Прејди на содржината

Властимир

Од Википедија — слободната енциклопедија
Властимир
архонт (ἄρχων)
Кнез на Србија
На престолок. 830 – 850 [b]
ПретходникПросигој
НаследникМутимир
Роден(а)пред 805
Починал(а)ок. 851
ДецаМутимир, Строимир и Гојник
ДинастијаВластимировиќ
ТаткоПросигој

Властимир бил српски кнез кој владеел од 830 до 851 година. Имаме многу малку информации за неговото владеење. Тој бил на чело на Србија за време на растечката експанзија и закана од соседната, која дотогаш била мирна, таканаречената, Прва бугарска империја. Бугарската држава во тој период територијално доста се проширила и тоа во правец кон српското кнежевство. Во тоа време, Бугарите и Византиската империја имале склучено мировен договор. Тоа било период кога византискиот император бил господар со српските земји и тој не бил во можност да им помогне на Србите во евентуалната војна со Пресијан I од Бугарија. Така и се случило, Пресијан на крајот ја нападнал Србија, што резултирало со тригодишна војна, во која бугарската војска била уништена од страна на српската и била истерана од српските територии. Властимир, подоцна се свртел кон запад, проширувајќи ги своите теротории сѐ до внатрешноста на Далмација. Властимир бил и истоимениот основач на династијата Властимировиќ, првата српска династија.

Српското царство и семејната историја

[уреди | уреди извор]

Владеење- Вишеслав, околу 780 година- Радослав, по 800 година

- Просигој, пред 830 година

- Властимир од 830 до 851 година

- Мутимир од 851 до 891 година

- Прибислав од 891 до 892 година

- Петар од 892 до 917 година

- Павле од 917 до 921 година

- Захарија од 921 до 924 година

- Часлав од 933 до 960 година  

Словенските кнежевства околу 814 година н.е.

Принцот (архонт) кој ги водел Србите на Балканот и ја добил заштитата на Ираклиј (610–641), познат по традиција како Непознат архонт, бил предок на Властимир.[1] Србите во тоа време биле организирани во жупи, што претставувале конфедерација на селски заедници (приближно еквивалент на округот).[2] На чело имале локален жупан (магистрат или гувернер).[3] Управителството било наследно, а жупанот се пријавувал кај српскиот кнез, кога нему би му била потребна помош во евентуална војна.[2] Царот Константин VII Порфирогенит (913–959) нагласил дека српскиот престол секогаш го наследува синот, т.е. првородениот син,[1] иако во една ситуација имало триумвират (владеење од страна на тројца владетели) во неговото набројување на монарсите.[1][2] До X век Србите основале неколку кнежевства. Србија (приближно подоцнежната провинција Рашка, вклучувајќи ја и Босна; дел од Загорје - „позадински земји“); била проширена и со следните територии: Паганија, Захумје, Травунија (вклучувајќи ги и Каналистите ) и Дукља (дел од Поморје - „поморски“).[2][4] 

Вишеслав, прадедото на Властимир и прв српски монарх, бил современик на кралот Карло Велики (768–814). Тој ги држел под контрола наследните земји на Неретва, Тара, Пива и Лим.[5][6] Константин VI ги освоил Склавинија (словенство - „словенска област“) на територијата на Македонија. Тоа го сторил во 785 година.[7] Радослав, а подоцна и Просигој, го наследиле Вишеслав и тие владееле за време на бунтот на Људевит Посавски против Франките (819–822). Според Кралските франкиски анали, напишани во 822 година, Људевит од своето седиште во Сисак контролирал голем дел од територијта на Далмација.[8][9]

Подемот на бугарската моќ

[уреди | уреди извор]

 

Бугарската експанзија во 814 година
Bulgarian expansion by 814.

