Јанка Каневчева
Јанка Каневчева | ||
![]() | ||
Родена | 11 јуни 1878 Охрид, денес во Република Македонија | |
---|---|---|
Починала | 3 март 1920 Софија, Бугарија | (возр. 41)
Јустиниjана Каневчева Герџикова, попозната како Јанка Каневчева (11 јуни 1878 - 3 март 1920) — македонска револуционерка, учесничка во македонското револуционерно движење и член на Македонската револуционерна организација.[1]
Животопис[уреди | уреди извор]
Родена во Охрид во 1878 година. Каневчева влегува во Организацијата и учествува во револуционерната женска група МРО/ТМОРО на учителката Славка Чакарова-Пушкарова од Струга, заедно со Љуба Ќупева од Велес и Амалија Примџанова, подоцна сопруга на Климент Шапкарев. Го потпомагала дејствувањето на ТМОРО, меѓудругото и со испраќање облека за четите, преписка и други потреби за Организаијата. Била блиска пријателка на Гоце Делчев и негова свршеница, но по неговата смрт се мажи за неговиот верен другар и долгогодишен соборец, Михаил Герџиков.[2]
Наводи[уреди | уреди извор]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Блаже Миневски „За две нешта милеам - татковината и Јанка“
- Виктор Цветаноски „Охриѓанката Јанка големата и единствена љубена на Гоце“
- Блаже Миневски „Ексклузивно писмо на Јустинијана, Јанка Каневчева, тајната вереница на Гоце Делчев“