Иван Белешков

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Иван Бележков)
Прејди на: содржини, барај

Иван Бележков бил македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација.

Биографија[уреди | уреди извор]

Писмо на Лука Поп Теофилов до Иван Бележков

Иван Бележков е роден во 1866 година во Разлошко село Годлево, што тогаш е во Отоманската империја. Син е на книжевникот Михаил Поп Филипов. Во 1887 година завршува во Солунската машка гимназија и една година е учител во своето родно село. Од 1888 до 1890 година учителството во Банско, од 1890 до 1894 година - во Мелник, а од 1894 до 1896 година повторно во Банско.

Во 1895 година Бележков влегува во ВМОРО и станува претседател на основиот на крајот на 1896 година од Гоце Делчев револуционерен комитет во Мехомија, каде е учител во 1896 - 1897 година. Потоа заминува како учител во Неврокоп, каде што останува до 1900 година. Таму станал член на околискиот револуционерен комитет и ја проширува револуционерната мрежа. Бил осомничен од страна на властите е принуден да бега во Бугарија и од 1902 до 1903 година е раководител на револуционерниот граничен премин во Лџене. Сменет е во Лџене од Неделчо Гарванов.

Во 1904 година по општата амнестија Бележков се враќа во Македонија и станува учител во Банско и Мехомија. Во 1911 - 1912 година е директор на непотполна гимназија во Банско. Се занимава со јавна дејност. Умира во своето родно село во 1944 година [1][2].

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Енциклопедия Пирински край, том 1, Благоевград, 1995, стр. 80.
  2. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 18.