На почетокот на 9 век, Бугарската империја доста се засилила особено на исток. Во 805 година, ханот Крум ги освоил териториите во источна Србија и тоа Браничевци, Тимочани и Ободрити. Ги протерал нивните племенски поглавари и ги заменил со администратори назначени од централната власт.[10] Во 815 година, Бугарите и Византијците потпишале 30-годишен мировен договор.[1] Во 818 година за време на владеењето на Омуртаг (814–831), Браничевци и Тимочани, заедно со другите племиња на границата, се побуниле и се отцепиле од Бугарија поради административната реформа која им одземала голем дел од нивната локална власт.[11] Тимочаните го напуштиле Социетас (здружение, сојуз)[12] на бугарското царство, и се обиделе заедно со Ободритите и Гудушчаните под заштита од светиот римски цар Луј Побожниот (813-840) да издејствуваат територијална самостојност.[12] Тимочаните мигрирале на територијата на Франките, некаде во пределот на Долна Панонија, а последен пат биле споменати во 819 година, кога Људевит ги убедил да му се придружат во борбата против Франките.[12] Дунавските ободрити останале во Банат и им се спротивставувале на Бугарите сѐ до 824 година.[12] Оттогаш за нив повеќе немало никави записи. Ханот испратил пратеници кај Франките и побарал да се одреди точната граница меѓу нив, а преговорите траеле до 826 година.[12] Бугарите на сето ова одговориле со напад врз Словените кои живееле во пределот на рамницата Панонија и ги потчиниле,а потоа испратиле бродови по реката Драва и во 828 година ја опустошиле територијата на Горна Панонија, северно од реката Драва.[12] Имало повеќе борби и во 829 година Бугарите ги освоиле сите територии на поранешните словенски сојузници.[12][13]

Бугарското ханство (подоцна империја) имало општа политика на проширување во која најпрво ќе наметнела плаќање на високи даноци и секако обврска за обезбедување воена помош во форма на сојуз (социетас), притоа оставајќи ја на окупираниот сосед внатрешната самоуправа. Локалните владетели останувале на позиција, при што наметнувале директна и апсолутна власт. На тој начин новата територија била целосно интегрирана во бугарскиот политички и културен систем.[12]

Животот и владеењето

[уреди | уреди извор]

Властимир го наследил својот татко Просигој како архонт на Србија.[1] Според научникот Живковиќ, датумот на стапувањето на Властимир на власт бил околу 830 година.[1] На почетокот ги обединил српските племиња од најблиската околина.[2][14] Србите брзо се консолидирале поради тревога од напредувањето на бугарското ханство кон нивните граници и брзото освојување на соседните Словенски[2][15] територии.[9][15] Направен е обид да ја отсечат Бугарската експанзија на југ (во Македонија).[14] Царот Теофил (829–842) бил признат како номинален суверен (владетел) на Србите.[14][15] Триесетгодишниот мировен договор меѓу Византијците и Бугарите, кој бил потпишан во 815 година, сè уште бил на сила.[1]

Војна со Бугарската империја

[уреди | уреди извор]

 

На императорот Теофил, кој бил господар на Србите, му било забрането да му помага на српскиот кнез Властимир во евентуалната војна со Бугарите бидејќи бил во сила мировниот договор помеѓу Византија и Бугарија. Некои историчари тврдат дека тој имал важен удел во бугарско-српската војна.

Според Константин VII, Србите и Бугарската држава живееле мирно како соседи сѐ до инвазијата во 839 година (во последните години од владеењето на Теофил со Византија).[15] Не е познато што точно ја поттикнало војната,[14] бидејќи Порфирогенит не давал јасен одговор; дали тоа е резултат на српско-бугарските односи, т.е. бугарското освојување на југоисток, или резултат на византиско-бугарското ривалство, во кое Србија била царски сојузник односно во сојуз со Византија.[1] Не било веројатно дека императорот имал удел во сето тоа, бидејќи во тој период војувал на исток со Арабјаните. Имало голема веројатност дека тој ги турнал Србите во акција да ја протераат Бугарија од територијата на западна Македонија. Оваа ситуација била од важност за Византија, но и за Бугарија.[15] Доколку Србите успеале во акцијата, императорот за возврат би им понудил на Србите конечна и целосна независност.[15][16]

Според Порфирогенит, Бугарите сакале да го продолжат освојувањето на словенските земји и да ги принудат Србите на потчинување. Пресијан I (836–852) започнал инвазија врз српската територија во 839 година, што довело до војна која траела три години, во која на крајот победиле Србите. Тешко поразениот Пресијан изгубил голем број од своите луѓе, не остварил никаква територијална придобивка и бил протеран од средновековната српска војска на Властимир.[2][14][16] Србите се стационирале во своите шуми и клисури и знаеле да се борат по ридовите и нерамниот терен.[9][14] По завршувањето на војната и смртта на Теофил во 842 година, Властимир бил ослободен од обврските кон Империјата (немал никакви обврски кон Византија).[17]

Според научникот Живковиќ, кнезот Властимир можеби учествувал во Византиско-Бугарските војни, на страната на Византија што би значело дека Пресијан одговорил со напад врз српските позиции поради директната српска вмешаност и поддршка на непријателските сили.[1]

