Ирина Хазарска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ирина Хазарска
Византиска царица
Полно имеЧичак (по покрстувањето Ирина)
Роден(а)8 век
Починал(а)750
Придружник наКонстантин V Копроним
ДецаЛав IV Хазар
ДинастијаСириска династија
ТаткоБихар

Чичак или Ирина Хазарска (турски: Çiçek, грчки: Ειρήνη;? - 750) била хазарска принцеза и византиска царица (732-752), прва сопруга на императорот Константин V Копроним.

Според Теофан Исповедник, Чичак била ќерка на хазарския ханот Бихар, а според патријарх Никифор таа била негова сестра. Во 735 Чичак, која веќе го имала прифатено христијанството и грчкото име Ирина, била омажена за синот на византискиот император Лав III Сириец, Константин, кој подоцна се качил на византискиот престол како Константин V Копроним. Овој династички брак го зацврстил сојузот меѓу Византија и Хазарскит хаганат, кои имале заеднички непријател во лицето на Арапскиот калифат.

Во Константинопол Чичак започнала да ги изучува напорно основите на христијанската вера, запознавајќи се подетално со Евангелието. Теофан Исповедник ја претставува како исклучително божествена жена и гледал во неа целосна спротивност на свекорот и нејзиниот сопруг. Лав III и Константин V биле поддржувачи на иконоборството, додека Теофан Исповедник бил иконопочитател. Веројатно неговите пишувања дошле до израз кај самата Ирина, која започнала да ги споделува ставовите на хронистот[1].

Со името на Чичак-Ирина се поврзува и навлегувањето во византискиот двор на нова мода во машката облека, под влијание на хазарскиот начин на облекување - т.н. чичакион.

Императорот Лав III починал на 18 јуни 741 година, по кое на престолот се качил Константин V, а Чичак-Ирина била прогласена за негова царицата.

На 25 јануари 750 година Чичак-Ирина го родила идниот император Лав IV Хазар. Во врска со овој настан, името на Чичак-Ирина се споменува за последен пат во изворите. На следната година Константин V веќе бил оженет за својата втора сопруга. Се претпоставува дека Чичак починала при или непосредно по раѓањето на нејзиниот син.[1]

Според истражувањата името Чичак произлегува од турски збор "çiçe", која значи цвет.

Наводи[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Претходник
Марија
Список на византиски царици
741–750
со Ана (741–743)
Наследник
Марија