Абасидски Калифат

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Абасидски калифат)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Абасидски Калифат
ٱلْخِلافَةُ ٱلْعَبَّاسِيَّة
Царство


Црно знаме

Калифатот на својот врв, ~ 850.
Главен град
Јазици арапски
Вероисповед Сунизам
Уредување Калифат
калиф
 -  750–754 Ас-Сафах (first)
 -  1242–1258 Ел Мустази (последен калиф во Багдад)
 -  1508–1517 Ел Мутавакил III (последен калиф во Каиро)
Историја
 -  Основана 750
 -  Замрела 1517
Валута
Минати
Следни
Омејади
Отоманско Царство
Фатимиди
Мамелучки султанат
Сафариди
Зијадиди
Аглабиди
Монголско Царство

Абасидски Калифат или Абасиди (арапски: ٱلْخِلافَةُ ٱلْعَبَّاسِيَّة‎, al-Khilāfatu al-‘Abbāsīyah) — трет од исламските калифати кои го наследиле исламскиот пророк Мухамед. Династијата Абасиди потекнува од вујкото на Мухамед, Абас ибн Абд ал-Муталиб (566-653 н.е.), според кого династијата го носи своето име[1]. Тие владееле како калифи во најголем дел од нивниот период од нивниот главен град во Багдад во денешен Ирак, по преземањето на власта над муслиманската империја од Омејадите во 750 година.

Калифатот на Абасидите во почетокот својата администрција ја имала во градот Куфа, но во 762 година калифот Ел Мансур го основал градот Багдад, во близина на главниот град Ктесифон. Периодот на Абасидите бил обележан со потпирање во преден план на персискирте бирократи (особено семејството Бармакиди) за владеење на териториите освоени од арапските муслимани, како и зголемено вклучување на неарапските муслимани во Умата. Персиските обичаи биле широко прифатени од владејачката елита и започнале да ги поддржуваат уметниците и научниците[2]. Багдад станал центар на науката, културата, филозофијата и иновациите за време на Златното доба на исламот.

И покрај оваа првична соработка, Абасидите од крајот на 8 век ги отуѓиле неарапските мавали[3] и иранските бирократи[4]. Тие биле принудени да се откажат од авторитетот над ел-Андалуз и Магреб до Омејадите, Мароко до династијата Идрисиди, Ифрикија до Аглабидите и Египет до шиитскиот калифат на Фатимидите. Политичката моќ на калифите во голема мера завршила со подемот на иранската Бујидска династија и Селџуците. Иако раководството на Абасидите над огромната исламска империја постепено се сведувала на церемонијална религиозна функција, династијата ја задржала контролата над своите месопотамски области.

Овој период на културно остварување завршил во 1258 година со зазимањето на Багдад од страна на Монголите под Хулегу хан. Абасидската линија на владетели и муслиманската култура воопшто, повторно се центрирала во главниот град на Мамелуците, Каиро, во 1261 година. Иако недостасувало политичка моќ, династијата продолжила да бара авторитет во религиозните прашања сè до османлиското освојување на Египет во 1517 година[5].

Историја[уреди | уреди извор]

Абасидска револуција (750–751)[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Абасидска револуција.

Абасидските калифи биле Арапи кои потекнувале од Абас ибн Абд ал-Муталиб, еден од најмладите чичковци на Мухамед и од истиот клан на Бану Хашим. Абасидите тврделе дека се вистински наследници на пророкот Мухамед за разлика од потомците на Омејадите од Умаја ибн Абд Шамс, врз основа на нивната поблиска крвна линија до Мухамед.

Абасидите исто така се издвојувале од Омејадите со напаѓање на нивниот морален карактер и администрација воопшто. Абасидите исто така свое внимание обрнале и на неарапските муслимани, познати како мавали, кои останале надвор од општеството на Арапите, базирано на сродство, и истите биле сметани за пониска класа во рамките на империјата на Омејадите. Мухамед Ибн Али, правнук на Абас, започнал кампања за враќање на власта во семејството на пророкот Мухамед, Хашмитите, во Персија за време на владеењето на Умар II.

За време на владеењето на Марван II, ова кулминирало со бунтот на имамот Ибрахим, четвртиот по потекло од Абас. Поддржан од провинцијата Хорасан, Персија, гувернерот им се спротивставил, а шиитските Арапи постигнале значителен успех [1][6], но тој бил заробен во 747 година и загинал, можеби убиен, во затвор.

