Константин III Ираклиј

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Константин III Ираклиј
Византиски император
Владеење февруари 641 – мај641
Полно име Ираклиј Новус Константинус
Починал(а) мај 641 (28 или 29 години)
Претходник Ираклиј
Наследник Ираклеон
Придружник на Грегорија
Деца Констанс II Ираклиј
Теодосиј
Manyanh
Династија Ираклиева династија
Татко Ираклиј I
Мајка Фабија Евдокија
Ираклиева династија
Хронологија
Ираклиј I 610–641
со Константин III совладетел, 613–641
Константин III 641
со Ираклиј II совладетел
Ираклиј II 641
Констанс II 641–668
со Константин IV (654–668), Ираклиј и Тибериј (659–668) совладетели
Константин IV 668–685
со Ираклиј и Тибериј (668–681), и Јустинијан II (681–685) совладетели
Јустинијан II 685–695, 705–711
со Тибериј совладетел, 706–711
Наследување
Претходела
Јустинијанова династија и Фока
Следи
Дваесетгодишна анархија

Константин III (латински: Heraclius Novus Constantinus; грчки: Ηράκλειος (νέος) Κωνσταντίνος), (6 мај 612- 20 април 641) бил византиски император кој владеел во периодот од февруари до мај 641 година.

Биографија[уреди | уреди извор]

Константин III бил најстариот син на Ираклиј I и неговата прва сопруга Фабија Евдокија. Роденото му име било Ираклиј Новус Константинус, име под кое се качил на престолот. Името Константин било дадено подоцна во византиските текстови, како скратена форма на целосното име на императорот и било прифатено да се користи во современата историографија.

Константин бил крунисан за ко-император од татко му на 22 јануари 613 и малку подоцна бил свршен за својата братучетка, Грегорија, ќерка на првиот братучед на татко му, Никита. Бидејќи двајцата биле втори братучеди, бракот бил технички инцест, но фактот што Грегорија е дел од семејството очигледно било поважно од се.

Константин и Грегорија се ожениле во 629 или 630 и истата година се радил синот првенец Констанс II Ираклиј. Второто дете исто така било машко, со име Теодосиј. Имале и ќерка која подоцна се омажила за сасанидскиот император Јаздгерд III.

Константин станал император со полни права по смртта на неговиот татко, во 641 година. Управувал заедно со својот брат Ираклеон, син на Мартина. Неговите подржувачи и неговиот приватен благајник Филагриј, стравувале од напад врз него од страна на Мартина и Ираклеон и го советувале да ја информира армијата дека починал и да побара помош за заштитата на правата на неговите наследници. Исто така, испратил голема сума пари, повеќе од 2 милиони солидна (златници), на Валентин Аршакуни за да ги раздаде на војниците, за да ги убеди да обезбедат стапување на престолот на неговите наследници по неговата смрт. Тој починал од туберкулоза по само 4 месеци и Ираклеон останал император со полни права. Слухот дека по наредба на Мартина бил држен во затвор, довело до устоличување на Констанца II како ко-император, а потоа до детронизација и протерувањето на Мартина и нејзините синови.

Литература[уреди | уреди извор]