Свештенство

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Духовник)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Свештенство

Свештенство[1] или клер[2] - лица кои ја извршуваат верската служба во некоја религија.

Свештенството во христијанската црква[уреди | уреди извор]

Свештенството (грчки: Εκκλησιαστικός κλήρος - црковен клир), односно Светата Тајна Свештенство е залог на присуството на Исус Христос во црквата,[3], која ја стекнал со крвта своја, и во која постојано делува преку Светиот Дух, како нејзин божествен основал и поглавар. Неговото постојано присуство во црквата било објавено преку епископите, презвитерите и ѓаконите. Преку ракополагањето, според христијанската традиција, свештените лица го примаат дарот на Светиот Дух, кој ги посветува и поставува на определениот степен на црковната хиерархија. Како што на апостолите им дал власта за поучување и свештенодејствување, така Исус ја дал власта и службата на црковната хеиерархија, како Пастир и Чувар на верниците [4].

Според средновековната црковна книжевност, свештениците се одликуваат со голема духовна моќ при што тие се способни да ги совладаат ѓаволите. На пример, во делото „Дијалози“, Григориј Велики раскажува за една калуѓерка која јадела салата и во неа влегол еден ѓавол кој седел на лист од салатата. Штом се појавил опатот Еквитиј, исплашениот ѓавол почнал да се жали и веднаш се повлекол, штом опатот му го наредил тоа. Во друга прилика, презвитерот Стефан уморен се вратил дома и го повикал својот слуга со зборовите: „Дојди ѓаволе, собуј ме“. Тогаш, обувките почнале самите да се собуваат, а свештеникот сфатил дека станува збор за ѓаволот; тогаш, тој го избркал и ѓаволот веднаш си заминал. Свети Фортунат го избркал ѓаволот од еден опседнат човек, по што ѓаволот скитал низ градските улици жалејќи се дека останал без засолниште. Григориј од Тур ја наведува случката во која ѓаволот влегол во ќерката на императорот Лав и не сакал да излезе, барајќи лично да дојде лионскиот архиѓакон.[5] Григориј Велики ја наведува и случката во која ѓаволот влегол во еден селанец, принудувајќи го да блее и да цвичи, а една калуѓерка му наредила на ѓаволот да се префрли во некое прасе кое случајно се нашло во близината.[6] Во „Животот на отците“ (Vitae patrum), Григориј од Тур раскажува за ѓаволите кои нападнале некој манастир, а калуѓерите одговориле со причест и со исповедi кои ѓаволите не можеле да ги поднесат.[7]

Сепак, дури и во црковната книжевност се опишуваат случки во кои свештениците не се однесуваат побожно, Така, Цезариј од Хајстербах наведува повеќе случки во кои ѓаволите ги напаѓаат дури и свештениците во случаите кога тие се однесуваат несоодветно: на пример, во некоја црква во која свештениците ги пееле црковните песни гласно и без побожност, а ѓаволот ги собирал нивните гласови при што наполнил цела вреќа; околу некој калуѓер кој спиел во манастирскиот хор се собирале ѓаволите во облик на свињи, кои ги собирале гласовите кои испаѓале од неговата уста; некој грешен свештеник другарувал со некој витез со кого правел порочни дела, а ѓаволот го казнил така што се преправил како свештеникот и го налутил витезот, кој му ја повредил главата на свештеникот;[8] еден калуѓер заспал за време на молитвата, а на неговиот грб се појавил ѓаволот во облик на змија, а на главата на друг калуѓер, кој исто така спиел за време на молитвите, стоел мачор.[9]