На 9 јуни 747, Абу Муслим, кој се издигнал од Хорасан, успешно иницирал отворен револт против владеењето на Омејадите, што се одвивало под знакот на Црното Знаме. Близу 10.000 војници биле под команда на Абу Муслим кога непријателствата официјално започнале во Мерв[7]. Генералот Катаба го следел гувернерот на бегство Наср ибн Сајар на запад, победувајќи ги Омејадите во битката кај Нишапур, битката кај Горган, битката кај Нахаван и конечно во Битката кај Карбала, сите во годината 748[6]

Balami - Tarikhnama - Abu'l-'Abbas al-Saffah is proclaimed the first 'Abbasid Caliph (cropped).jpg

Конфликтот бил преземен од братот на Ибрахим Абдала, познат под името Абу ал-Абас ас-Сафах, кој ги поразил Омајадите во 750 во битката кај Големиот Заб и подоцна бил прогласен за калиф[8]. По оваа загуба, Марван избегал во Египет, каде што подоцна бил убиен. Остатокот од неговото семејство исто така било погубено[6].

Веднаш по нивната победа, Ас-Сафха ги испратил своите сили во Централна Азија, каде што неговите сили се бореле против проширувањето на Династија Танг за време на битката кај Талас. Благородното иранско семејство Бармакиди ја претставило првата светска фабрика за хартија во градот, со што започнала нова ера на интелектуална преродба во доменот на Абасидите. Ас-Сафха се фокусирал на задушување на бројните бунтови во Сирија и Месопотамија. Византијците спровеле неколку напади за време на овие рани години[6].

752-775[уреди | уреди извор]

The city of Багдад помеѓу 767 и 912

Првата промена на Абасидите, под Ал-Мансур, била да се премести престолнината на империјата од Дамаск, Сирија, во Багдад во Ирак. Ова се направило за да се смират страстите и да се биде поблиску до персиската база за поддршка на мавалите во овој регион, а дел од персиските мавали барале помала арапска доминација во империјата. Багдад бил основан на реката Тигар во 762 година. Багдад бил првичното јадро на новонастанатиот главен град на Абасидите. И покрај тоа што е невозможно да се наведат какви било директни влијанија, сепак имало неколку примери на кружни градови од предисламска Персија, кои можеби обезбедиле инспирација за негова изградба[9]. Нова позиција, онаа на везирот, исто така била основана за делегирање на централната власт, а уште поголема власт била доделена на локалните емири[10].

Ова на крајот значело дека многу абасидски калифи биле преокупирани повеќе на церемонијалната улога отколку кај Омејадите, бидејќи везирите почнале да имаат поголемо влијание, а улогата на старата арапска аристократија полека била заменета со персиската бирократија[10].

Абасидите во голема мера зависеле од поддршката на Персијцитеs[1] при нивното соборување на Омејадите. Наследникот на Абу ал-Абас, Ал-Мансур ги прифатил повеќе неарапските муслимани. Иако ова помогнало да се интегрираат арапските и персиските култури, тој започнал да одбегнува многу од нивните арапски поддржувачи, особено Арапите од Хоросан, кои ги поддржале во нивните битки против Омејадите.

Овие пукнатини во нивната поддршка довело до непосредни проблеми. Омејадите иако не биле на власт, тоа не значело дека биле целосно уништени. Единствениот преживеан член на кралското семејство од Омејадите, кое било целосно уништено, на крајот се упатил кон Шпанија, каде што се етаблирал како независен емир (Абдурахман I, 756). Во 929 година, Абдурахман III ја презел титулата калиф, со што ел-Андалуз од Кордоба станал ривал на Багдад како легитимен главен град на Исламската Империја.

Во 756 година, калифот Ал-Мансур испратил над 4.000 арапски платеници за да им помогне на династијата Танг во бунтот Ан Ши против Ан Лушан. Абасидите или „Црните знамиња“, како што вообичаено се нарекувале, биле познати во хрониките на династијата Танг, како hēiyī Dàshí. Ал-Рашид испратил амбасади во кинеската династија Танг и воспоставил добри односи со нив[11][12]}}[13][14][15][16][17] After the war, these embassies remained in China [18][19][20][21][22]. По војната, овие амбасадори останале во Кина</ref>[23][24][25][26], а калифот воспоставил сојуз со Кина[11].

