Лав IV Хазар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Лав IV
Византиски император
Владеење 25 март 775 – 18 јуни 780
Роден(а) 25 јануари 750
Починал(а) 8 септември 780 (30 години)
Претходник Константин V Копроним
Наследник Константин VI Слепиот
Придружник Ирина
Деца Константин VI Слепиот
Династија Сириска династија
Татко Константин V Копроним
Мајка Ирина Хазарска
Сириска династија
Хронологија
Лав III 717–741
со Константин V совладетел, 720–751
Константин V 741–775
со Лав IV совладетел, 751–775
Артавзад узурпатор 741–743
Лав IV 775–780
со Константин VI совладетел, 776–780
Константин VI 780–797
Ирина како регент, 780–790, и о нејсе како сорегент, 792–797
Ирина како царица 797–802
Наследување
Претходела
Дваесетгодишна анархија
Следела
Арапска династија

Лав IV (грчки: Λέων Δ΄), (25 јануари 750 во Константинопол - 8 септември 780 во Константинопол) бил византиски император кој владеел во периодот од 741 до 775 година.

Рани години[уреди | уреди извор]

Лав IV е познат како Лав IV Хазар. Тој бил син на византискиот императорот Константин V Копроним од првата сопруга Чичак - Ирина Хазарска[1], потомка на хазарски владетел. Во 751 година малолетниот Лав бил крунисан од татка си за соимператор и наследник. Тој бил свршен за ќерката на францускиот крал Пипин Малиот, но веридбата пропаднала. На 25 март 775 година Лав IV го наследил престолот откако неговиот татко починал[2].

Управување[уреди | уреди извор]

Во управувањето на Лав IV војниците на Византија биле ангажирани во судирите со Арапите во Сирија и Мала Азија, додека походите против Бугарите биле прекинати[3][4].

Лав бил оженет за Ирина, од која имал син, идниот Константин VI Слепиот, кој како свој наследник односно соимператор го прогласил во 776 година[5]. Ова довело до неуспешен бунт меѓу цезарите, полу-браќа на царот, кои биле замонашени и заточени во Херсон[6].

Во неговото кратко владеење било прекинато пргпнот на иконопочитателите[7][8]. Според зборовите на Теофан Исповедник "императорот Лав за кратко време се покажал како побожен и љубител на Богородица и монасите. Не долго после до неговата смрт тој го изменил а тоа и го продолжи прогонството на иконопочитателите. Набргу потоа карбункули (антракс) ја покри неговата глаба по кое тгој се разболе и почина". (Теофан: 768; 772[9])

Причина за болеста, според Теофан, била неговата желба да ја поседува круната на Маврикиј, која била погребана заедно со телото на царот Ираклиј I. Круната била извадена од гробот и Лав, положувајќи ја на главата, добил труење. Според други верзии императорот бил отровен, или веќе бил болен кога се качил на престолот[10] или, според легендата, починал поради треска предизвикана од проклетство[11] , откако зел скапоцен камен од икона во црквата Света Софија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Roman Emperors - DIR Irene (wife of Leo III)“. roman-emperors.org. http://www.roman-emperors.org/irenev.htm. 
  2. The Chronicle of Theophanes Anni Mundi 6095–6305 (A.D. 602–813): Tr. Harry Turtledove (University of Pennsylvania Press, 1982), p 135-136.
  3. „Roman Emperors - DIR Leo III“. roman-emperors.org. http://www.roman-emperors.org/leo4.htm#N_13_. 
  4. A History of Byzantium (second edition): Timothy E. Gregory (Blackwell, 2010), p 213.
  5. The Chronicle of Theophanes Anni Mundi 6095–6305 (A.D. 602–813): Tr. Harry Turtledove (University of Pennsylvania Press, 1982), p 135-136.
  6. The Chronicle of Theophanes Anni Mundi 6095–6305 (A.D. 602–813): Tr. Harry Turtledove (University of Pennsylvania Press, 1982), 137.
  7. Byzantium: The Imperial Centuries (A.D. 610–1071): Romilly Jenkins (Weidenfeld and Nicoloson, 1966), p 92.
  8. The Byzantine Revival: Warren Treadgold (Stanford University Press, 1988), p 5.
  9. „Roman Emperors - DIR Leo III“. roman-emperors.org. http://www.roman-emperors.org/leo4.htm#N_14_. 
  10. Byzantium: The Imperial Centuries (A.D. 610–1071): Romilly Jenkins (Weidenfeld and Nicoloson, 1966), p 90.
  11. The Byzantine Revival: Warren Treadgold (Stanford University Press, 1988), p 6.

Извори[уреди | уреди извор]

  • Garland, Lynda, Irene of Athens, at roman-emperors.org
  • Garland, Lynda, Leo IV, at roman-emperors.org
  • Jenkins, Romilly, Byzantium: The Imperial Centuries (A.D. 610–1071), Weidenfeld and Nicoloson, 1966.
  • Treadgold, Warren, The Byzantine Revival, Stanford University Press, 1988.
  • The Chronicle of Theophanes Anni Mundi 6095–6305 (A.D. 602–813), Tr. Harry Turtledove University of Pennsylvania Press, 1982.