Тара

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Тара
Тара
Mitrovac na Tari.jpg
Највисока точка
Надм. вис.1544 м
Географија
Местозападна Србија
Матичен венецДинарски Алпи
МСЗП — Категорија II (национален парк)
Planina tara.jpg
Национален парк „Тара“
Површина220 km2 (85 sq mi)
Воспоставен(а)1981

Тара — планина во западна Србија, дел од планинскиот венец Динарски Алпи со надморска височина од 1000 до 1500 метри.[1] Падините на планината се обвиени со густи шуми и бројни ливади, стрмни карпи, и длабоки клисури близу реката Дрина, како и многу варовнички пештери. Планината е популарен туристички центар. Истоимениот национален парк зафаќа поголем дел од планината. Највисокиот планински врв е Збориште, висок 1544 метри надморска височина.

Национален парк[уреди | уреди извор]

Националниот парк „Тара“ бил основан во 1981, и ги опфаќа планините Тара и Ѕвезда, како и реката Дрина. Површината на паркот е 220 квадратни километри, и надморската висина е во интервалот од 250 до 1500 метри надморска височина. Управата на паркот се наоѓа во Баина Башта.[2] Националниот парк се состои од група на планински врвови со длабоки живописни клисури меѓу нив. Највпечатлива од овие клисури е клисурата на Дрина, поради нејзиниот широк поглед кон западна Србија и соседна Босна. Областа се карактеризира со карстни пештери, јами, и извори.

Шумите зафаќаат три четвртини од областа на овој национален парк, а некои од нив се меѓу најдобро зачуваните во Европа. Тара има ретки ендемични терцијарни видови, како омориката, која е заштитена во една мала област на паркот. Поради својата реткост и научно значење, тоа е ставена под национална заштита. На локално ниво, Тара е дом на многу различни видови на диви животни, меѓу кои кафеава мечка, дивокоза, срна, рис, видра, волк и други. Постојат повеќе од 100 видови птици, кои имаат привремено или трајно живеалиште на падините на планината: златен орел, белоглав мршојадец, сив сокол, голем ушест був, мал тетреб, како и многу други.

Туризам[уреди | уреди извор]

Најпосетени туристички места се Калуѓерски Бари на север, близу Баина Башта, и Митровец на југ. Хотелите „Бел Бор“ и „Оморика“, како и некои помали сместувачки места се наоѓаат во Калуѓерски Бари, додека во Митровец има одморалиште за деца. По реката Дрина може да се плови со брод. Месното население рачно изработува дрвени предмети, млечни производи, како и боров мед.[3]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Serbia’s Wild Side – Mount Tara“. Balkan Insight. 2008-10-20. конс. 2013-02-11. 
  2. „Tara“ (српски). Municipality of Bajina Bašta. конс. 2010-08-25. 
  3. „Tara – Elegantna i nepredvidiva“ (српски). Vreme. 2012-08-23. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]