Малатија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Малатија
Град
Поглед кон градот
Поглед кон градот
Местоположба на Малатија на картата на Турција
Местоположба на Малатија на картата на Турција
Малатија се наоѓа во Турција
Малатија
Местоположба на Малатија на картата на Турција
Координати: 38°21′ СГШ 38°18′ ИГД / 
Земја Турција
Регион Источна Анадолија
Провинција Малатија
Управа
 • Градоначалник Ахмет Чакир (АКП)
Површина[1]
 • District 922,16 км2
Надм. вис. 954 м
Население (740.643)[2]
 • 740.643 494.918
 • 740.643 густина 5.3.669.428.298.777.0/km2
Часовен појас EET (UTC+2)
 • Лете (DST) EEST (UTC+3)
Поштенски код 44xxx
Повик. бр. 0422
Регистарски  таблички 44
Мреж. место www.malatya.bel.tr

Малатија (ерменски: Մալաթիա - Малат'ја-; курдски: Meletî; грчки: Μαλάτεια-Малатеија;[3]; османски турски: مالاتيا) — град во Источна Анадолија во Турција и главен град на истоимената провинција. Градот бил населен од луѓето неколку илјади години. Асирците градот го нарекувале Мелиду. Страбон вели дека градот бил познат во старо време како Мелитина, име кое било користено и од страна на Римјаните кога го освоиле градот во текот на нивната експанзија на исток. Според Страбон, жителите на Мелитина споделувале ист јазик и култура со оние од Кападокија.

Античкиот град се наоѓа на неколку километри од денешниот град, кај селото Арслантепе и во близина на Баталгази. Всушност Баталгази бил местоположба на градот Малатија до 19 век, кога постепено градот започнал да се зголемува и неговиот центар да се преместува кон денешната местоположба. Официјално името на Баталгази било Ескималатија или Стара Малатија. До неодамна, ова име било користено на локално ниво.

Историја[уреди | уреди извор]

Арслантепе[уреди | уреди извор]

Арслантепе бил населен уште од развојот на земјоделството пред речиси 6.000 години. Од бронзено време, местото станало административен центар на поголем регион на царството Исува. Градот бил заштитен, веројатно поради опасноста од Хетитите од запад. Тие го освоиле градот. Во текот на овој период, градот бил споменат со повеќе имиња: Малидија на хетитски јазик[4] and possibly also Midduwa;[5], Мидува на акадски јазик[6] и Мелитеа на урартски јазик.

По пропаѓањето на царството на Хетитите, градот станал центар на државата Каману. Градот ги продолжил старите традиции на Хетитите. Истражувачите откриле палата во внатрешноста на градските ѕидини со статуи и релјефи кои се примери на уметнички дела од тој период. Жителите ја изградиле палатата која била придружувана од монументални камени и скулптури на лавови и на владетелот.

Асирскиот цар Тиглат-Пилесар I (1115-1077 п.н.е.) го принудил царството да му оддаде почит. Малидија продолжила да се развива во асирско време, до времето на асирскиот цар Саргон II (722-705 п.н.е.) кој го освоил градот во 712 година п.н.е. Во исто време, Кимерејците и Скитите започнале со своите напади на Мала Азија по кое градот бил намален. До освојувањето на градот од Римјаните, тој исто така бил цел на напади на уште неколку царства и племиња.

Археолозите за прв пат започнале со ископувања на местото Арслантепе во 1930 година, додека истражувања имало и во 1961 година.

Римски период[уреди | уреди извор]

Кралство Кападокија, управувано од страна на Ариобарзанската династија (95-36 п.н.е.[7]) станало римско вазалство во 63 година[8]. По припојувањето на кралството од Римското царство во 17 година, населбата била повторно основана како Мелитина во 72 година на друго место, каде се наоѓал Legio XII Fulminata, римска воена база[9]. Оваа база го контролирал пристапот до јужниот дел на Ерменија и горниот дел на реката Тигар. Таа претставувала крајната точка на важниот автопатот кој се протегал од исток од Кесарија. Кампот успеал да го привлече цивилното население и веројатно му бил доделен статус на град од страна на царот Трајан во почетокот на 2 век[9]. Во овој период започнале да се коват царски монети во градот и истото траело до 5 век.