Во своето дело „Пофалба на глупоста“, Еразмо Ротердамски ги критикува и исмејува свештениците и нивното практикување на христијанството. За монасите, тој вели дека се многу далеку од вистинската религија, а сепак, тие се исполнети со самољубие, сметајќи се себе за круна на побожноста, иако некои од нив не знаат ниту да читаат. Исто така, тој им се потсмева на монашките правила во однос на видот и бојата на облеката, бројот на часовите за спиење, бројот на свештеничките редови (францисканци, бенедиктинци, бернардинци, вилхелмити, јаковити, августинци, итн.). Во продолжение, Еразмо ги исмејува и проповедите на свештениците во кои тие прават разни гримаси и ги користат реторичките правила за да го освојат вниманието на публиката, независно од тоа што проповедаат бесмислици.[10] Во продолжение, тој ги критикува и високите свештеници (бискупите и кардиналите) кои се интересираат само за удобен живот, а ги занемаруваат свештеничките должности.[11] Според него, свештениците мора да бидат ослободени од сите желби на овој свет и мора да мислат само на небесните работи, но наместо тоа, исто како световните луѓе, и свештениците мислат на приходите и на парите.[12]

Свештенството како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

Свештенството како тема во книжевноста[уреди | уреди извор]

  • „Попот и парохијаните“ (Поп и парохијани) - српска народна приказна.[13]
  • „Се удавил попот што не ја дал раката“ (Утопио се поп што није руку дао) - српска народна приказна.[14]
  • „Калуѓерот и четирите грешници“ (Калуђер и четири грјешника) - српска народна приказна.[15]
  • „Овчарот и владиката“ - македонска народна приказна.[16]
  • „Поуката на еден поп“ - македонска народна приказна.[17]
  • „Неучениот поп“ - македонска народна приказна.[18]
  • „Попот јарец“ - македонска народна приказна.[19]
  • „Селанецот и оџата“ - македонска народна приказна.[20]
  • „Попе, попе магаре“ - македонска народна песна.[21]
  • „Испосник“ - песна на рускиот поет сергеј Главјук.[22]
  • „Свештеникот од Кукуњан“ - расказ на францускиот писател Алфонс Доде од 1869 година.[23]
  • „Службата на отецот Радослав“ (српски: Служба оца Радослава) - расказ на српскиот писател Мирослав Јосиќ Вишњиќ.[24]
  • Ќерката на свештеникот“ - роман на британскиот писател Џорџ Орвел од 1935 година.[25]
  • „Читачот на посланија“ - расказ на италијанскиот писател Лујџи Пирандело.[26]
  • „Итар Пејо момок кај попот“ - расказ на македонскиот писател Стале Попов.[27]
  • „Итар Пејо и владиката“ - расказ на македонскиот писател Стале Попов.[28]
  • „Итар Пејо, попот и алвата“ - расказ на македонскиот писател Стале Попов.[29]
  • „Монах стои пред портите манастирски“ - песна на македонскиот поет Анте Поповски.[30]
  • „Монахот од Кучевиште што создава ружи“ - песна на македонскиот поет Анте Поповски.[31]
  • „Разговори со свештеникот“ - поетска збирка на полскиот поет Тадеуш Ружевич.[32]

Свештенството како тема во музиката[уреди | уреди извор]

International Quran Competition for Students of Islamic Seminary Schools 10.jpg
  • „Свештеникот Садок“ (англиски Zadok the Priest, HWV 258) — свечена ода на Георг Фридрих Хендл од 1727 година.[33]
  • „Тажната калуѓерка“ (The blue nun) - песна на американската рап-група „Бисти бојс“ (Beastie Boys) од 1992 година.[34]
  • „Балада за Френки Ли и свештеникот на Јуда“ (The Ballad Of Frankie Lee And Judas Priest) - песна на американскиот рок-музичар Боб Дилан од 1967 година.[35]
  • „Помоден свештеник“ (Hip Priest) - песна на британската рок-група „Фол“ (The Fall) од 1982 година.[36]
  • „Темата за црниот монах, Прв дел“ (Black Monk Theme, Part I) - песна на британската рок-група „Фол“ (The Fall) од 1990 година.[37]
  • „Темата за црниот монах, Втор дел“ (Black Monk Theme, Part II) - песна на британската рок-група „Фол“ (The Fall) од 1990 година.[38]

