Созопол

Од Википедија — слободната енциклопедија

Созопол,
Бугарија Бугарија

Созопол

Област

Бургаска

Општина

Созопол

Население

7 641
(според 2007)

Регистарска ознака

А (BG)
Градоначалник Панаjот Реjзи
Надморска височина 0 м
Портал http://bulgaria.domino.bg/sozopol/
Координати: 42° 25′ С, 27° 42′ И

Созопол (бугарски: Созопол) е град на Црно Море со тврднина. Се наоѓа на полуостров и претставува административен центар на општина Созопол, Бургаска област. Овој пристаништен град со 7 641 жители се вбројува меѓу најстарите антички градови. Градот првпат се спомнува 610 години пред новата ера како елинска колонија („полис“) на милетски Грци со името Аполонија Понтика.

Со подводните истражувања во акваториумот на созополското пристаниште се откриени антички живеалишта, керамички садови, луксузни предмети, монети, камени и коскени предмети од бронзената епоха.

Созопол е со развиен морски туризам и голем број хотели. Изградени се туристичко-рекреативни и спортски објекти. Близу е до камповите „Каваци“, „Златна рибка“ и „Веселие“.

Во градот има комплекс од староградска архитектура – ХVІІІ-ХІХ в., зградите се изградени во странџански архитектурен стил. Кај црковната архитектура, главен пример е Црквата “Св. Богородица” (ХV в.), коja е под заштита на УНЕСКО.

Име[уреди | уреди извор]

Првото име на градот било Антеа, кое му го дале грчките колонисти при населувањето, кое подоцна е сменето во Аполонија, во чест на старогрчкиот бог Аполон, покровител на иселениците. За да се разликува од другите градови со истото име Аполонија, градот почнал да се нарекува Аполонија Илириска или Аполонија Мидрониорум, а се наоѓаат примери каде градот е нарекуван со епитетот Понтика, односно Понтијска, Црноморска (на старогрчки Ἀπολλωνία Ποντική) или Магна, Велика.

Веќе од доцната антика Аполонија е преименувана како Созополис[1] (старогрчки: Σωζόπολις, Созополис, новогрчки Σωζόπολη, Созополи, со превод Град на спасението, избавувањето или оздравувањето). Во портоланските морски карти, издадени во 13 век, градот се споменува со името Sixopoli, Sizopoli, Sinopolis, Sunopolis, Susopori, Suxopori, Gisopoli, Gixopoli и Grisopoli.[2]

Во текот на османлискиот период, името на градот било Сизеболу[3] или Сизеболи.[4][5] По ослободувањето на Бугарија од турското ропство, се користи бугарската форма Созопол.

Историја[уреди | уреди извор]

Антика[уреди | уреди извор]

Реконструкција на портата од античкото утврдување
Црвена керамика, Археолошки музеј во Созопол

Созопол е најстариот град на бугарското црноморско крајбрежје. Најстарата населба била создадена во бронзено време, која ја населиле рибари, земјоделци, и рудари. Подводните истражувања во овој реон откриле артефакти како керамички садови и алатки од камен и коски од тој период. Во заливот биле пронајдени сидра од вториот и првиот милениум пред нашата ера, како доказ на активно рибарство во древно време. Тоа е време кога на црноморскиот брег се населиле Тракијци. Според Херодот во реонот на денешниот Созопол се населило тракиското племе Скирмијади, кои биле познати како добри рудари, и кои одржувале врски со целиот егејски свет.[6]

Во 620 г. п.н.е., на местото на тракиската населба иселници од Милет ја основале грчката колонија со името Антеа,[5] која прераснала во полис, подоцна преименуван како Аполонија.[7] Градот бил важен трговски и пристаништен центар, и одржувал активни врски со полисите Милет, Атина, Коринт, Хераклеја Понтијска, островите Родос, Хиос, Лезбос, со Египет и други. Од крајот на 6 век п.н.е. Аполонија почнала да издава свои монети.

Аполонија останала независна за време на воените походи на Филип II (342 – 339 година п.н.е.) и Александар Македонски (335 година п.н.е.).[8] Во градот се наоѓал голем храм посветен на богот Аполон, но денес не се знае точното место на храмот. Во 72 г. п.н.е. градот бил освоен од римските легиони на Марк Лукул, кој ја пренел статуата на Аполон во Рим и ја поставил на Капитол.

Изглед на Созопол, 1931 г.
Изглед на Созопол, 2007 г.

Среден век[уреди | уреди извор]

Во 395 година регионот на денешен Созопол влегол во составот на Византија, а за време на владеењето на императорот Анастасиј (491 – 518) околу градот биле изградени ѕидини, кои во наредните векови доградувани. Во 4 век градот играл важна улога, и се наоѓал на крајморскиот пат Виа Понтика.

Во 812 година, за време на бугарскиот хан Крум Созопол влегол во рамките на Бугарија, но често се враќал под византиско владеење. Во наредните векови Созопол претставувал обласен и епископски град, еден од најважните христијански центри во западниот дел на црноморското крајбрежје.

Во 1366 година при походот на грофот Амадеј VI кон бугарскиот црноморски брег, во 1366 и 1367 година, градот бил заземен и продаден на Византија, а во 1453 година по долга опсада, градот паднал под власта на османлиските Турци.