Поразот на Бугарите, кои биле една од поголемите и посилните војски во IX век, покажало дека Србија била организирана држава, целосно способна да ги брани своите граници и поседувала многу висока воена и административна организација. Не е познато дали Србија во времето на Властимир имала фортификациски систем и развила воени структури во кои жупанот имал јасно дефинирани улоги.[1]

Проширување

[уреди | уреди извор]
Supposed political map of the Western Balkans, 9th century.
Карта од западен Балкан од 9 век

По победата над Бугарите, статусот на Властимир бил издигнат.[9] Тој продолжил да ја проширува својата територија на запад, присоединувајќи ги Босна и Херцеговина (Захумје).[2][17] Властимир ја омажил својата ќерка за Краина Белоевиќ, син на локален жупан од местото Требиње, во 847 или 848 година.[1] Со овој брак, Властимир ја подигнал титулата на зетот Краина на ниво на архонт.[1] Семејството Белоевиќ имало право на владеење на Травунија. Краина имал син со ќерката на Властимир, по име Хвалимир. Тој подоцна станал жупан на територијата на Травунија.[18]

Намерата на Властимир да се поврзе со владејачката династија на Травунија покажала дека неговата репутација меѓу соседните српски архонти и жупани била во пораст, како на политичкото, така и на военото значење.[1] Србија станувала локална воена и политичка сила. Можно е пред владеењето на Властимир, жупанот на Травунија да се обидел да се ослободи од влијанието на Србија. Решението го нашол во политичкиот брак на својата ќерка Краина со синот на жупанот.[1] Подигнувањето на титулата на Краина (што значело практична независност на Травунија) силно сугерирало дека Властимир бил христијански владетел кој многу добро ја разбирал монархистичката идеологија што се развила во раниот среден век.[1] Постои можност бракот да се случил пред конфликтот со Бугарите, што ја потврдува другата теорија: дека Бугарите реагирале на зголемената политичка позиција на Властимир, особено имајќи предвид дека тој имал право да потврдува владетели во соседните српски кнежевства со византиски благослов.[1] Иако назначувањето на титулите на Властимир било само симболично, наместо одраз на административно-политичките односи, тоа навистина покажувало дека тој имал право да постапува така, што несомнено го ставало на чело на сите српски архонти - т.е. водечки владетел меѓу српските кнежевства.[1]

Паганите, познати и како Нарентинци, кои Де Администрандо Империо ги опишува како Срби,[2] (тие биле познати пирати) и убиле повеќе од 100 луѓе од Венеција, луѓе на дуждот Пјетро Традонико.[3]

Набргу по 846 година, со крајот на триесетгодишното примирје (помеѓу Бугарија и Византија) Маламир (или Пресијан) ги нападнал областите на Струма и Нестос, а царицата-регент Теодора (842–855, сопругата на Теофил) одговорила со контра удар во областа на Тракиска Бугарија.[14] Бил склучен краток мир, а потоа Маламир продолжил со нападите кон Македонија.[14][15][16] Бугарите во меѓувреме наметнале власт во областа на реката Морава, пограничниот регион меѓу Србија и Бугарското ханство. Во 844 година, еден анонимен баварски географ ги спомнувал Мерехани како народ што се граничи најдалеку со Франките.[12] Тие живееле во долините на денешниот слив на реката Морава, и сè уште биле неосвоени од Бугарите.[12] Меѓутоа, по 845 година, Бугарите ги додале овие Словени во нивниот сојуз. За последен пат се споменати во 853 година.[12]

Византијците биле активни и во внатрешноста на територијата на Далмација, западно од територијата на Србија. Управителите или <i id="mwAT4">стратегите</i> на градовите во Далмација дошле во судир со франкскиот вазал во тоа време, војводата Трпимир I од Хрватска. Во 846 и 848 година тој ги поразил стратегите на сите побунети градови низ Далмација.[1]

Властимир бил наследен од неговите тројца синови околу 851 година.

