Теодосиј III

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Теодосиј III
Византиски император
Владеење мај 715 – 25 март 717
Претходник Анастасиј II
Наследник Лав III Исавријанин
Дваесетгодишна анархија
Хронологија
Леонтиј 695–698
Тибериј III 698–705
Јустинијан II 705–711
со Тибериј совладетел, 706–711
Филипик Вардан 711–713
Анастасиј II 713–715
Теодосиј III 715–717
Наследување
Претходела
Ираклиева династија
Следела
Сириска Династија

Теодосиј III (грчки: Θεοδόσιος Γ΄) бил византиски император кој владеел во периодот од 715 до 717 година.

Теодосиј III бил финанснов службеник и собирач на даноци во јужниот дел на тема Опсикион. Според една теорија, тој бил син на Тибериј III Апсимар. Бил испратен на советување во Мизија, кога војската, незадоволна од управувањето на Анастасиј II започнала да се бунтува и да го прогласува него за император. Теодосиј се откажал и дури се обидел да се спаси преку бегство, според хроничарот Теофан Исповедник, во шумите недалеку од Константинопол (колу градот Адрамитиум), но бунтовниците го принудиле да остане кај главната војска и да тргне кон престолнината во мај 715 година.

По шестмесечна опсада градот бил преземен, поради предавство и Теодосиј бил крунисан, но го поштедил животот на соборениот Анастасиј II. Со посредство на патријархот Герман I Цариградски, Анастасиј II бил убеден да абдицира и станал монах во Солун.

За краткото управување на Теодосиј III, кој инаку пројавувал умереност и мудрост, се знае доста. Со државните работи тој речиси не се занимавал. Теодосиј како император бил признаен од страна на четири стратези, вклучувајќи го и Лав III Исавријанин, командант на војниците во Анадолија.

Теодосиј требало да се занимава со арапските војници во Анадолија и со арапската флота која напредувала. За таа цел, тој потпишал мировен договор со хан Кормесиј, во корист на Бугарите, за да си обезбеди заштита против арапската инвазија. Оваа политика се покажала како оправдана, кога малку подоцна Бугарите ги разбиле арапските армии и помогнале во спасувањето на Константинопол.

По победата над арапите, Лав кренал бунт во Анадолија и без тешкотии го принудил на Теодосиј да се повлече од престолот. Тој бил изолиран во манастир во Ефес, каде водел строг аскетски живот. Се претпоставува дека станал епископ на Ефес. Современите историчари сметаат дека тоа всушност бил неговиот син. Сигурно овој епископ бил жив барем до 24 јули 754 година, кога учествувал на иконобоскиот собор во Хиерија. По смртта на поранешниот император населението долго го почитувал и на него му се препишуваат неколку чуда.

Извори[уреди | уреди извор]