Османлиски период[уреди | уреди извор]

Во текот на 17 век Созопол често бил објект на пиратски напади, а во 1629 година сите манастири и цркви во градот биле запалени и уништени од Османлиите.[9]

За време на руско-турската војна, на 16 февруари 1829 Созопол бил заземен од руските сили под раководство на контраадмиралот Михаил Кумани, и приврремено станал база на руската црноморска флота.[10][11] По потпишувањето на Одринскиот мировен договор Созопол бил вратен на Отоманското Царство, a дел од населението избегало од градот заедно со руската војска.

По ослободувањето од турска власт[уреди | уреди извор]

Подоцна градот станал голем риболовен центар, каде се отворило и Рибарско училиште. За време на антигрчките погроми во Бугарија, во 1906 година, што се случиле по масакрот во Загоричани, биле затворени грчките цркви и училишта, а седиштето на епархијата било преместено во Царево, и подоцна во Истанбул. Во 1906 година од Созопол се иселиле 1045 Грци, кои се населиле претежно во Тесалија.

Во 1974 година стариот град е прогласен за архитектонски и археолошки резерват Стар Созопол.

Од 1984 година во Созопол се одржуваат уметничките фестивали Аполонија во септември: театарски претстави, изложби, филмови, музички и танцови настапи, претставувања на книги и други културни настани.

Клима[уреди | уреди извор]

Климатски податоци за Sozopol (2004-2017)
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Прос. висока °C (°F) 6.4
(43.5)
7.6
(45.7)
10.7
(51.3)
16.1
(61)
21.1
(70)
25.6
(78.1)
27.8
(82)
27.3
(81.1)
24.5
(76.1)
19.2
(66.6)
13.7
(56.7)
8.7
(47.7)
17.4
(63.3)
Сред. дневна °C (°F) 2.7
(36.9)
3.7
(38.7)
6.5
(43.7)
11.3
(52.3)
16.2
(61.2)
20.4
(68.7)
22.6
(72.7)
21.9
(71.4)
19.2
(66.6)
15.4
(59.7)
9.5
(49.1)
5.2
(41.4)
12.9
(55.2)
Прос. ниска °C (°F) −0.3
(31.5)
0.5
(32.9)
2.9
(37.2)
7.2
(45)
11.9
(53.4)
15.9
(60.6)
17.9
(64.2)
17.2
(63)
14.6
(58.3)
12.2
(54)
6.0
(42.8)
2.4
(36.3)
9.1
(48.4)
Прос. врнежи мм (ин) 48
(1.89)
43
(1.69)
39
(1.54)
47
(1.85)
47
(1.85)
45
(1.77)
36
(1.42)
28
(1.1)
45
(1.77)
52
(2.05)
73
(2.87)
62
(2.44)
565
(22.24)
Прос. бр. врнежливи денови (≥ 1 mm) 11.5 8.3 6.6 4.1 3.7 4.2 2.6 2.8 4.5 7.2 5.0 10.2 70.2
Сред. бр. сончеви часови месечно 95 115 151 216 241 282 304 285 229 181 97 71 2.220
Извор: weatherbase.com[се бара извор]

Население[уреди | уреди извор]

Во табелата се дадени информации за населението на Созопол по години: од пребројување (¹), приближна проценка (²) или статистичко пребројување од страна на соодветните државни институции (³)[12].

Година Жители
1934 ¹ 3079
1946 ¹ 3195
1956 ¹ 3257
1956 ¹ 3257
1965 ¹ 3427
Година Жители
1975 ¹ 3880
1985 ¹ 4439
1992 ¹ 4550
2000 ³ 3617
2001 ¹ 4358
Година Жители
2007 ³ 5396
2009 ³ 5410
2011 ¹ 4317

Личности[уреди | уреди извор]

Празници[уреди | уреди извор]

  • Празници на уметноста Аполонија: 1 септември — 10 септември
  • Џулаja, вечерта на 30 јуни - 1 јули

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Бистра Андреева Цветкова: Perigrinatores Francogalici de terris Haemo adiacentibus narrantes в Том 4 Чужди пътеписи за Балканите, 1981 стр. 147 – 148
  2. Peter Soustal: Thrakien
  3. Бистра Андреева Цветкова: Perigrinatores Francogalici de terris Haemo adiacentibus narrantes в Том 4 Чужди пътеписи за Балканите, 1981 стр. 192, стр. 194
  4. Бистра Андреева Цветкова: Френски пътеписи за Балканите: XV-XVIII в Том 1 Чужди пътеписи за Балканите, 1975 стр. 355
  5. 5,0 5,1 Sozopolis, Catholic Encyclopedia, посетен на 21 мај 2012 година
  6. План за развитие на Община Приморско[мртва врска], стр. 13, Областна управа Бургас, посетен на 22 мај 2012
  7. Ammianus Marcellinus: Res gestae 22, 8, 43.
  8. „Balkan heritage projects 2012: APOLLONIA PONTICA EXCAVATION PROJECT“. Архивирано од изворникот на 2014-07-23. Посетено на 2019-01-19.
  9. Kamperidis, стр. 31 – 39; Κ. Κonstantinides: Η Απολλωνία. Σωζόπολις νυν καλούμενη. во: Thrakikia 3 (1932) стр. 166; Г. Луков: Κняз Фердинанд и Мария Луиза – дарители на Созопол. во: Море 4 (1996) стр. 18 – 19.
  10. Црноморска флота. Москва, Воениздат, 1987, стр. 32 – 33
  11. Смык, А. А. Црноморската флота во руско-турските војни, 1828 – 1829 година Архивирано на 3 декември 2013 г.. Дриновський збiрник. Том V. 2012, стр. 332 – 333
  12. Населението на град Созопол, општина Созопол, област Бургас, НСИ

Надворешни врски[уреди | уреди извор]