Семејство

[уреди | уреди извор]
Печат на кнезот Стројимир од Србија, од крајот на 9 век

Властимир имал три сина и една ќерка:[19]

  • Мутимир, принц, 851–891
  • Стројимир, принц (ковладетел), 851–880-ти
  • Гојник, принц (ковладетел), 851–880-ти
  • Неименувана ќерка, се омажила за Краина Белоевиќ (син на жупанот)

Последици

[уреди | уреди извор]

Тројцата синови на Властимир успешно се спротивставиле на нападот на царот Борис I од Бугарија. Во 853 или 854 година (кратко по смртта на нивниот татко Властимир)[19] тие успеале да заробат 12 големи болјари и самиот нивни командант Владимир, кој бил син на царот Борис. Бугарите се обиделе да се одмаздат за претходниот пораз на Пресијан во 842 година. Двете страни подоцна склучиле мир, а можеби и сојуз.[2] Двајцата помлади браќа Стројимир и Гојник подоцна се побуниле против третиот брат Мутимир од засега непознати причини. Мутимир своите браќа ги испратил како затвореници, и како гаранција за мир со бугарскиот цар Борис I во заточеништво во градот Плиска.[2][19] Мутимир побарал од царот Василиј I (867–886) да ги покрсти неговите српски земји. Од страна на Василиј биле испратени цариградски свештеници и била основана првата српска епископија. Христијанизацијата била очигледна во традицијата и во поставувањето на имињата пронајдени кај следната генерација српски монарси (пр.Петар Гојниковиќ, Павле Брановиќ). Трите ограноци на синовите на Властимир ја продолжиле сукцесивната војна низ децениите кои претстоеле.[2]

Бугарите под раководство на Борис I биле убедени од Моравскиот принц Растислав да го нападнат Лудвиг Германски од Источна Франција. Бугарско-словенскиот поход завршил со катастрофални последици, и подоцна бил потпишан мировен договор и тоа во 855 година. Следната година, византиската војска, предводена од Михаил III и цезарот Бардас, повторно го освоила градот Филипополис (Пловдив), регионот на Загора и пристаништата околу Бургасовиот Залив во Црното Море. Во 863 година, Византијците го нападнале Ханатот на Бугарите уште еднаш, во период на глад и природни катастрофи. Борис I бил принуден да потпише мир и да се преименува во христијанството, а за возврат му била подарена територијата на Загора. Бугарската православна црква била основана околу 870 година во градот Плиска.

На 11 јули 2006 година, златниот печат на владетелот и син на Властимир, Стројимир, датиран од 855-896 година, бил купен од Република Србија на аукција во градот Минхен, Германија, за сума од 20.000 €, надминувајќи ја бугарската понуда од 15.000 €. Продавачот бил непознат Русин. Печатот бил изработен од византиска рачна изработка (од Атина, Солун или Константинопол), тежел 15,64 грама и на него имало патријаршиски крст и грчки натпис на кој пишувало: „Стројимир“ и „Боже, помогни ѝ на Србија“.[20]

Улица во Нови Сад го носи името на Властимир (оригинал: Улица Кнежа Властимира).

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 1,10 1,11 1,12 1,13 1,14 1,15 1,16 1,17 Živković 2006
  2. 2,00 2,01 2,02 2,03 2,04 2,05 2,06 2,07 2,08 2,09 2,10 2,11 Fine 1991
  3. 3,0 3,1 Evans 2007
  4. Forbes 2004
  5. Mijatovic 2007
  6. Cuddon 1986
  7. Carter 1977
  8. Einhard
  9. 9,0 9,1 9,2 9,3 Ćorović 2001
  10. Bulgarian Academy of Sciences 1966
  11. Slijepčević 1958
  12. 12,00 12,01 12,02 12,03 12,04 12,05 12,06 12,07 12,08 12,09 12,10 Komatina 2010
  13. Einhard, year 827
  14. 14,0 14,1 14,2 14,3 14,4 14,5 14,6 14,7 Runciman 1930
  15. 15,0 15,1 15,2 15,3 15,4 15,5 15,6 Bury 1912
  16. 16,0 16,1 16,2 Zlatarski 1918
  17. 17,0 17,1 Houtsma 1993
  18. DAI, p. 161
  19. 19,0 19,1 19,2 DAI, pp. 154—5
  20. Glas Javnosti, 2006/07/27 Архивирано на 19 јануари 2012 г., Archive
Примарни извори
  • Moravcsik, Gyula, уред. (1967) [1949]. Constantine Porphyrogenitus: За управувањето со царството (2 revised. изд.). Washington D.C.: Dumbarton Oaks Center for Byzantine Studies. ISBN 9780884020219.
  • Pertz, Georg Heinrich, уред. (1845). Einhardi Annales. Hanover.
  • Scholz, Bernhard Walter, уред. (1970). Carolingian Chronicles: Royal Frankish Annals and Nithard's Histories. University of Michigan Press. ISBN 0472061860.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]