775–861[уреди | уреди извор]

Раководството на Абасидите морало напорно да работи во последната половина на 8 век (750-800), под неколку компетентни калифи и нивните везири за надминување на политичките предизвици создадени од далеку распространетата природа на империјата и ограничената комуникација низ неа и воспоставување административни промени потребни за одржување на редот[27]. Исто така, во текот на овој ран период на династијата, особено за време на владеењето на Ал-Мансур, Харун ал-Рашид и Ал-Мамун, била создадена репутацијата и моќта на династијата[1].

Ал-Махди ги обновил борбите со Византијците, а неговите синови го продолжиле конфликтот додека царицата Ирина не понудила мир[6]. По неколкугодишниот мир, Никифор I го прекршил договорот, а потоа се откажал од повеќе инвазии во текот на првата деценија на 9 век. Овие напади се одвивале на Таур, кулминирајќи со победата во битката кај Красос и масовната инвазија на 806, предводена од самиот Рашид[28].

Морнарицата на Рашид, исто така, се покажала како успешна кога го презел Кипар. На крајот, настаните се свртиле и голем дел од стекнатото земјиште било изгубено. Рашид решил да се фокусира на бунтот на Рафи ибн ал-Лејт во Хорасан и починал додека бил таму[28]. Додека Византија се борела против владеењето на Абасидите во Сирија и Анадолија, воените операции во текот на овој период биле минимални, бидејќи калифатот се фокусирал на внатрешните работи, неговите гувернери имале поголема автономија искористувајќи ја нивната зголемена моќ да ги стават своите позиции наследни[10].

Во исто време, Абасидите се соочиле со предизвици поблиску до дома. Харун ал-Рашид ги уништил Бармакидите, персиско семејство, кое значително ја зголемило својата власт во администрацијата на државата, убивајќи го поголемиот дел од семејството[29]. Во истиот период, неколку фракции започнале да го напуштат царството кон други земји или да ја преземат контролата на далечните делови на империјата подалеку од Абасидите. Владеењето на Ал-Рашид и неговите синови се сметало за врв на Абасидите[30].

Златен динар кован за време на владеењето на Ал-Амин.

По смртта на Рашид, империјата била поделена од граѓанска војна меѓу калифот Ал-Амин и неговиот брат Ал-Мамун, кој ја имал поддршката од Хорасан. Оваа војна завршила со двегодишна опсада на Багдад и евентуална смрт на Ал-Амин во 813 година[28]. Ал-Мамун владеел во ваесетгодишен релативен мир, и бил одговорен за создавање на автономнен Хорасан и континуирано одбивање на византиските напади[28].

Ал-Мутасим дошол на власт во 833 година и неговото владеење го означил крајот на силните калифи. Тој ја зацврстил својата лична армија со турски наемници и веднаш ја започнал војната со Византијците. Неговите воени походи биле главно успешни, кулминирајќи со убедлива победа во Аморион. Неговиот обид за заземање на Константинопол не успеал кога неговата флота била уништена од невреме[31]. Византијците ги рестартирале борбите со зазимање на Дамиета во Египет. Ал Мутаваки одговорил со испраќање на своите војници во Анадолија повторно, додека тие на крајот беа поразени во 863 година[32].

861–945[уреди | уреди извор]

Во 820 година, Саманидите започнале да имат независна власт во Трансоксијана и Голем Хорасан. Сафаридите од Хорасан, речиси го зазеле Багдад во 876 година, а Тулунидите ја презеле контролата над поголемиот дел од Сирија. Продолжил трендот на слабеење на централната моќ и зајакнувањето на малите калифати на периферијата[30].

Исклучок бил десетгодишниот период на владеењето на Ал-Мутадид. Тој вратил делови од Египет, Сирија и Хорасан под контрола на Абасидите. Особено по „Анархијата во Самара“, централната власт на Абасидите била ослабена, а периферните центри станале многу позначајни во калифатот. До почетокот на 10 век, Абасидите речиси ја изгубиле контролата над Ирак од разни емири, а калифот Ал-Рад бил принуден да ја признае нивната моќ со тоа што ја создал позицијата „кнез на кнезовите“(amir al-umara).[30].

