Трифун Аџаларски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Трифун Аџаларски
Роден 1882
Миладиновци, Скопско, Македонија
Починал 1973
Кнежа, Бугарија

Трифун Христов познат и како Трифун Аџаларски и Трипун војвода — македонски револуционер, војвода на Македонската револуционерна организација.

Животопис[уреди | уреди извор]

Трифун Христов е роден во скопското село Аџалари, од кое добил својотпрекарот, што тогаш е во рамките на Османлиското Царство. Братучед е на војводата Васил Аџаларски.

Четата на Трифун Аџаларски

Во 1906 година влегува во Македонија како четник при Васил Аџаларски во Скопскиот Регион. Од летото 1907 година е самостоен војвода, повторно во Скопско. Во истата област се враќа и во пролетта 1908 година. По еуфоријата околу Хуриетот и убиството на неговиот братучед од страна на Турците, во 1910 година повторно е војвода во Скопско и Кичевско [1].

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 172.