Пипин Малиот

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Пипин Малиот
Крал на Франките, Мајордом на Палатите на Неустрија и Аустразија
Pepin le Bref denier Troyes 751 768.jpg
Денар искован во Троја за време на владеењето на Пипин. R е за rex (крал) а P е за Пипин.
На престол 752–768
Претходник Хилдерик III
Карло Велики
Карломан I, владетел заедно со Карло Велики
Татко Карло Мартел
Мајка Ротруда од Трир
Роден(а) 714
веројатно - Жипиј на Меза (сега дел од Лиеж)
Починал(а) 24 септември 768 (возраст 54)

Пипин (или Пепин) (починал на 24 септември 768), наречен Малиот (или „Кусиот“, од Pépin le Bref)[1] или Помладиот (Pippin der Jüngere), поретко Велики (Pippin der Grosse),[2] бил првиот крал на Франките (752–68) од Каролиншката династија. Во 741 тој и неговиот брат Карломан го наследиле нивниот татко, Карло Мартел, како мајордоми на Палатата и de facto владетели на кралството во текот на интерегнумот (737–43). По повлекувањето на Карломан (747), Пипин добил дозвола од папата Захариј да го тргне последниот од меровиншките кралеви, Хилдерик III, и да го заземе тронот (752). Бидејќи бил крстен по неговиот дедо, Пипин од Херистал, кој пак исто така бил крстен по неговиот дедо, Пипин од Ланден, двајцата мајордоми на палатата, Пипин Малиот некојпат бил нарекуван и Пипин III.

Стекнување моќ[уреди]

Таткото на Пипин Карло Мартел умрел во 741. Тој го поделил владеењето на Франкиското кралство меѓу Пипин и неговиот постар брат, Карломан, и двајцата синови од неговата прва жена: Карломан станал мајордом на Палатата на Аустразија, Пипин станал мајордом на палатата на Неустрија. Грифо, синот на Карло од неговата втора жена, Сванахилда (исто така позната и како Сванхилда), побарала дел од наследството, но тој бил атворен во манастир од страна на неговите два полубрата.

Во Франкиското кралство единството на кралството суштински било поврзано со кралската личност. Затоа Карломан, за да го осигура единството, на тронот го поставил Хилдерик, припадник на Меровинзите (743). Потоа во 747 Карломан или самиот одлучил или пак бил притиснат да оди во манастир. Ова ја оставило Франкија во рацете на Пипин како единствен мајордан на Палатата и како dux et princeps Francorum.

Во времето на повлекувањето на Карломан, Грифо побегнал од својот затвор и побегнал кај војводата Одило од Баварија, кој бил оженет со Хилтруда, сестрата на Пипин. Пипин го задушил бунтот кој го водел неговиот полубрат и успеал целосно да ги обнови границите на кралството.

После реорганиацијата на Франкија од страна на Карло Мартел, оној што ја имал титулата dux et princeps Francorum бил заповедник на кралската војска, а исто и административни обврски како мајордом на палатата, и особено командант на гардата која Карло Мартел почнал да ја оддржува година после Тулуз во 721.

Крунисување на Пипин Малиот во 752 од страна на Бонифациј, архиепископот од Мајнц

Првиот каролиншки крал [уреди]

За првпат благословен во 752 во Соасон од страна на архиепископот од Мајнц, Пипин и вторпат бил церемонијално благословен во Базиликата Сен-Дени во 754, стекнувајќи и титула Romanorum (Патрициј на Римјаните) и ова е прво забележано крунисување од страна на Папа на народен владетел кој не припаѓал на кралска лоза. Бидејќи во тој период луѓето кусо живееле, а Пипин сакал семејството да ја наследи титулата, Папата ги благословил исто така и синовите на Пипин, Карло (подоцна понат како Карло Велики) и Карломан.

Пипин ги донесувал одлуките на Хилдерик III кој само ја имал титулата крал но ја немал моќта. Бидејќи Пипин ја имал целата контрола вр благородниците и ја извршувал моќта на кралот, му поставил на папата Захариј сугестивно прашање:

Во однос на кралевите на Франките кои повеќе ја немаат кралската моќ: дали таквите нешта се во ред?

Силно притиснат од Ломбардите, папата Захариј го одобрил ова барање од Франките да се стави крај на неприфатливите услови во врска со вршење на кралската власт и одговорил дека de facto моќта е поважна од de jure моќта.

По оваа одлука тронот се ослободил. Хилдерик III бил разрешен и пратен во манастир. Тој бил последниот од Меровинзите.

Согласно стариот обичај, Пипин бил иззбран за крал на Франките од страна на собрание на франкиското благородништво, а воедно имал и голема војска која застанала на негова страна. Во меѓувреме, Грифо продолжил со неговиот бунт, но најпосле бил убиен во битката кај Сен-Жан-де-Мориен во 753.

Ширење на франкиското кралство[уреди]

Муслиманските трупи го предаваат Нарбон на Пипин Малиот во 759, после 40 години окупација.