Ал-Мустакфи имал кратко владеење од 944-946 година, и во овој период, персиската фракција, позната како Бујиди од Дајмал, дошла на власт и ја презела контролата врз бирократијата во Багдад. Според историјата на Ибн Мискавајх, тие започнале да ги доделуваат иктите (феуд во форма на даночни фарми) на нивните поддржувачи. Овој период на локализирана секуларна контрола траел речиси 100 години[1]. Губењето на моќта на Абасидите во времето на Бујуидите се променила, на сличен начин како што моќта на Селџуците пораснала во Персија[30].

На крајот на осмиот век, Абасидите веќе утврдиле дека повеќе не можат да ја задржат власта во целокупното царство. Во 793 година, шиитската династија Идрисиди основала држава во Фез во Мароко, додека семејството на гувернерите под Абасидите станале независни додека не го основале Аглабидскиот емират од 830-тите години. Ал-Мутасим го започнал слабеењето со употреба на немуслимански платеници во неговата лична армија. Исто така во текот на овој период офицерите започнале да извршуваат атентати над претпоставените со кои тие не се согласувале, особено калифите[1].

До 870-тите Египет станал автономен под Ахмад ибн Тулун. На исток, гувернерите ги намалиле своите врски со центарот. Сафаридите од Херат и Саманидите од Бухара зачувале многу повеќе од персиската култура. Во тоа време само централните земји на Месопотамија биле под директна контрола на Абасидите, со Палестина и Хиџас често управувани од Тулунидите. Византија, од своја страна, започнала да ги протерува арапските муслимани подалеку од исток во Анадолија.

До 920-тите, ситуацијата се променила понатаму, бидејќи Северна Африка била изгубена од Абасидите. Шиитската секта која само ги препознава првите пет имами и ги трасира своите корени од ќерката на Мухамед, Фатима, ја презела контролата над Аглабидите[30]. Нарекувани како династија Фатимиди, тие напредувале во Египет во 969 година, формирајќи го нивниот главен град во близина на Фустат во Каиро, кој тие го изградиле како бастион на шиитско учење и политика. Со започнувањето на 1000-те годии, тие станале главен политички и идеолошки потикнувач за сунитскиот ислам кај Абасидите. Во тоа време последната држава се распаднала во неколку гувернерии, кои, иако го признавале калифатскиот авторитет од Багдад, правиле главно како што сакале, нно и меѓусебно војувале. Самиот калиф бил под заштита на Бујудските емири кои го поседувале целиот Ирак и западниот Иран и биле симпатизери на шиизмот.

Надвор од Ирак, сите автономни покраини полека ја земале карактеристиката на де факто држави со наследни владетели, армии и приходи и работеле. Махмуд Газневи ја добил титулата султан, наспроти емир која била во почеста употреба, што ја означила независноста на Газневидското Царство од калифатот. Во 11 век, продолжило губењето на моќта на калифите, бидејќи некои исламски владетели повеќе не го споменувале името на калифот во петочната молитва или го исфрлиле од нивните кованици[27].

Династијата Фатимиди од Каиро ги оспорила Абасидите дури и за титуларниот авторитет на исламската ума. Тие дале одредена поддршка во шиитските делови на Багдад (како што е Карк), иако Багдад бил градот кој е најтесно поврзан со калифатот, дури и во периодите на Бујдите и Селџуците. Зелените знамиња на Фатимидите се спротивставиле на Црните знамиња на Абасидите, а предизвикот на Фатимидите завршил со нивното пропаѓање во 12 век.

945-1118[уреди | уреди извор]

И покрај моќта на Бујдите, Абасидитего задржале високо ритуализираниот суд во Багдад, како што опишал бирократот Хилал ал Саби, но и тие имале одредено влијание врз Багдад, како и религиозениот живот. Бидејќи моќта на Бујдите исчезнала по смртта на Баха ал-Даула, калифатот успеал да ја врати силата. Калифот Ал Кадир, на пример, ја водел идеолошката борба против шиитите со дела како Багдадскиот манифест. Калифите го држеле редот во самиот Багдад, обидувајќи се да го спречат избивањето на нереди во главниот град.

Династијата на Бујдите била сменета со династијата на Огузите, познати како Селџуци. До 1055 година, Селџуците ја презеле контролата од Бујдите и Абасидите[1]. Кога емирот и поранешен роб Басасири го зазел Багдад, калифот Ал-Каим не можел да го победи без надворешна помош. Тохрил Бег, селџучкиот султан, го вратил Багдад под сунитско владеење и го зел Ирак за неговата династија.

