Светец

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Светец или светител (ж. светица, светителка) — поим во христијанството кој опишува човек, кого смета за пример за исклучителна верска доблест и светост. Постои разлика во употребата во зависност од различните христијански деноминации. Зборот потекнува од грчкиот збор άγιος (агиос) што значи „свети“ или „светец“ во Новиот Завет, каде е користен за да се опишат следбениците на Исус од Назарет.

Со развојот на христијанството значењето на зборот се променило и често се користи за ознака на одредени личности кои претставуваат пример за следење во верата, кои се почитуваат како инспирација за другите христијани.

Светците како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

Светците се јавуваат како тема во бројни дела од уметноста и популарната култура, како:

  • „Светецот и грешникот“ - басна на американскиот писател Емброуз Бирс.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 82.