Свештенството како тема во филмот[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „свештенство“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „клер“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
  3. Мт 28,20
  4. 1Пет 2,25
  5. Aron Gurevič, Problemi narodne kulture u srednjem veku. Beograd: Grafos, 1987, стр. 291-293.
  6. Aron Gurevič, Problemi narodne kulture u srednjem veku. Beograd: Grafos, 1987, стр. 387.
  7. Aron Gurevič, Problemi narodne kulture u srednjem veku. Beograd: Grafos, 1987, стр. 389.
  8. Aron Gurevič, Problemi narodne kulture u srednjem veku. Beograd: Grafos, 1987, стр. 301, 303.
  9. Aron Gurevič, Problemi narodne kulture u srednjem veku. Beograd: Grafos, 1987, стр. 386.
  10. Erazmo Roterdamski, Pohvala ludosti. Beograd: Rad, 2016, стр. 74-79.
  11. Erazmo Roterdamski, Pohvala ludosti. Beograd: Rad, 2016, стр. 82-83.
  12. Erazmo Roterdamski, Pohvala ludosti. Beograd: Rad, 2016, стр. 86.
  13. Вук Караџић, Српске народне приповијетке. Београд: Лагуна и Вукова задужбина, 2017, стр. 376-377.
  14. Народне приповетке. Београд: Просвета, 1963, стр. 147.
  15. Вук Караџић, Српске народне приповијетке. Београд: Лагуна и Вукова задужбина, 2017, стр. 154-155.
  16. Македонски хумористични народни приказни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 52-53.
  17. Македонски хумористични народни приказни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 54-55.
  18. Македонски хумористични народни приказни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 70-71.
  19. Македонски хумористични народни приказни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 56-57.
  20. Македонски хумористични народни приказни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 8.
  21. Блаже Тренески, Стојна ситноода. Скопје: Студентски збор, 1981, стр. 71.
  22. Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига III: Средина XX века – поч. XXI века (неомодернизам, неоавангарда, постмодернизам и нова трагања). Београд: Paidea, 2007, стр. 241.
  23. Alphonse Daudet, Pisma iz mog mlina. Zagreb: Znanje, 1986, стр. 93-99.
  24. Мирослав Јосиħ Вишњић, Сабране приповетке. Београд: Драганић, 1995, стр. 77-90.
  25. Džordž Orvel, Životinjska farma. Beograd; BIGZ, 1985, стр. 101.
  26. Luiđi Pirandelo, Novele. Beograd: Rad, 1962, стр. 12-19.
  27. Стале Попов, Итар Пејо. Скопје: Мисла, Детска радост, Култура, Наша книга, Македонска книга, 1980, стр. 6-9.
  28. Стале Попов, Итар Пејо. Скопје: Мисла, Детска радост, Култура, Наша книга, Македонска книга, 1980, стр. 18-23.
  29. Стале Попов, Итар Пејо. Скопје: Мисла, Детска радост, Култура, Наша книга, Македонска книга, 1980, стр. 36.
  30. Анте Поповски, Дрво што крвави. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 95.
  31. Анте Поповски, Дрво што крвави. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 44-45
  32. „Napomena priređivača“, во: Tadeuš Ruževič, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg / Čigoja štampa, 2013, стр. 328.
  33. Classical Archives
  34. DISCOGS, Beastie Boys ‎– Check Your Head (пристапено на 17.6.2020)
  35. DISCOGS, Bob Dylan ‎– John Wesley Harding (пристапено на 21.2.2020)
  36. YouTube, The Fall - Hex Enduction Hour (Full Album) (пристапено на 18.6.2017)
  37. YouTube, The Fall - Extricate (1990)(full album) (пристапено на 29.6.2017)
  38. YouTube, The Fall - Extricate (1990)(full album) (пристапено на 29.6.2017)
  39. IMDb, The Pilgrim (1923) (пристапено на 23.12.2017)