Уште еднаш, Абасидите биле принудени да се справат со воената моќ со која не можеле да се совпаднат, иако калифот на Абасидите останал титуларен шеф на исламската заедница. Следните султани Алп Арслан и Малик шах I, како и нивниот везир Низам ал-Мулк, се населиле во Персија, но ја држеле власта над Абасидите во Багдад. Кога династијата започнала да ослабува во 12-от век, Абасидите повторно добиле поголема независност.

1118–1258[уреди | уреди извор]

Монета на Абасидите, 1244

Додека калифот Ал-Мустаршид бил првиот калиф што изградил армија способна да се исправи со армијата на Селџците во битка, тој сепак бил поразен во 1135 година и убиен. Калифот ал-Мукафи бил првиот абасидски калиф кој ја повратил целосната воена независност на калифатот, со помош на неговиот везир Ибн Хубајара. По речиси 250 години подлост на странски династии, тој успешно го одбранил Багдад против Селуџаците во опсадата на Багдад (1157), со што го обезбедил Ирак за Абасидите. Владеењето на Ал Насир (1225) го вратил калифатот на власт низ целиот Ирак, во голема мера врз основа на организациите на „футула[30]. Ал-Мустансир ја изградил Мустансириската школа, во обид да ја затвори селаџучката Низамија изградена од Низам ал-Мулк.

Монголска инвазија[уреди | уреди извор]

Во 1206 година, Џингис Кан воспоставил моќна династија меѓу Монголите од Централна Азија. Во текот на 13 век, оваа монголска империја го освоила поголемиот дел од евразиската копнена маса, вклучувајќи ја и Кина на исток и голем дел од стариот исламски калифат (како и Киевска Рус) на запад. Уништувањето на Халагу Кан на Багдад во 1258 година традиционално се смета за приближен крај на Златното доба на калифатот.[33]. Монголите стравувале дека натприродна катастрофа ќе ги нападне доколку се истури крвта на Ал Мустази, директен потомок на вујкото на Мухамед, Ал-Абас ибн Абд ал-Муталиб[34]. Шиитите од Персија изјавиле дека таква несреќа не се случила по смртта на Хусејн ибн Али. Сепак, Ал Мустази бил сошиен во вреќа и фрлен под коњите на 20 февруари 1258 година. Исто така било убиено и најблиското семејство на калифот, освен неговиот најмлад син, кој бил испратен во Монголија, и ќерка која станала роб во харемот на Халагу[35].

Калифатот во Каиро[уреди | уреди извор]

Во 9 век, Абасидите создале војска лојална само на нивниот калифат, составен од луѓе кои не се со арапско потекло, познати како Мамелуци.[36][37][38][39][40]. Оваа сила, создадена во времето на Ал-Мамун (813-33) и неговиот брат и наследник Ал Мутасим (833-42), спречиле понатамошно распаѓање на империјата. Армијата на Мамелуците, иако често пати гледано негативно, помогнале и му наштетиле на калифатот. На почетокот, Мамелуците и овозможиле на владата стабилна сила за решавање на домашни и странски проблеми. Сепак, создавањето на оваа странска армија и трансферот на главниот град од Багдад во Самара создало поделба меѓу калифат и народите за кои тврделе дека владеат. Покрај тоа, моќта на Мамелуците постојано растела се додека Ал-Ради (934-41) бил принуден да ги предаде повеќето од кралските функции на Мухамед ибн Раик[8].

На крајот, Мамелуците дошле на власт во Египет. Во 1261 година, по уништувањето на Багдад од страна на монголите, владетелите на Мамелуците во Египет повторно го воспоставиле Абасидскиот калифат во Каиро. Првиот калиф во Каиро бил Ал-Мустансир. Калифите во Египет продолжиле да го задржуваат присуството на авторитет, но тоа било ограничено на религиозни прашања. Абасискиот калифат во Каиро траел до времето на Ал-Мутавакил III, кој бил одведен како затвореник од Селим I во Константинопол, каде што имал церемонијална улога. Починал во 1543 година, по неговото враќање во Каиро.

