Бојан Биолчев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Бојан Биолчев

Бојан Биолчев бил македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење и деец на Македонската револуционерна организација.

Биографија[уреди | уреди извор]

Биолчев е роден во Прилеп, Отоманската империја, денес Република Македонија. Потекнува од големата фамилија Биолчеви. Учи во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“, каде што е школски другар со Гоце Делчев. Се приклучува кон ВМОРО. Се спротиставил на српската пропаганда и отворањето на српското училиште во 1897 година, по што побегнал во Бугарија. Учествува во Аферата Мис Стоун и му доверени 1000 фунти од откупот [1].

При избувнувањето на Првата балканска војна во 1912 година е доброволец во Македонско-одринското ополчение и служи во чета при 6 охридска дружина. Учествува во Првата светска војна. По војната се населува во Софија и се зачленува во Илинденската организација. Умира во сообраќајна несреќа во близина на Пловдив во 1933 година. Бојан Биолчев е дедо на Бојан Биолчев, бугарски филолог и ректор на Софискиот универзитет [2].

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Известия на Института за българска литература. Т. 7, 1958, стр. 366.
  2. Гоце се криел в дома на Биолчеви, вестник „Стандарт“, 14 Септември 2003