Прокопиј градот го опишал како место со неколку храмови, агори и театри но денеска истите не се откриени. Градот претставувал голем центар во провинцијата Мала Ерменија (ерменски: Փոքր Հայք[10]) која била основана од страна на Диоклецијан по одделувањето на местото од територијата на провинцијата Кападокија. Во 392 година, царот Теодосиј I провионцијата Мала Ерменија ја поделил на нови две провинции: Прва Ерменија, со свој главен град на Себастија (денешен Сивас) и Втора Ерменија, со главен град Мелитина[11].

Среден век[уреди | уреди извор]

За време на владеењето на царот Јустинијан I (527-565) во овој регион биле спроведени административни реформи. Провинцијата Втора Ерменија била преименувана во Трета Ерменија, со истата своја територија и нејзиниот главен град Мелитина[12][13] . Градските ѕидини биле изградени во 6 век од страна на царот Анастасиј и Јустинијан. Денеска ѕидините кои се уште постојат во најголем дел потекнуваат од арапскиот период, можеби од 8 век, иако ѕидините го задржиле својот изглед од претходните градежни фази[14]. Градот бил освоен од страна на Праведниот калифат во 638 годин. Тој потоа станал база за муслиманските напади подлабоко во Византија а истата политика била продолжена и од страна на Абасидите. Во 9 век, во времето на полунезависниот емир Омар ал-Акта, Малатија како град се зголемил до толкав степен што градот станал главен противник на Византија. Овие конфликти траеле до крајотна владеењето на Омер кој бил поразен и убиен во 863 година во битката кај Лалакаон. Византијците извршиле неколку напади но градот и околината конечно паднале воп времето на нападите на Јован Курку во 927-934 година. По зазимањето на градот, муслиманското население било протерано од градот или било принудено да го прифати христијанството. Во градот од тој период започнале да пристигнуваат грчки и ерменски доселеници[15].

Западната сириска епархија Мелитина била основана уште од 6 век и била опкружена со други епархии кои припаѓале на околните градови. Во 10 век царот Никифор II Фока го убедил антиохискиот патријарх да го преместе седиштето на неговата патријаршија во регионот на Мелитина[16]. Градот бил нападнат и уништен од Селџуците во 1058 година[17].

Во периодот што следел, Селџуците се зацврстиле во регионот по битката кај Манцикерт во 1071 година. Кога Селџуците за своја престолнина го избрале градот Конија, Малатија станала дел од нивното царство. Градот бил дел од Мамелучкиот султанат, додека по 1515 година бил освоен од Османлиите.

Денешен период[уреди | уреди извор]

Денешниот град Малатија бил основан во 1838 година, додека стара Митилена денеска е позната како Стара Малатија[18] Во Малатија кон крајот на 19 и почетокот на 20 век се зголемило антиерменското расположение. Во текот на Ерменскиот масакар (1894-1896), 7.500 ерменски цивили биле масакрирани од страна на исламските банди. Ерменските села во руралните реони на Малатија биле целосно уништени[19]. Така, според податоците, 1.500 ерменски куќи биле ограбени додека 375 биле изгорени до темел[20].

Панорама од градот

.

