Јовијан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Јовијан
64-ти владетел на Римското царство
Солид на царот Јовијан
Владеење 27 јуни 363 – 17 февруари 364
Полно име Флавиј Јовијан (од раѓање до пристапување);
Флавиј Јовијан Август (како владетел)
Роден(а) 331
Родно место Сингидунум (денешен Белград, Србија)
Починал(а) 17 февруари 364 (воз. 32 г.)
Место на смрт Дадастана (во Анадолија)
Почивалиште Црквата Свети Апостоли, Константинопол
Претходник Јулијан Отпадникот
Наследник Валентинијан I
Сопруга Харито, сè уште жива окулу 380
Деца Два сина, едниот Варонијан (конзул во 364)
Татко Варонијан
Верска определба христијанин

Јовијан (латински: Flavius Iovianus Augustus;[1] 331 – 17 февруари 364) бил римски цар од 363 до 364. По смртта на царот Јулијан Отпадникот за време на неговата кампања против Сасанидското царство, Јовијан набрзина бил прогласен за цар од страна на неговите војници. Побарал примирје со Персијците под понижувачки услови и повторно го воспоставил христијанството како национална црква. Неговото владеење траело само осум месеци.

Издигнување до моќ[уреди | уреди извор]

Јовијан се родил во Сингидунум (денешен Белград, Србија) во 331 н.е. како син на Варонијан, командантот на царските телохранители на Констанциј II. Тој исто така се придружил на телохранителите и во 363 се издигнал на истата позиција на која некогаш бил неговиот татко. Со оваа можност, Јовијан го придружувал римскиот цар Јулијан на месопотамиската кампања истата година против Шапур II, сасанадскиот цар. По мал, но одлучен напад, римската војска била приморана да се повлече од бројната супериорна персиска војска. Јулијан, смртно ранет за време на повлекувањето, умрел на 26 јуни 363. Наредниот ден, стариот Салуциј, преторијанскиот префект на ориентот, го прогласил виолетов, изборот на војската бил Јовијан. Неговото избирање создало големо изненадување: Амијан Марцелин тврдел дека бил погрешно идентификуван со друг Јовијан, чие име исто така било изнесено или пак дека за време на честитањето војниците името Јовијан го сметале за Јулијан и мислеле дека тој оздравел од болеста.

Враќање на христијанството[уреди | уреди извор]

Јовијан, христијанин, повторно го воспоставил христијанството како национална црква, ставајќи му крај на будењето на паганизмот за време на неговиот претходник. При пристигнувањето во Антиохија, ја поништил настроеноста на Јулијан против христијаните.[2] Лабарумот на Константин Велики повторно станал стандард на војската.[3] Издал указ на толеранција, за тоа дека, додека вежбањето на магиските обреди ќе биде казнето, неговите поданици треба да уживаат целосна слобода на совеста.[4]

Сеедно, во 363 издал наредба антиохиската библиотека да биде запалена,[5] а исто така на 11 септемви било наредено тие што се молеле на боговите-претци да бидат смртно казнети. Тој ја проширил истата казна на 23 декември до степен на било каква церемонија (дури и приватна).[6] Јовијан имал голема почит спрема Атанасиј Александриски, кого го сместил на архиерејскиот трон,[2] посакувајќи од него да даде изјава за иднината на православието. Во сириската книжевност Јовијан станал херојот на христијанската романса. Од владеењето на Јовијан сè до петнаесеттиот век христијанството останало владеачка религија кај Западното и Источното римско царство, сè до Падот на Константинопол во рацете на Турците во 1453.

Владеење[уреди | уреди извор]

Јовијан го продолжил повлекувањето започнато од Јулијан. Покрај тоа што бил навредуван од Персијците, војската успеала да ги достигне бреговите на Тигар. Таму, длабоко во сасанидската територија, тој бил приморан да бара мир под понижувачки услови. Во замена за неговата безбедност, тој се согласил да се повлече од петте римски провинции источно од Тигар кои биле освоени од Галериј во 298, коишто Диоклецијан ги приложил, така што ќе им биде дозволено на Персијците да го окупираат замокот во Нусајбин, Кастра Маурорум и Сингара. Римјаните исто така ги предале нивните интереси за Ерменското кралство на Персијците. Христијанскиот крал на Ерменија, Аршак II, одлучил да остане неутрален во идните судири меѓу двете империи и бил приморан да оддаде дел од своето кралство на Шапур. Договорот претставувал големо посрамотување и Јовијан брзо ја изгубил неговата слава.

По пристигнувањето во Антиохија, Јовијан одлучил да оди во Константинопол за да ја зацврсти неговата политичка положба таму. Додека патувал, бил пронајден мртов на креветот во неговиот шатор во Дадастана, на половина пат помеѓу Анкара и Никеја. Неговата смрт била резултат на предозирање со печурки или пак отровниот јаглероден моноксид од јагленот со кој се греел.

Јовијан бил закопан во Црквата Свети Апостоли во Константинопол.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. In Classical Latin, Jovian's name was inscribed as FLAVIVS IOVIANVS AVGVSTVS.
  2. 2,0 2,1 Philologic Results
  3. Reigns Of Jovian, Valentinian and the Division of the Empire@Everything2.com
  4. CATHOLIC ENCYCLOPEDIA: Flavius Claudius Jovianus
  5. Michael von Albrecht, and Gareth L. Schmeling, A history of Roman literature (1997), page 1744
  6. Vlasis Rassias A history of unconditional love (2005); currently in publication only in Greek, as Μια ιστορία αγάπης

Дополнителни информации[уреди | уреди извор]

  • Banchich, Thomas, "Jovian", De Imperatoribus Romanis.
  • Ammianus Marcellinus, xxv. 5–10
  • J. P. de la Bleterie, Histoire de Jovien (1740)
  • Gibbon, Decline and Fall, chapters xxiv., xxv.
  • Gibbon, Edward, 1737–1794. The history of the decline and fall of the Roman Empire. (NY : Knopf, 1993), v. 2, pp. 517 – 529.
  • G. Hoffmann, Julianus der Abtrünnige, 1880
  • J. Wordsworth in Smith and Wace's Dictionary of Christian Biography
  • H. Schiller, Geschichte der römischen Kaiserzeit, volume ii. (1887)
  • A. de Broglie, L'Église et l'empire romain au IVe siècle (4th ed. 1882).
  • Public Domain Оваа статија вклучува текст од издание кое сега е во јавна сопственостJovian“. Енциклопедија Британика (11-то). (1911). Cambridge University Press.


Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Претходник
Јулијан
Римски цар
363–364
Наследник
Валентинијан I и Валенс
Политички функции
Претходник
Јулијан,
Салустиј
Конзул на Римското царство
364
со Варонијан
Наследник
Валентинијан I,
Валенс