тоа време бил дел од Отоманското Царство. Неговото семејство имало корени во Мистра, Пелопонез, од каде неговите предци избегале на Крит по Пелопонеското востание. Неговиот татко, Киријакос Венизелос, бил истакнат учесник во критските револуционерни движења против османската власт, што влијаело врз формирањето на младиот Елефтериос.

Венизелос пораснал во средина исполнета со националистички идеали и борба за слобода. По завршувањето на основното образование на Крит, тој студирал право на Универзитетот во Атина, каде се запознал со идеите на либерализмот и модерните политички движења. По дипломирањето, се вратил на Крит и започнал да работи како адвокат, но набрзо се вклучил во политичкиот живот.

Политичка кариера

[уреди | уреди извор]
Венизелос со другите учесници на мировните преговори во Букурешт, 1913

Бил министер за надворешни работи и претседател на владата во неколку наврати од 1910 до 1933 година. Потписник на Балканскиот сојуз против Турција 1912 година. За време на Балканските и Првата светска војна водел агресивна надворешна политика во интерес на Грција, наложувајќи се на Балканот со неа. Во 1916 година формирал национална влада во Солун, а во 1917 се вратил во Атина. Бил против обнова на монархијата и враќањето на кралот Константин, но не успеал во тоа. Венизелос имал големо влијание врз внатрешната и надворешна политика на Грција, и поради тоа му се припишува епитетот „создавач на модерна Грција“. Венизелос имал голема фамилија и 14 деца кој биле пријавени во Грција. тој има две сопруги Маријаи Елизабета. Венизелос исто така војувал и во првата светска војна.