Првиот значаен потег на Пипин како крал е што тргнал во војна против ломбардскиот крал Аистулф, кој се проширил во ducatus Romanus. Победник, тој го натерал ломбардскиот крал да го врати имотот што го одземал од Црквата. Го потврдил папскиот имот на Равена и Пентаполис, таканаречената Пипинова даровница, каде била воспоставена папската држава и започнало временото владеење на папството.[3] Околу 752, вниманието го насочил кон Септиманија, најпрво кај Нарбона, но дури после 7 години, во 759, успеал да ја одземе од муслиманските освојувачи од Иберија [4] кога тие биле истерани од Хиспанија.

Сепак, Аквитанија сé уште била под Вајферовата баскиско-аквитанска власт, надвор од Франкискиот домен. Вајфер се чини ги конфискувал имотите на Црквата, веројатно поделувајќи ги на својата војска. Во 760, поради овие дејства Пипин со мечеви и оган ја опустошил Аквитанија а грофовиите лојални на Вајфер ја опустошиле Бургундија. Пипин а возврат ги нападнал градовите Клермонт и Бурбон, кои ги бранеле Вајферовите трупи.

Во 763, Пипин уште повеќе напредувал во териториите на Вајфер и освоил многу тврдини (Поатје, Лимож, Ангулем итн.), после што Вајферовите контранапади и војнаа станале уште пожестоки. Пипин одбрал да шири терор, да опожарува куќи, да уништува поседи и виногради. Докај 765, бруталната тактика се чини се исплатела на Франките, кои го задушиле отпорот во централна Аквитанија (престолнината на Вајфер, Тулуз, паднала во 767) и го опустошиле целиот регион. Како резултат на тоа, аквитанските благородници и Баскијците од другата страна на Гарона немале друг избор освен да го прифатат примирјето кое било во полза на Франките (Фронзак, c. 768). Вајфер побегнал но бил убиен од страна на неговите разочарани следбеници.

Наследство[уреди]

Пипин умрел во тек на воен поход, во 768. Бил закопан во црквата Сен Дени. Неговата жена Бертрада била исто така таму закопана во 783. Карло Велики одново ја изградил Базиликата во чест на неговите родители и ставил натписси на влезот.[5]

Франкиското кралство било поделено според Салискиот закон меѓу неговите два сина: Карло Велики и Карломан I. Неговото владеење, иако не било големо како она на неговите синови, историски било значајно и донело голема придобивка на Франките како народ. Пипиновото земање на круната и титулата Патрициј на Рим, биле повод за царското крунисување на неговиот син на кое обично се гледа како основоположништво на Светото римско царство. Тој ги направил Каролинззите владејачка династија и најголема сила во Европа. Иако не е познат како голем генерал, тој никогаш не бил поразен за време на неговиот живот.

Семејство[уреди]

.[6]

Во 741, Пипин се оженил со Бертрада Ланска. Нејзиониот татко, Хариберт, бил син на братот на Пипин II', Мартин Лански. Се знае дека имале осум деца, од кои најмалку три преживеале додека станат возрасни:

  • Карло (2 април 742 – 28 јануари 814), (Карло Велики)
  • Карломан (751 – 4 декември 771)
  • Гизела (757–810)
  • Пипин, умрел додека бил дете.
  • Кроте, умрел млад, закопан во Мец.
  • Адле, умрел млад, закопан во Мец.
  • Две беззимени ќерки [7]


Пипин Малиот
Роден(а): 714 Починал(а): 768
Претходник
Карло Мартел
Мајордом на Палатата на Неустрија
741–751
Merged into crown
Претходник
Карломан
Мајордом на Палатата на Аустразија
747–751
Претходник
Хилдерик III
Крал на Франките
752–768
Наследник
Карло I и
Carloman I

Белешки[уреди]

  1. Можеби се однесува на неговата практика да ја носи косата куса, спротивно на долгата коса која била белег на неговите претходници. Paul Edward Dutton, Charlemagne's Mustache: And Other Cultural Clusters of a Dark Age (Palgrave Macmillan, 2008).
  2. Pierre Riché, The Carolingians: A Family Who Forged Europe (Philadelphia, 1993), 65. Дури поретко неговото име може да е спелувано како "Пепин".
  3.   Pepin the Short“. Католичка енциклопедија. (1913). Њујорк: Роберт Еплтон.
  4. „The Development of Southern French and Catalan Society, 718–1050“. THE LIBRARY OF IBERIAN RESOURCES ONLINE. http://libro.uca.edu/lewis/sfc1.htm. конс. 26 септември 2010. 
  5. Basilique Saint-Denis.
  6. Gerd Treffer: Die französischen Königinnen. Von Bertrada bis Marie Antoinette (8.-18. Jahrhundert). Pustet, Regensburg (1996) pp. 23-29, ISBN 3791715305, ISBN 978-3791715308
  7. Medieval Lands - Franks, Carolingian Kings Retrieved on 8 November 2008