Клима[уреди | уреди извор]

Климатски податоци за Малатија (1960-2012)
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Највисока забележана °C (°F) 14.2
(58)
18.6
(65)
27.2
(81)
33.7
(93)
36.0
(97)
40.0
(104)
42.2
(108)
41.5
(107)
38.8
(102)
33.1
(92)
25.0
(77)
18.
(64)
42.2
(108)
Прос. висока °C (°F) 3.5
(38)
5.6
(42)
11.8
(53)
18.4
(65)
23.9
(75)
29.6
(85)
34.1
(93)
33.7
(93)
29.1
(84)
21.4
(71)
12.4
(54)
5.7
(42)
19.1
(66.3)
Сред. дневна °C (°F) 0.1
(32)
1.5
(35)
6.9
(44)
13.0
(55)
18.1
(65)
23.3
(74)
27.4
(81)
26.9
(80)
22.3
(72)
15.4
(60)
7.7
(46)
2.4
(36)
13.8
(56.7)
Прос. ниска °C (°F) −2.9
(27)
−2.0
(28)
2.4
(36)
7.6
(46)
11.9
(53)
16.3
(61)
20.1
(68)
19.9
(68)
15.6
(60)
10.0
(50)
3.8
(39)
−0.4
(31)
8.5
(47.3)
Најниска забележана °C (°F) −18.3
(−1)
−18.2
(−1)
−13.9
(7)
−6.6
(20)
0.1
(32)
4.9
(41)
10.0
(50)
11.2
(52)
5.7
(42)
−1.2
(30)
−12.0
(10)
−19.0
(−2)
−19
(−2)
Прос. врнежи мм (ин) 41.0
(1.61)
37.3
(1.47)
51.4
(2.02)
57.8
(2.28)
47.2
(1.86)
18.1
(0.71)
2.0
(0.08)
1.6
(0.06)
6.6
(0.26)
37.7
(1.48)
44.5
(1.75)
41.1
(1.62)
386.3
(15.2)
Прос. бр. врнежливи денови 11.1 11.5 11.6 11.8 10.7 5.2 0.9 0.8 2.2 7.1 9.2 11.2 93.3
Сред. бр. сончеви часови месечно 108.5 117.6 176.7 216.0 294.5 348 387.5 365.8 297.0 229.4 156.0 102.3 2.799,3
Извор бр. 1: Devlet Meteoroloji İşleri Genel Müdürlüğü[21]
Извор бр. 2: Hong Kong Observatory[22]

Економија[уреди | уреди извор]

Историски гледано, Малатија била позната по производство на опиум. Британците во 1920 година го опишале опиумот дека има „највисок процент на морфин“[23].

Кујна[уреди | уреди извор]

Ќофтињата имаат посебно место во локалната кујна како и кајсијата, кои се користат во многу јадења и разни десерти. Постојат повеќе од 70 видови на ќофтиња, најчесто направени со пченица и други состојки. Кагит Кебаби е еден од најважните локални специјалитети.

Регионот е најдобро познат по своите овоштарници од кајсија. Околу 50% од производството на свежа кајсија и 95% од сушена кајсија се одгледува во Малатија, како водечки светски производител на кајсија. Самото име на плодот е синоним за градот.

Фестивали[уреди | уреди извор]

Саемот за кајсија свечено се одржува од 1978 година, секоја година во месецот јули. За време на прославите, се организираат спортски активности, концерти и натпревари.

Спорт[уреди | уреди извор]

Официјален тим од Малатија е Малатијаспор чии бои се црвена и жолта. Клубот се натпреварува во Втората лига, додека своите домашни натпревари ги игра на стадионот Малатија Јону во центарот на градот. Друг тим од градот е Малатија Беледиеспор, чии бои се зелена и портокалова. Тие се натпреваруваат во Трета лига.


Образование[уреди | уреди извор]

Универзитетот Инону е еден од најголемите универзитети во источниот дел на Турција. Тој бил основан во 1975 година и има три институции и девет факултети, со повеќе од 2.500 факултети и 20.000 студенти. Неговиот голем кампус се наоѓа во јужниот дел од градот.

Постојат 162 средни училишта, од кој најпознати се Фети Гемухлоглу и приватниот Тургут Озал.