Култура[уреди | уреди извор]

Златен век[уреди | уреди извор]

Ракопис од Абасидската ера

Исламскиот Златен век започнал во средината на 8 век со создавањето на Абасидскиот Калифат и преместувањето на престолнината од Дамаск во Багдад[41]. Абасидите биле под влијание од заповедите на Куранот, подвлекувајќи ја вредноста на знаењето. Во овој период исламскиот свет станал интелектуален центар за науката, филозофијата, медицината и образованието, а Абасидите ја штитале каузата на знаењето во Багдад, каде и муслимански и не-муслимански научници преведувале и ја собирале сета информација позната на светот на арапски јазик[41]. Многу класични дела на Антиката, кои инаку би биле изгубени, биле преведени на арапски и персиски и последователно на турски, хебрејски и латински[41]. Во овој период муслиманскиот свет бил како збир на култури кои ги собира, синтетизира и значително го напредува знаењето добиено од римската, кинеската, индиската, персиската, египетската, северноафриканска, грчката и византиската цивилизација.

Наука[уреди | уреди извор]

Управувањето на Харун ал-Рашид (786 - 809) и неговите наследници го пренассочиле времето кон големите интелектуални достигнувања. Во голема мера тоа било резултат од шизматичните сили кои ја поткопувале власта на Омејадите, која се засновала на тврдењето за супериорноста на арапската култура како дел од своите претензии за легитимитет, додека абасидската култура ги подржувале и неарапските муслимани. Докажано е дека абасидските калифи основале администрацијата како онаа на Сасанидите[42].

Голем број средновековни мислители и научници кои живееле во текот на исламското управување, одиграле значајна улога при предавањето на исламската наука на христијанскиот Запад. На пример, тие придонеле за запознавање на христијанска Европа со учењето на Аристотел. Покрај тоа, во овој период повторното било преоткриено голем дел од делата на александриските математички, геометриски и астрономски знаења, како оние на Евклид и Клавдиј Птоломеј. Овие откриени математички знаења, подоцна биле развиени од други исламски научници, особено во делата на персиските научници Ал-Бируни и Абу Наср Мансур.

Во тоа време, персискиот научник Ел-Хорезми значително ја развил алгебрата, од кој потекнува и самиот термин алгебра. Поради тоа, тој е сметан од некои за татко на алгебрата[43], иако тој прекар е припишан и на грчкиот математичар Диофант. Термините алгоризам и алгоритам исто потекнуваат од името на Ел-Хорезми кој има и значајна улога во промовирањето на арапските бројки и индиско-арапскиот дигитален систем надвор од границите на индискиот потконтинент.

Ибн ал-Хајтам (Алхазен) ја развил основата на научниот метод во својата Книга за оптиката (1021 година). Особено важно е доказот за теоријата за навлегување на светлината. За развојот на научните методи, Алхазен е опишуван како „првиот научник“[44].

Медицината во средновековниот ислам била област од науката, која напредувала особено многу за време на владеењето на Абасидите. Во 9 век, во Багдад имало над 800 лекари и се вршиле големи откритија во природата на анатомијата и болестите. Во тоа време била направена јасна дистинкција меѓу ситни и големи сипаници. Познатиот персиски научник Ибн Сина (познат на запад како Авицена), дал значаен придонес на медицината, хемијата, астрономијата, математиката, психологијата и геологијата. Неговото главно дело „Медицински канон[45][46][47] станало стандарден учебник на европските универзитети. [48] Бил првиот што вовел некои постапки, вклучувајќи го карантинот како начин за контролирање на ширењето на болеста, клинички испитувања и експериментална употреба на лековите.

Астрономијата во средновековниот ислам била развиена од Ал-Батани, кој ја подобрил точноста на мерењето на прецесијата на земјината оска. Корекциите биле направени во геоцентричниот модел од Насир ал-Дин ал-Туси, Муајад ал-Урди и Ибн ал-Шатир, подоцна биле вклучени и во Коперниковиот модел[49].

Муслиманските алхемичари имале големо влијание врз средновековната европска алхемија, особено благодарение на Џабир ибн Хајан. Голем број хемиски процеси (како дестилацијата) биле развиени во муслиманскиот свет и потоа распространети и во Европа.

