Книгата Илјада и една ноќ (персиски: هزار و یک شب Hezâr-o Yek Šab, арапски: كتاب ألف ليلة وليلة Kitāb 'Alf Layla wa-Layla) — средновековна блискоисточна епскалитература која ја раскажува приказната на принцезата Шехерезада, која е принудена да раскаже серија на приказни на нејзиниот сопруг Шахријар со цел да го избегне погубувањето. Приказните таа ги раскажува во текот на Илјада и една ноќ. Секоја ноќ принцезата остава дел од приказната незавршен за нејзиниот сопруг да ја остави жива уште еден ден. Голем дел од приказните се создадени во текот на многу векови, од многу луѓе и многу стилови.
Шехерезада и Шахријар од Фердинанд Келер, 1880 година
Илјада и една ноќ како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]