Луѓе[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Површина на областите (со езера) во км²“. База на обласна статистика. Статистички завод на Турција. 2002. http://tuikapp.tuik.gov.tr/Bolgesel/menuAction.do?dil=en. конс. 5 март 2013 г.  (турски)
  2. „Население на покраинските/окружните центри и паланки/села во 2012 г.“. База на податоци за населението по системот ABPRS. Статистички завод на Турција. http://rapor.tuik.gov.tr/reports/rwservlet?adnksdb2&ENVID=adnksdb2Env&report=wa_turkiye_ilce_koy_sehir.RDF&p_il1=44&p_kod=1&p_yil=2012&p_dil=2&desformat=html. конс. 27 февруари 2013 г. 
  3. Μαλάτεια, Τουρκία Weather Forecast from Weather Underground
  4. "Melid." Reallexikon der Assyriologie. Accessed 12 Dec 2010.
  5. KBo V 8 IV 18. Op. cit. Puhvel, Jaan. Trends in Linguistics: Hittite Etymological Dictionary: Vol. 6: Words Beginning with M. Walter de Gruyter, 2004. Accessed 12 Dec 2010.
  6. Hawkins, John D. Corpus of Hieroglyphic Luwian Inscriptions. Vol. 1: Inscriptions of the Iron Age. Walter de Gruyter, 2000.
  7. Encyclopedia Iranica, Retrieved on 04 May 2015.
  8. Ball, Warwick (2011). Rome in the East: The Transformation of an Empire. Routledge. стр. 436. ISBN 978-0415243575. https://books.google.es/books?id=qQKIAgAAQBAJ&pg=PA436#v=onepage&q&f=false. 
  9. 9,0 9,1 T. A. Sinclair, "Eastern Turkey, an Architectural and Archaeological Survey", volume 3, page 3.
  10. Adontz, Nicolas (1970). The Reform of Justinian Armenia. Lisbon: Calouste Gulbenkian Foundation. стр. 311. https://ia600509.us.archive.org/2/items/TheReformOfJustinianInArmenia/adontz_reforms.pdf. 
  11. Robert H. Hewsen Armenia: A Historical Atlas, p74. University of Chicago Press. 2001. ISBN 978-0-226-33228-4.
  12. Robert H. Hewsen Armenia: A Historical Atlas, p86. University of Chicago Press. 2001. ISBN 978-0-226-33228-4.
  13. Adontz, Nicholas (1970). Armenia in the Period of Justinian: The Political Conditions Based on the Naxarar System. Trans. Nina G. Garsoïan. Lisbon: Calouste Gulbenkian Foundation. стр. 134. 
  14. Timothy Mitford, "The Roman Frontier on the Upper Euphrates" p260-261, in "Ancient Anatolia - 50 Years Work by the British Institute of Archaeology at Ankara".
  15. Whittow, Mark (1996). The Making of Byzantium, 600-1025. Berkeley: University of California Press. стр. 317. ISBN 0-520-20497-2. 
  16. Vryonis, Speros (1971). The Decline of Medieval Hellenism in Asia Minor and the Process of Islamization from the Eleventh through the Fifteenth Century. Berkeley: University of California Press. стр. 53. 
  17. Jeffreys, Elizabeth; Haldon, John F.; Cormack, Robin (2008). The Oxford handbook of Byzantine studies. Oxford University Press. стр. 273. ISBN 978-0-19-925246-6. https://books.google.com/books?id=Pnkxofhi4mQC. 
  18. Britannica. 15th Edition (1982), Vol. 7, p. 526
  19. Kevorkian, Raymond (2011). The Armenian Genocide: A Complete history. I.B.Tauris. ISBN 0857730207. https://books.google.com/books?id=mZ33AgAAQBAJ. 
  20. Balakian, Peter (2003). The Burning Tigris: The Armenian Genocide and America's Response. New York: HarperCollins. стр. 86. ISBN 0-06-055870-9. 
  21. İl ve İlçelerimize Ait İstatistiki Veriler- Meteoroloji Genel Müdürlüğü
  22. Climatological Normals of Malatya
  23. Prothero, W.G. (1920). Armenia and Kurdistan. London: H.M. Stationery Office. стр. 62. http://www.wdl.org/en/item/11768/view/1/62/. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]