Литература[уреди | уреди извор]

„Али Баба“

Најпознатото дело на исламската литература е „Илјада и една ноќ“. Оригиналниот концепт доаѓа од исламското иранско (персиско) потекло со употреба на индиски елементи. Колекцијата на приказни, исто така, вклучува приказни од народите на Блискиот Исток и Северна Африка. Епот бил започнат во 10 век и се стекнал со конечната форма во 14 век, а бројот и видот на бајките се менувал во текот на годините во различни ракописи.[50]. Тој има големо влијание на Запад, бидејќи за првпат бил преведен во 18 век од Антоан Галан[51]. Со текот на годините, многу слични книги биле напишани, особено во Франција[52]. Разни херои на ова дело се претвораат во икони во западната култура - како Аладин, Синдбад и Али Баба.

За време на Абасидите, арапската поезија го достигнува својот Златен век, особено пред падот на централната власт и подемот на персиските династии. Писатели како Абу Тамам и Абу Нувас се тесно поврзани со калифатскиот двор во Багдад од почетокот на 9 век, а други како Ал-Мутанаби добиле покровителство од локалните големци.

Филозофија[уреди | уреди извор]

Една од главните дефиниции за исламска филозофија е „филозофскиот стил произведен во рамките на исламската култура“. Исламската филозофија, според оваа дефиниција, не мора да се занимава со религиозни прашања, ниту пак била создадена од муслимани. Нивните дела на Аристотел се клучен чекор во пренесувањето на познавањето на Атичките Грци во исламскиот свет. Тие исто така пишуваат влијателни филозофски дела, и нивното размислување било вклучено во христијанската филозофија на средниот век, особено во Тома Аквински.

Три шпекулативни мислители, ал-Кинди, ал-Фараби и Авицена, го комбинираат Аристотелизмот и Неоплатонизмот со други идеи воведени од исламот. Други влијателни муслимански филозофи во калифатот се Ал Џања и Ибн Ал-Хејтам .

Технологија[уреди | уреди извор]

Во областа на технологијата, муслиманскиот свет го вовел производството на хартија од Кина[53]. Познавањето на барутот исто било увезено од Кина преку исламските земји, каде за прв пат биле развиени формулите за чист калиум нитрат и експлозивните ефекти на барутот.[54][55].

Бројни подобрувања биле направени за наводнување во земјоделство преку употреба на нови технологии, како што е ветерницата. Културите како бадеми и цитруси се прошириле во Европа преку ел-Андалус, а Европејците постепено го прифатиле одгледувањето на шеќер. Арапските трговци доминирале во трговијата во Индискиот Океан до доаѓањето на Португалците во 16 век. Важен центар на оваа трговија била државата Ормуз. Во тоа време постоела и широка мрежа на трговски патишта во Средоземно Море, на кои муслиманските земји тргувале меѓу себе и со европски држави како Венеција, Џенова и Каталонија.

Муслиманските инженери и научници во исламскиот свет донеле голем број на иновативни индустриски технологии на водената енергија, и го означиле почетокот на употребата на енергијата на ветерот и нафтатс. Индустриската употреба на мелницата датира од 7 век. За време на Крстоносните војни, секоја провинција во муслиманскиот свет имала функционални мелници, од ел-Андалус и Северна Африка до Средниот Исток и Централна Азија. Овие мелници имале широк спектар на земјоделски и производствени капацитети[56]. Муслиманските инженери исто така развивиле машини (на пример пумпи), и користиле брани за да обезбедат дополнително напојување на воденица[57].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 Hoiberg 2010, стр. 10.
  2. Canfield, Robert L. (2002). Turko-Persia in Historical Perspective. Cambridge University Press. стр. 5. ISBN 9780521522915. 
  3. „ABŪ MOSLEM ḴORĀSĀNĪ – Encyclopaedia Iranica“. http://www.iranicaonline.org/articles/abu-moslem-abd-al-rahman-b. посет. 20 ноември 2015 г. 
  4. Finer, S. E. (1999-01-01). The History of Government from the Earliest Times: Volume II: The Intermediate Ages p.720. OUP Oxford. ISBN 9780198207900. https://books.google.com/books?id=AhEab85xHAMC. 
  5. Holt 1984.
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 6,4 Dupuy & Dupuy 1986, стр. 233.
  7. Lewis 1995, стр. 102.
  8. 8,0 8,1  Abbasids“. Енциклопедија Британика (XI) 1. (1911). Cambridge University Press.
  9. http://www.iranicaonline.org/articles/baghdad-iranian-connection-1-pr-Mongol
  10. 10,0 10,1 10,2 Anon 2008
  11. 11,0 11,1 Bloodworth & Bloodworth 2004, стр. 214
  12. Giles 1915, стр. 223
  13. Jenkins 1999, стр. 61
  14. Carné 1872, стр. 295
  15. Ghosh 1961, стр. 60
  16. Hermann 1912, стр. 77
  17. Anon 1928, стр. 1617
  18. Chapuis 1995, стр. 92
  19. Kitagawa 1989, стр. 283
  20. Smith & Weng 1973, стр. 129
  21. Baker 1990, стр. 53
  22. Fitzgerald 1961, стр. 332
  23. Kitagawa 1989, стр. 283
  24. Smith & Weng 1973, стр. 129
  25. Baker 1990, стр. 53
  26. Fitzgerald 1961, стр. 332
  27. 27,0 27,1 Brauer 1995
  28. 28,0 28,1 28,2 28,3 Dupuy & Dupuy 1986, стр. 265
  29. Meisami 1999
  30. 30,0 30,1 30,2 30,3 30,4 30,5 Magnusson & Goring 1990, стр. 2
  31. Dupuy & dupuy 1986, стр. 265–266
  32. Dupuy & dupuy 1986, стр. 266
  33. Cooper & Yue 2008, стр. 215
  34. Glassé & Smith 2002
  35. Frazier 2005
  36. Vásáry 2005
  37. Isichei 1997, стр. 192
  38. Pavlidis 2010
  39. Mikaberidze 2004
  40. Visser 2005, стр. 19
  41. 41,0 41,1 41,2 Gregorian 2003
  42. Hamilton Gibb. Studies on the civilization of Islam. Princeton University Press. 1982. ISBN 0-691-05354-5 p.66
  43. Ron Eglash(1999), p.61
  44. Bradley Steffens (2006), Ibn al-Haytham: First Scientist, Morgan Reynolds Publishing, ISBN 1-59935-024-6.
  45. Nasr, Seyyed Hossein. (2007). „Avicenna“. Encyclopædia Britannica Online.  (посет. 5 ноември 2007 г)
  46. Edwin Clarke, Charles Donald O'Malley (1996), The human brain and spinal cord: a historical study illustrated by writings from antiquity to the twentieth century, Norman Publishing, p. 20 (ISBN 0-930405-25-0).
  47. Iris Bruijn (2009), Ship's Surgeons of the Dutch East India Company: Commerce and the progress of medicine in the eighteenth century, Amsterdam University Press, p. 26 (ISBN 90-8728-051-3).
  48. „Avicenna 980-1037“. Hcs.osu.edu. http://hcs.osu.edu/hort/history/023.html. посет. 19 јануари 2010 г. 
  49. Stanford Encyclopedia of Science: „Copernicus“ by Sheila Rabin
  50. John Grant and John Clute, The Encyclopedia of Fantasy, „Arabian fantasy“, p 51 ISBN 0-312-19869-8
  51. L. Sprague de Camp, Literary Swordsmen and Sorcerers: The Makers of Heroic Fantasy, p. 10 ISBN 0-87054-076-9
  52. John Grant and John Clute, The Encyclopedia of Fantasy, „Arabian fantasy“, p 52 ISBN 0-312-19869-8
  53. Adam Robert Lucas (2005), „Industrial Milling in the Ancient and Medieval Worlds: A Survey of the Evidence for an Industrial Revolution in Medieval Europe“, Technology and Culture 46 (1), p. 1 – 30 [10].
  54. Ahmad Y Hassan, Potassium Nitrate in Arabic and Latin Sources, History of Science and Technology in Islam.
  55. Ahmad Y Hassan, Gunpowder Composition for Rockets and Cannon in Arabic Military Treatises In Thirteenth and Fourteenth Centuries, History of Science and Technology in Islam.
  56. Adam Robert Lucas (2005), „Industrial Milling in the Ancient and Medieval Worlds: A Survey of the Evidence for an Industrial Revolution in Medieval Europe“, Technology and Culture 46 (1), p. 1 – 30 [10].
  57. Ahmad Y Hassan, Transfer Of Islamic Technology To The West, Part II: Transmission Of Islamic Engineering

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Шаблон:S-imperialhouse
Претходник
Омејади
Калифат
750–1258 and 1261–1517
исто така од Фатимидите во 909, Омејадите во 929, и Отоманците
Наследник
Отоманци